Јас си ги исполнувам условите 100% мене ме занима дали самми праќат или јас морам да направам термин..... И како го решивте тоа!? Јас сум мкд а маж е со бг и престој повеќе од 13г тука.
Ја пишав бебе директно германче. Има право да земе и мк државјанство кога сака и до не знам колку беше, 21 година смее да ги има и двете. После ако биде побарано од неа, да одлучи. Не ми изгледаше нормално да малтретирам дете со мк државјанство само и да мора да се влечка и продолжува престои по институции и на секое менување пасош, а секако овде ќе учи и живее. Татковина е државата каде си роден и растен. Не државата од родителите. Мое мислење де. Не ми скокнувајте оти не сум патриот. Она македонски јазик и писмо ќе научи секако. Ама од македонската политика и глупости, нема потреба да трпи последици. Имаш право да ги пишаш со мк државјанство. На пријавувањето во општината има документи ќе си наведеш. Кај нас у болница имаа шалтер и по пораѓај оди таткото и подневува. Требаше копија од пасоши на родителите со ауфентхалт, од нас меѓунаредна венчаница. Не се сеќавам дали нешто друго. Можеш да ги прашаш. Јас звонев тогаш во општината и прашав. Државјанство они по службена должност проверија дали и следува. Ние само наведовме дека сакаме. Дома он лине ја пријавив одма за осигурување под мене. За две недели и стаса и картичка здравствена. Далеку помалку комплицирани ми е се вака. За пасош вадење и беше на лице место со термин. За 10 минути. Иако сега ми рекоа од јануари ли беше ќе има и поинакви детски пасоши. Да е со мк државјанство е сигурно гавол ипол. Како и да е. Секој за себе си одлучува. Пред истекот на картичката добив писмо со термин во ауслендерамт. Стоеше се што треба внатре. Ама после ни побарара и верлауф од ренте од мм дополнително. Им пратив и тоа. Добив неограничен престој после 5. година. Е сега со промена на пасош морам и картичка да менувам, а немам време да отидам.
За вадење документи на дете би направила да биде наједноставно. Ако сме со бугарски пасош би го пишала бугар. Ако сме со македонски пасош ќе треба земеме дозвола за престој. Да вадиме од Македонија пасош и сл. Не ми треба за децата македонско државјанство, овде се родени . Јас сум Македонка они не . И за јазикот и за било што секој си одлучува сам .
Здраво на сите. Ние сме нови во Германија, па би сакала да поставам неколку прашања. Ме интересира за kindergeld и градинка. Пративме барања онлајн, од familienkasse веднаш добивме повратен мејл дека постапката е во процедура и се обработува а од градинка не добивме никаков повратен одговор. Колку време одприлика се чека? И дали важи ова правило за онлајн апликации, се збунив бидејќи некаде прочитав дека не требало онлајн. Можеби е различно за некои области во Де? И уште нешто. Пред 2 недели бев за продолжување на визата ми дадоа писмо за посета на интеграционен курс. Меѓутоа јас со моменталнава ситуација на малиов што не оди во градинка и сопруг кој е од 6 до 6 на работа не можам да одам на курс. Каде треба да се обратам за да го објаснам сево ова? Дали можам да учам онлајн? Имам сертификат за А1. Да напоменам дека сме во BW.
Фала џокерче , да една недела нема да одат и во февруари , ко што и го гледам календаров повеќе дома е одколку на училиште И ние сме Bw и јас пуштив пријава онлине за син ми за во градинка и за една недела добив писмо дека сме на листа на чекање и исто ми имаа пратено документи да потполнам за дали сме вработени и да доставиме потврди , исто дали има алергии , вакцини наведени кои треба да ги има примано и да им ги пратам назад документите во даден рок , доколку не испратам не бришат од листа. Доколку го примаат син ми да почне во градинка официјално писмо ќе добиеме 3-6 месеци однапред , со тоа што јас поднесов кога тој имаше 2ипол години / септември некаде , за од март да почне ( февруари полне 3год ). пред 3год не примаат освен во приватна градинка. Јануари ако не добијам писмо ќе пуштам пак пријава , и ќе ги посетам во градинка Имам пр кај блиски што добија писмо за да одат на средба дека е примано тек пред третиот роденден , други па не добиле никакво писмо ко моево и поднеле пак онлине пријава и на втор пат добиле одговор за дали ќе е на листа/приман или слично . почекај оваа недела ако не добиеш писмо , прати повторно барање .
Треба да ти стигне по пошта. Јас добив писмо со Antrag и листа со документи кои првично треба да се испратат.
Ние добивме решение за Киндергелд после 2 месеца. Баш тој месец ни ги пуштија и парите. Оттогаш добиваме пари секој месец. Кај секого е различно. Едни пријатели 6 месеци уште чекаат. Е сега.... Маж ми е со ЕУ пасош. А пријателиве се со виза. Може и тоа да има врска. Децава одат на училиште. Ги запишавме без проблем. За курс не би знаела да ти одговорам. Јас немав потреба да одам. Пријателкава има А1 ниво. За продолжување на визата не и побараа да оди на курс затоа што се вработи.
