Да, ние имавме проблем нешто со kindergeld, и му кажале на мм тамо дека украинците имат предност а ние ќе сме почекале.
Ние земавме во октомври. Чекавме 2 месеца. За тоа време не исплатија. Во ноември земавме. Сега чекаме месецов. И ти си со Мк пасош како мене? Да дојдеш кај мене во комшии да се разбереш со доставувачите на пратки. Само ти си лекот.
Јас сум со бг пасош. Чекаме веќе година и повеќе. Милион пати бевме таму и се викат дека за две недели ќе стигнат парите а ги нема сеуште. И му кажале на мм дека украинците имале предност. Така да, незнам шо е работата.
Едни комшии што ни беа во Мк чекаат 6 месеци. Дали дека се со виза, па ги зафркаваат. Како ме изнервира денес комшиката под мене. Пратка да и примам, мало сутра. Толку од мене.
Ние сме за нив исти .Да откако дојдоа овие нови станови им дадоа за џабе, по 1800 евра нето добиваат без гз да мрднат,возат колетини огромни итн.Нешто чув дека за новите украинци што доаѓаат нема да добиваат веќе пари.Исто и дека ја менуваат политиката за азиланти каде секој азилант ќе може да оди на работа замисли до сега не можел.Ама знаете како Де е спора за се.
Иста сум и јас, пред месец и половина ги имам испратено документите и немам никаква повратна информација добиено до сега. Реално само политиката на АФД е спас од деструктивноста на ампелот. Ги сфаќам и Германците, пред нос им ја уништуваат државата. Еден пензионер што 40год. работел и плаќал даноци и придонеси едвај преживува со бедната пензија, а некој што вчера дошол од страна ужива огромни права и цица од социјалниот систем во кој нема ниту цент придонесено. Жално ама тоа е новата реалност на глобалната политика.
Аха, значи вие сте кумови и во црква плативте како само кумови 175. А, која е вкупната сума, нели плаќаат дел и родителите? Едит: Сега сфатив мислам, вие сте родителите.
Ваљда кумот 50 евра и родителите 125, вкупно 175. За овие Украинциве ми е мило што ќе им укинат 'се, не може да бидат на товат на државата и на сите нас што плаќаме и данок и 'се и свашта, а за нив се да е бесплатно и каде и да тропнат секаде се први. Политиката си направи своето, далеку дека сите се тие избегани од војната. Избегаа тие со парите, сиромашните останаа да гинат. Што се они повеќе од нас да нему градот му плаќа и стан и курс и дома да седи пари да зема, мислам малку .
Па според тоа што го гледаме, сиромашен нема пари да купи такви коли и комбиња. Во зграда ни се доселија 4 фамилии, едното девојче секој ден е кај нас, ќерка ми оди кај нив. На школо одат, мајката си се протега дома цел ден, таткото работи. Вчера имаше на фб една од политиката ја гледав, и за киндергелтот дека го земаат и деца кои не живеат во Германија, нити па еден од родителите работи овде, доаѓаат на 6 месеци и се пријавуваат. Голема дупка во законот.
Јас читав во една група на фб дека планираат да им ја укинат помошта на сите Украинци што се овде доколку не прифатат да работат. Имало многу на кои им била понудена работа, ама одбивале. Па не се будали да работат кога има кој да им плаќа се. А ако работат ќе добиваат и Бургергелд, а друго се ќе треба да плаќаат. @mKdevojce јас од летово чекам. Ги пратив сите документи. Ми стигна писмо дека можам да седам до 1ви Септември. Се надевам дека до тогаш ќе земам офентал. @dafe993 за Киндергелд ми побараа и училишна потврда за децата.
Да бараа и кај нас, затоа ми е чудно како земаат.. можда деца од предшколска. Оваа така изјавува, скролајќи низ фб ја најдов...
Не сум сигурна ама мислам дека ако родителот има ЕУ пасош и ако работи овде, децата и да не се овде зимаат киндергелд. Ова не важи за тие со нон ЕУ, всушност и они може да зимаат, ама сумата е околу 5 евра од дете и не се исплати да бркаш документации.
За да земаат децата Киндергелд треба да живеат овде. Јас кај што сум така е. Не е битно дали е родителот со ЕУ пасош или не. Без училишна потврда не даваат пари. Џабе се сите други документи.
Како и да е, претераа. Луѓе не можат да најдат стан под кирија заради нив. Они имаат предност. Ни автобуски карти плаќаат, ни храна за децата во школо, ни прибор купуваат. Една на фб пиша за нив дека се најнеработлив народ.
^ и пред да дојдат украинците тешко се наоѓаше стан, а Меркел кога им ги отвори границите на избеглиците Германија исто како сега минеше, само што Меркел беше, овој за ништо не го бива. Или нека го менуваат, или страшно ќе стане. Меркел колку толку си ја гледаше работата. Неможете само да ги кривите Украинците кога и пред украинците дојдоа избегчиците, и ден денеска доаѓаат + најголеми проблеми они прават.