Ние аплициравме во истава зграда да земеме друг стан, дека на исти газда е.. се ослободуваа станови, но им ги дадоа нив. И јас се надевам скоро ќе ги сменат, се некои луди идеи имаат овие.. Од јануари пак ќе има на некои продукти поскапување и за седење некаде ќе плаќаме 12 проценти повеќе на сумата (кафуле, МЦ, КФЦ, ресторанти...)
Ние сакаме да аплицираме за стан, ама ни рекоа со платата на маж ми нема шанси. Он зема голема плата. Се мислам дали да се обидеме. Гледам дека овошјето и зеленчукот се поскапени.
Како зема голема плата и нема шанси? И маж ми зема надпросечна плата, зошто е тоа проблем? А овошјето и зеленчукот стандард зимно време поскапуваат, можда сега и повеќе се поскапени.
Маж ми прашувал за условите. Кога им одговорил за плата, му рекле Не. Ама јас сум за да пробаме. Ништо не губиме. Една краставица 1.49. Како со злато да е прскана. Гледам дека во некои дуќани уште има попусти. Вчера од Deichmann си купивме чизми. Убави акции имаат овде.
Од јануари 2024 се зголемува CO2 Steuer-от, исто така за 85% се зголемува некоја патарина за камиони. Тоа значи горивото ќе биде над 2евра, а зголемените трошоци за патарини и гориво ќе ги наплат секако преку зголемување на цената на крајните производи. Исто така нема да се продолжи Preis Bremse на цената на струјата, што значи и струјата ќе отиде у п.м... и така..
400 евра месечно струја? Пола плата за кирија, една четвртина за струја, друга четвртина за градинка и толку математика…Како до Украинско државјанство?
Што ти мења украинско државјанство? Како да се научи шпански е прашање, и што да се работи таму? Пази сад https://euenergy.live/
Најдобро решение - Бургергелд. Ем дома си седиш, ем ќе ти ја плаќаат киријата и трошоците и плус по 500еур од член во фамилијата. Arbeiten gehen lohnt sich nicht mehr . Гледам по гастарбајтерските групи по фб некои пишуваат дека за минатата година имале и до 3000 еур. доплата за Nebenkosten. Ние имавме 380 еур. за нецели три месеци во станот, а не се грееме на гас. Што ќе биде за оваа година не сакам ниту да помислам.
Се си мислам дека од некаде ќе пукне балонот..не е возможно вака уште долго да се тера. И дојчовци не се баш среќни со моменталната состојба. А тоа се луѓе што во последните декади не знаат за нема. Живееле удобен и лагоден живот. Ај ние како народ научени сме од шупло во празно. Тажни ми се математиките и мене веќе.
Попладнево бевме да испазариме во Реве краставиците сеуште беа 89 или 99 центи една. Ги менуваат законите. Ќе се чешлаат особено социјалните случаи. Реално многу ги има, а голем дел далеку се од подобни за социјален случај. Кај маж на работа веќе побараа дозвола за престој и пријава на адреса да достави. Тоа не беше случај до сега да бараат, можеби има врска со тоа што и илегалните бизниси и престои ќе се решаваат. Иако тоа тешко целосно да се искорени. Прочитав дека тие што земаат 200.000+ бруто во годината, сега од Март ќе им кратат елтернгелд. А од Март 2025 на сите со над 175к. Исто Законот за азил го стегаат, конечно нема секој да може да дојде од оние што демек бегаат од војни. Бар се надевам последново побрзо ќе оди. За струјата слушам две години плашење за енормни поскапувања, па не го земам тоа здраво за готово. Линеарно е сосем нормално со целата инфлација. Ама за сега е стабилна. Државата нуди финансиска помош на многу различни начини и тоа ќе се растеретува од корисници кои не се подобни, кои се работоспособни и реално воопшто не зависат од таа помош. Ќе го решаваат проблемот системски. Барем така новите измени и предлозите за измени ветуваат. Не може да има бесконечни поскапувања без да се средува причината. Не знам искрено како се Германциве задоволни од Шолц, експертите велат дека многу лошо ја води земјата, а и последниов скандал со огромниот минус во буџетот се чини нема да го остават уште долго. Стан и ние не можеме да најдеме.
Еве последно пред една недела бев. И се гледам пак како був во глава. Абе не знам оти не знаат да изретчат коса. Тоа германките сите се со такви некои слаби и тенки коси. Кај нив може и ќе пројде. А и нерамна е. Исто ко дете од градинка ко сече картон. Треба да ја поправам пак. Научена сум веќе де. Имам и два пара ножици за коса дома, нели у корона сите бевме фризери. Ама оти бе. Еве еднаш да ми се погодеше фризер тука.
Таков меил на dhl им напишав, што нема да им текне оваа благо речено ненормална да ми дојде на адреса. Живеам на приземје и саатот 4 ипол, мир тишина дете спие, јас гледам тв и во еден момент само гледам некој ненормално чука со боксови на прозорецот леле кога и излегов и реков тоа да и прв и последен пат тоа да го направи, за нормални постои звонче, за ненормални институции.
А не секој знае да го користи ѕвончето. И не ѕвонат кај што треба. И очигледно спијат на ѕвончето. Ако пишува Бауер ќе ѕвониш кај нив. Што ме мене замараш. Коса ми се крева кога го слушам ѕвончето. Веќе не им отварам. Нека се снајдат. Вчера отворив врата мислејќи дека е маж ми. Требаше тоа време да си дојде од работа. Се качува типот и ми ја дава пратката на комшиите. Одма му реков не. И он си отиде. Уште се прави будала. А убаво му реков дека не е за мене. Моиве отвараат со клуч, така што господата ќе дремат пред врата. Скоро секојдневно е тоа. Не се трпи веќе.
Битно им е да го остават пакетот. Не е битно на кој начин и кај кого. Досадни се. Овде постои опција да бираш кај да го остават пакетот. Има 3 продавници кај што може да се остави.