Ние сме исто како вас ЕУ со нон еу. Сами праќаат отприлика шест недели пред истекот. Неограничен добив без да исполнувам било какви услови. За детето кажавме мк државјанство за да биде исто како првото, немаше никаков проблем. Мене ми беше децата да се исти и во случај на војна или нешто неочекувано да не треба едното Мк другото Бг да се враќа. Ама најмногу за исто државјанство да имаат децата, да не ги двојам. Инаку и ние многууу долго чекавме за киндергелд ама наша грешка беше. Цело време ни фалеше некаков си печат, додека откривме кој печат поминаа пет месеци.
Здраво за лет со Wizzair и бебе од 2 месеца како е процедурата за •резервирање карти -седиште за менр и бебево •количка- кај се пријавува кога и до каде со неа •храна (аптамил НЕ цица)- колку ,,прашок,, смеам да земам, колку мл.вода (топла и ладна) • козметика -памперс ,влажни марами, крем за растриено •патен лист •Друго? Ваше искуство ?
Кога ќе заглавам ќе те барам на фб да се одглавам . Секако јас ќе се јавам малку порано дали може да ми дадат термин јер синко одмор има баш тогаш јули август и планиравме доле да одиме ... се ми се собра на куп само живи и здрави да сме .
Имате ли некоја препорака за лек за кандида овде. Да не е Канестен само, не помага тоа кај мене. Знам во Мкд имаше некоја таблета заборавив како се викаше. Дали има тука нешто слично? Земав антибиотици и последните три дена не земав пробиотик и си направив белја..
@SummerGirl @Shekjer благодарам за одговорите . По искуства кај мене таблети помагаат. Сите некако Канестенот го форсираат а кај мене тоа никогаш не помогнало. Кремата помага одредено време ама за системски да се реши само таблета му е мајката.
Габичната инфекција е многу досадна. На маж ми често му се појавува. Оваа крема ја најдовме овде и му помогна. Веќе 4 месеци нема проблем. Ама не значи дека пак нема да се појави. Во аптека ми ја препорачаа. Таа марка е ок. Така ми рекоа.
Мајката му е само обновување на флората, за да се избори органозмот. Ама имаш реално еден куп опции омниботик флора плус е пробиотик за пиење, супер е. симбиоваг (не лактат, другитe) исто пробиотик спреј октанисепт за ваг.употреба и после нив пробиотик чепчиња, тие погоре, или флуомцин и после нив пробиотик чепчиња, тие погоре, или vagi hex и после нив пробиотик чепчиња, тие погоре. Овие три не се клотримазол по состав.
Бебето е во ваши раце и не плаќа ништо.За количката ќе ти кажат кога ќе се чекираш , ама може до влез на авионот каде ја оставаш па они ја ставаат во авион. За бебето колку не знам ,мислам колку сакаш смееш вода и прашок.Инаку нас кога големата беше 9 месеци ни ги зедоа кашита па што знам каде ги носеа да проверат дали се каши чекавме може 10 мин.Пелени и влажни не е проблем.Нас минатиот пат кога малата беше со пелени не ни ја прегледаа ташната само рекоа ова за бебето ли е да и толку.Само не ти треба повеќе од 4-5пелени плус влажни едно паковање секако е лет од 2ч.Бабето може и да си спие цел пат особено ако е ноќен летот. Ти мами се породи?Живо и здраво бебето .
А лактат не би помогнал? Додека пиев антибиотик баш таков пробиотик земав освен последните денови и ме снајде. А и искрено не знаев дека и отпосле да се пие пробиотик би помогнало. Пред повеќе години ми беше вака, сеуште живеев во Македонија, пробував свашта и накрај матичната ми препиша една таблета одма помина. Е овде не ги знам убаво лековите. За дете веќе се знам, аптека имам дома ама како за мене слабо. Леле кога сум веќе кај дете, кажете како поминувате со грипов. 7 ден температура има. По втор пат го носев на лекар и само ми сменија сируп ( monapax така нешто) капки за нос и ибупрофен. Нема што друго да се прави. Ама се измачи детево. Додека од шлајм се исчисти па уште од температурава да се откачиме.
Ќе помогне и лактат. Они се и покисели и прават средината да не е погодна за размножување габи. Ама може да почне да те пече после два три дена, па ќе треба да правиш пауза. Само Symbiovag се лактобацили и се чуваат во фрижидер. Се за обнова на флората и е погодно баш за и после третман со антибиотици и после кој и да е од овие шо ги спомнав. Нистатин веројатно била таблетата.. не знам дали тука можеш без рецепт да ја земеш. Реално земи октанисепт, прв ден само сабајле и вечер се прска. После по еднаш на ден. Пишува во упатството. Ако не помине за некој ден, или не ти одговара, можеш за било која рана/гребаница на кожа да прскаш. Ќе си го искористиш. Јас без него не сум. Папоче на малата чистев, за гребнатини, за афти, абе за се'. И вагихекс се доста ефективни. Не знам дали ги има пак во продажба. Ги немаше едно време и они мора во фрижидер. За деца души, нема што. На сите страни сите се болни. Евентуално уште инхалации да вклучиш. Ама што против температура. Некако цела недела. Некои домашни сокови и ова со кромидов. @gjoker4e како беше кромидот?