Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Honey Eyes

    Honey Eyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Во прво имаат само по четири часа дневно, од кои секој ден по час или два оди со неколку други деца од други одделенија. Таму учат јазик преку игри.

    Ви благодарам на сите, ме утешивте малку. И јас мислам дека е добро што ќе останува во OGS, а најважно е што и тој сака.

    @Annajk и моето беше 6 години кога дојдовме и почна право во прво одделение од август. Знаеше само да брои до 10 на германски.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.630
    Допаѓања:
    38.138
    Пол:
    Женски
    Ќе оди во градинка. А за јазикот... Ќе научи во градинка. На пријатели девојчето оди во градинка и добро напредува. Почна да кажува зборчиња. Моиве одат во школо. Појма немаа од германски. Па еве ги почнаа да зборуваат. Тешко е на почетокот.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.155
    Допаѓања:
    188.931
    Види...ја не знам на кого е моево, ама премиер може да биде:D. Или водител на вести. Абе цел ден уста не затвора, таа колку што не затвора, јас толку уста не отворам. Само на работа отворам уста, шо се вика -зборам за пари. :rofl:
    Овде не зборам- тивко си типкам:angel:.
    Сдк какво ќе ти се падне дете, такво ќе биде, не можеш многу да смениш. Мислам, можеш да го воспитуваш на некои вредности, да му обезбедиш хармонично семејство, ама дали ќе биде социјално или не, не можеш да влијаеш баш. Чудни створења се децата:smirk:.
     
    На Mari*, Ava.84, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    969
    Кај нас беа и двете страни кога се роди нели внука да ја видат и толку , пред да наполни една год си бевме во МК кај никој не одеше , па нормално кога нема доверба не ги познава. Јас бев таа што не сакаше помош , всушност не сакам ни сега да ми седат повеќе од 10 дена, но дојди на посета. Но никој да не покаже интерес , да не праша како си . Само суфлираат од страна де за јадење де за спиење , де за бањање на малата . Уште неможат да се помират дека не ја бањав секој ден. И сум многу против тоа баби да ги чуваат децата , но како што кажа ти треба да знаат дека постои баба. Јас незнам сите свекрви ли се исти, секој се жали од нив .
     
    На Mari*, Ava.84, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    8.921
    Пол:
    Женски
    Исто. Башка на моите им е единствена внука. Они сакаат да ја гледаат, ама да не мора да дојдат. Е па извинете, ама па некако немам желба секое мое слободно време да го трошам по патишта и да се нервирам од глупости во мк.
    Кај мене е оти ја бањам во коритце и ја легнувам во вода. Абе оти дете ужива така, сега за ваш ќеф, да ја полевам со канче од горе. Утре и под туш со мене ќе ја земам, сигурно ќе шизнат кога ќе дознаат :rofl:.
    И дете само во мене гледало. Па во кој, кога не познава никој друг. Мислам логика. Еве сега оти вие сте баби, абе ќе трча по вас. Ахам. Особено преку видеокол ќе ве научи, а ја не се ни јавувам секој ден. Нормално да стасам се сама, нема време за телефони. Жал ми е.
    А нив да ги слушаш, абе ко ќе почнат како они тоа се сами правеле. Па и ручеци, па и куќа, па на поле. Абе и по цела ноќ сме плачеле плус. Мислам мора да се роботи они. Друго објаснување нема. Ко ќе размислам сега вака потрезвено, поарно и да си седат дома, оти којзнае колку ќе ме нервираат.
    Најмногу помош реално треба првите месец-два. После е полесно.
    Месец ипол по пораѓај беа свекрви на недела дена тука. Уствари пет дена. Налутенк и навредени беа оти не ги викнавме одма да се тука. Нели бебе да пречекаат. Оти они родители на таткото се :D. Ама снаава ербап, никој не ферма (lalala).
    Ја не се жалам од свекрви, го оставам маж да си ги оправа. Не сум ни нешто блиска со нив, оти на различни ставови сме. И така функционираме.
    Еднаш во неделата ќе пратам слики. Се појавувам на камера на празници и родендени. Доста е.
    Како да кажам, порано кога бев поблиска и пофина, се имаше нешто да им/ми пречи. Вака вин-вин. Е сега може ним не им се свиѓа, ама мое ментално здравје мене побитно ми е.
     
