Јас директно на б1 отидов, да ти кажам искрено мислам дека полесно ќе поминеш, сменет е и модулот на полагање. Ако сакаш ќе ти пуштам материјал за учење
Можеш. Не се сврзани испитите и никој не ти бара предходна потврда. За кој се осеќаш спремно, за тој пријави се.
Дали одете таму на часови или има опција нешто онлајн за учење? Не сум во Германија ама ми треба јазикот поради често одење таму.
Јас имав онлајн, ама ем скапо колу 250е ми излеваше само за а.1.1, плус учебници, плус само граматика учев и немав ни мотивација за учење ни ништо. Јас гледав клипови многу на ју туб, тик ток имат одлични канали за учење. Незнам дали сум уште положила, не ми е стигнат резултатот, поминаа 4 недели од испитот.
A1 нивото е поделено на а1.1 и а1.2, едниот дел го плаќаш 250е и другиот дел 250е. Околу 2-3 месеци, ма да, многу е лесен и можеш преку примери на ју туб да учеш.
Ти благодарам на одговорот, стварно скапо доага, јас мислев само 250 евра па си викам ајде некако.. ама вака многу доага.
Да да, и мене ми беше многу скапо, на почеток си викав ајде нека е, ама после стварно осетив. И конверзација со германци, јас кога влегов на работа дали 20% разбирав, сега каде каде сум подобра и во говор и слушање.
Денес бев на мини џоб па поминав на старата работа. Не ми беше едноставно. Некои луѓе дома би си ги зела. Ама @Ava.84 рече колегите се пролазни, семејството е засекогаш, па си велам џокерче скоро 30 имаш излези од филмот еднаш засекогаш. Работам фолцајт и мини џоб и мислам односно сигурна сум многу дека е. За почеток 30 саати и мини џоб па после може и да дадам отказ на мини џобот ама ич не ми се дава. Ќе видиме времето ќе покаже. Јас директно на Б2 отидов ама наскоро ќе почнам од А1 за да имам поголема самодоверба. Вака цело време се чувствувам дека пропуштам нешто. Ништо не кажав ама колку да ме има.
Џокерче како бе фолцајт и миноџоб со две мали деца, јас на 50% сум и таман ми е. ( не го кажувам ова лошо јас не би можела да постигнам еве со едно дете). Можам малце повеќе ама ми беше тешко со саати да се прилагодам. Дури имавме два дена кога имавме многу обврски додатни јас шулунг некој детето на претшколска па термин во школо све ни беше испреплетено и мм зема слободни денови за да се организираме. И наредни две години не планирам повеќе да работам понатака ќе видам во зависност како ќе биде со детето т.е. Како ќе му оди во школо ако е добар и не му треба многу посветување може да е во хорт повеќе и јас фолцајт. Туку прашање сме збореле знам ама еве пак што да спремам за вајнакстфест во градинка да е фингерфуд да е типично за земјата од каде доаѓаме? Се мислев кифлички со сиренце да направам ама некоја мрза ми е. Би направила проја( ма поима немам за каде е типична ама лесно и брзо е) ама незнам деца колку ќе јадат. Дајте предлози
Купуваш багет, мачкаш ајвар и наросуваш сиренце и ај со здравје Пројата може не е наша, ама качамакот е. И двете се жолти, па вајда ќе пројде и тоа. Или свиткај некоја баничка со готови кори и исечи на ситно. Будалче шо се замарш, тоа ти е колку ред да пројде, шо и да им дадеш они секако нема којзнае колку да јадат. А не и дека знаат кое најтипично за нас е. Шо им сервираш, тоа ќе си мислат дека е наше .
Кажи а ..таман сите дома си одат со црвени бркови и носиња. Па и некоја дамка врз некое блузиче и ракавите шо не се пере, како поздрав и долго сеќавање за родителите .
@Chantal јас направив мекици за во школо, требаше исто традицонално јадење да носат. Имам рецепт зачувано тука од форумот, и секогаш ми успеваат. Ги правев мали и сите ги изеле, многу им се допаднале.
Дали сестра ми со германски пасош има право да ги повлече родителите? мајка ми е негувателка, татко ми шофер ( бус камион..) Татко ми има тон дијагнози и им рекле дека може да ги повлече горе. Дали навистина и под какви услови?
Да може, нека отвори на Landesamt на страницата да ги чита законите, има закон и за родители со среќа
Мајки што давате како пробиотик овде и понекогаш кога имаат стомачна болка. Слично како кај нас дијастоп,линекс јуниор итн