Има различни модули и различни курсеви. Секој е посебена приказна. Ништо не ја чини да отиде и да се информира од прва рака. Еве ако ти кажам дека беа спремни да ми покријат курс кој чини 1000 евра и добив уствари потврда дека можам да го посетувам курсот на нивни трошок. Штета само што немаше доволно пријавени, па не се одржа. Станува збор за ц2. Имам дефицитарна професија и се ок да помогнат, за да работам на струка тука. Едноставно им треба таков кадар. Исто и цела нострификација со преводи ми ја покрија. И сега, по кое искуство да се води некој кој не ни пробал? Па и 50% да се. Не се малку пари. Оти да мораш се од џеб да даваш, ако си решен и сакаш да учиш?
Зависи, многу фактори влијаат за интеграциониот курс. Ја сега кога поднесов за да ми одобрат да посетувам курс, имаше да штиклираш колку се примањата и деца дали имаме. Имаше и други нешта кои што беа наведени како олеснителна околност за ослободување од плаќање, и доколку едно од нив имаш, праќаш за да ти одобрат ослободување. Кај мене не дојде задолжително писмо, дека маж ми е со ЕУ пасош, ама си се пријавив сакам да го научим јазикот. Инаку откако ќе положиш 50% ги враќаат. Така барем кај мене пишуваше.
незнам дали знаеш и за ова доколку земате kinderzuschlag или wohngeld , макар и еден од двата додатоци бесплатен ти е имиграциониот курс. И јас ко јолене би ти рекла разгледај ги сите опции и распрашај се секаде убаво не губиш ништо може ќе излезе некоја добра опција што ќе ти одговара.
i mene b1 mi go platija pola,b2 celosno, c2 odev samo da polagam i ne barav imav nekoj formular za baranje besplatno neznam kako bese da pobaram i ke pisam
Не земаме ни едното ни другото. Мислам имаше онлајн за да се провери за овие работи дали ни следуваат, така? Баш ќе разбарам убаво деновиве. Фала ви многу девојки
Доколку сте со мали примања , па и едниот вработен да е само , гледаат колкави примања вкупно имате , па стан кирија , се тоа колку плаќате за kinderzuschlag ова , и за wohngeld пак слично од ова се гледа примања и трошоци киријата колку ви изнесува , вреди да се проба да си аплицирате мислам може и онлине сами , ама каритас или пак приватно осигурување ако имате они ќе ви помогнат поубаво да не испуштите некој документ оти бараат детално се приложено платни листи , договори , извештаи од банка.. Разгледај и аплицирајте си , ти посакувам позитивен одговор
Точно ништо не ја кошта ако проба ја и кажав како оди 80% до Б2 курсот од Б2 натаму е подруго и на маж му нудеа бесплатен курс од Б2 и дошколување и унапредување на струката прифати. Одеше и сега е едно ниво повисоко на работното место . А сега со украинциве е мн потешко зависи каде и во кој град е .... кајј нас врие и мн се чека за термин за јазик буквално и влакно бараат у јајцето. Туку оние kinderzuschlag i wohngeld нели несмее да се зема доколку си под виза нон еу со еу и обратно ако двајцата се нон еу. Барем имам така наслушнато дека влијаеле после за визата.
Ние сме мк со бг пасош и го зимаме едниот додаток , немаше никакви проблеми. Примања и трошоци се само важни за одобрување.
Јас бев во каритас , жената тврдеше дека тоа не е социјална помош и дека не влијае на продолжување на виза. Но на фб по групите има различни искуства. Колку време чекавте одговор? Јас поднесов за киндерцушлаг се уште нема никаков одговор.
Дали ја доби после 5г визата на неограничена или пакк на 5г? Тоа и мене ми го имаат кажано сега во картас кога бев за да аплицирам за она еднократна помош за мајка и бебе ми понуди самата да аплицира и за овие др две но јас и реков не благодарам дека сум на виза и дека сега во јули 2024 ми истекуваат 5 г и после може да имамм проблем но таа гарантираше дека не е ништо тоа социјала. Но не аплицирав секако останав за она еднократната само и сеуште чекам одговор дали ќе ми одобрат или не.
Со какви документи сте? Обично нон еу и еу или такозвани бугарски добиваат на 5г ос прва ама битна е и фирмата во која работи тој со еу док. И стан колкав има и каква историја има тој ...
Мм е со Бг пасош, работи во една од појаките фирми, сами се си плаќаме, и голем стан, градинка, данок, 1 цент не сме земале од Германија од овие социјална помош, супер сме инволвирани во општеството, Германски возачки овде полагање, полагање на јазик исто, буквално се е океј, и дефинитивно до вработената во институцијата е. Сега ќе видеме на колку ќе ми дадат.
да овоа иде ко бонус додатен и сите што му одобруваат зимаат различна сума од 40-520€ , зависи колку одлучиле од финанса дека се потребни и на секои 6месеци ги обновуваш документите и праќаш наново , за да видат дали има промена у случај да се зголемиле примањата , и ако пр сме почнале да зимаме повеќе плата и сметаат дека се доволни ќе го укинат одма. 6-8 недели се чека ние точно на 6 недели добивме одговор па ни побараа уште еден документ и за 4недели добивме позитивен одговор и дека ќе ни исплатат од старт од кога сме поднеле ( исто ко киндергелд рачунаат од првичната дата на поднесување ) Јас сум моментално невработена со две мали сме , доста скапа кирија имаме , а со на мм плата сме само и затоа ваљда брзо без пр ни одобрија. Осигурувањето ни ги среди документите и нема проблем никаков за визата не ни посочиа дури ни предлагаа и они и др блиски да поднесиме за wohngeld но на лето ќе се селиме од овој стан и не аплицираме за тоа.. Јас сум една год тука досега , а на 5год ми е одобрена .
Не се нормали значи. @Neda997 Јас уште сум на црно . БВ ти е држава бе, не е зафрканција И пак не кажавте која се разбира од тапети и плочки
Јас баш пред некоја ден онлине си направив термин , пробај така кај мене у рок од 5мин ми лапнаа два термини дури решам во колку саат сакам ама полесно е у секој случај вака бар ќе си одбериш ден , време кога ти одговара и одиш директно.
Нема он лине за мојот случај. Им пишав мејл да ми дадат термин, не можело така. И јас не можам без термин
Мене кога требаа да ми ја подолжат прв пат визата одев на курс уште и имав виетнамезин во групата и онака го прашав може ли да не ми ја продолжат, а тој рече само ако си криминалец нема да ти ја продолжат. Велам а тие што што се јоб центар ми вели на сите им ја продолжуваат. Така да не верувам дека нема да ти ја продолжат.Додуше тоа беше време на сирискитр бегалци овие украинците се опасни. Инаку кога чекав еднаш во аусленде бехурде имаше срби што кажуваа колку ли пати само ги вратиле.Немам јас лошо искуство секогаш ми завршувале работа од одма,ама сите документи си ги имам. Кај нас ќерка го доби престојот за помалку од 3 недели толку брзу некое чудо дури се изнервирав дека пак ќе треба слободно да барам. Кај нас аусленде бехурде е 4 огромни згради изгледа затоа и не сме имале проблем.
Дали знаете дали јазик мора да се полага секој дел посебно, или ако сметам дека знам за А2 можам да се пријавам директно за тој и да прескокнам полагање за А1?