    На Mari*, Ava.84, joana18 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    969
    Па нели знаеш во мк адет е свекрва да земе дете од болница и плус таа да купи Outfit од болница до дома :D .
    Инаку и јас веќе не звонам секој ден на мајка ми, на свекрва па ич. Не праќам слики само за празници , род … маж ми може цел ден да збори со мајка му. Да исто и јас порано бев блиска , фина , некогаш знаев и проблемите да и ги кажам , но веќе не. Се случи нешто , ситуацијата се уште не е разјаснета кој што и зошто направил така , но таа е навредена и сега сме на дистанца. И подобро е вака . Кога е дома маж ми звони и ја гледа внуката . Ги почитувам но ништо повеќе од тоа.
     
    На Miss666 и TutiFuti им се допаѓа ова.
  7. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Имате ли проблем со доставата на Кауфланд?
    Порачен кревет во октомври, закасни со доставата, ни дадоа нова дата на достава, од новата дата на доставата каснат 10 дена. Се јавив кажаа ама незнаме зошто, на автопатот е пратката, може за наредната недела или уште понаредната.

    Каде можам да се жалам во која институција?
    Ќе им пишам меил дека до петок им давам рок, пратката да е на моја адреса, не ги мо жа м, 2 недели скоро сум растурена дома.
     
  8. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Дали можам да се пријавам во џоб центар како невработена? Месец ипол сме тука.
     
  9. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.877
    Допаѓања:
    34.259
    Пол:
    Женски
    да но нема да зимаш пари ништо туку ќе се водиш како активен барач за работа.
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Не ми е за парите, за интеграционен курс ми е, да видам дали има можност дали можат да ми завршат работа да не платам.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    8.921
    Пол:
    Женски
    Има. Пријави се во агенцијата за вработување, направи си термин за советување. Со св и со план што сакаш за иднина. Ако имаш идеа што сакаш да работиш, а потребно ти е дообука, ја плаќаат и неа. Можеш и на лице место да им отидеш, на шалтер да прашаш. Зависи нели како си со обврски.
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Немам обврски моментално, само големата носење и земање од школо.Малиот не е почнат во градинка,и не знам и јас самата како ќе посетувам курс
    Јазикот ми е малце проблем, не ги разбирам сè.
     
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    8.921
    Пол:
    Женски
    Можеш на англиски ако знаеш. Повеќето знаат. Башка нив и работа им е со луѓе да се оправаат. Нит си прва нит последна што не знае јазик. Затоа и ќе одиш.
    Нека не ти биде тоа пречка.
    Интеграцион курс мислам нема он лине. Ама имаше други. Споми дека имаш деца, дали има други опции да ти понудат.
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Знам англиски, немам користено долго време ама верувам дека ќе се снајдам. Фала ти многу:l:
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    8.921
    Пол:
    Женски
    Пушти си нетфликс, два три филма, две три серии во подзадина, се ќе ти се врати. Сите сме го минале тој пат, за година две ќе збориш три јазика истовремено и нема да ти е проблем :D.
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    5.934
    Здраво

    треба да вадиме патен лист. Бебево ќе е 3 месеца тогаш. Пишав емаил нема одговор.

    Маж ми е сп Бг Пас. јас со Мк
    Дали од мм треба копија од мк пас или само мојот да го приложам, и извод мој и дека сме регистрирани в Мк. ?

    Ме мачи прашањево со тоа Дали мм Бг треба да приложи Мк пас (да не напраиме збрка)
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.630
    Допаѓања:
    38.138
    Пол:
    Женски
    Треба пасоши и од двајцата. И копија од извод од венчани. Нека го даде маж ти Мк пасошот. Пријателка моја така направи за девојчето.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    5.934
    значи мк пас од 2цата ,изводи д земиме пд 3цата, доказ дека сме во брак
    слика од детето и пари :)
    а формулар и др. раб?
    Можеш да прашаш? Фалааа
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.630
    Допаѓања:
    38.138
    Пол:
    Женски
    Знам дека формулар имаат потпишано. Не знам вие во кој дел сте. Термин она најде по телефон.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.877
    Допаѓања:
    34.259
    Пол:
    Женски
    Нема да ти го платат 100% курсот моја роднина беше пријавена и не и го платија плаќање она па кога заврши Б2 све од прва кога положи тогаш и б
    Вратиа 50% од платеното.
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.