Ова е добро за средување на столицата и подобрување на работата на цревата. Јас за двајцата го користам. Околу 5 евра е.
Денеска ќерка ми ми вика била клајне литл шметерлинг. Има подобар изговор од мене, а јас се нервирам што Р ја изговарам многу тврдо. Па и Г ја потенцирам. Кога ги слушам германциве колку меко р користат некогаш дури и тешко ми е да го приметам во збор, а ја ко намерно да го нагласувам звучам и многу се нервирам. Два јазика учам во исто време, не сакам грчки да заборавам а и таму е тврдо Р и може затоа и ми е проблем со германскиов. Колку време ви требаше да ја извежбате р?
И моите се. Ама ова не менува вкус воопшто и затоа ми го прифатија. И во вода и во леден чај им имам дадено и сама имам пробано, не се осеќа.
За децава е нормално да изговараат со меко р . За нас е потешко . 14 години овде живеам и мислам дека до крај ќе биде да зборам со акцент колку и да се трудам . Тоа е . Пред некој ден зборев на телефон со еден логопед. И ме прашува на колку јазици збориме дома . Значи одма ме позна И плус ми вика дали збори на мајчиниот јазик нешто . Викам мајчин јазик му е германски , ми вика не не , не се разбираме и пак повторува дали збори на мајчин јазик . Викам ако мислите на македонски, тогаш не . Македонски децава разбираат ама зборат со акцент со мал речник.
Нешто со колешка германка си зборевме и и кажувам големата не може нашето р да го каже и во мк и се смееа.Проба жената 44 годишна да го каже нашето не можеше.Тешко се учи јазик без акцент.Јас додуша и не се трудам.Секако по име и презиме ќе знаат дека не сум германка.Важно е да ме разберат.Порано кога ќе презборев правеа фаца дека со сите сетила ме слушаат и пробуваат да ме разберат.Таква фаца одамна не сум видела и со тоа сум сигурна дека подобро зборам. Многу учам од колегите и дефинитивно е многу битно што повеќе колеги да имате за да учите различни изговори. Најтешко ми е шефот да го разберам како ушите да ми се затворат и ништо не разбирам.А не е лош човекот(ама изгледа имам некоја фобија добиено од мк шефови штом некој страв имам).Шефицата збори многу јасно и гласно и не ми се случува да не ја разберам.Таа дури ќе дојде и ќе каже Ава дојче шпрахе швере шпрахе и ќе каже нашто интересно за да ме подучи што како вокаат или некое двојно значење. Некогаш подобро и од германците разбирам пошто тие не сакаат да разберат .
Нас првиот роденден со другарчиња ни беше 4ти. Ги викнав децата една мајка одма ме праша дали може да дојде зошто детето нема да седи само и и кажав дека може. Дента уште едно девојче кога виде дека има мајка друга рече дека сака да остане мајка и и влезе мајката кратко па си замина. Воглавно сами викнав па сами прашуваат ако некое дете не би седело само. За р-то не се ни трудам важно ми е да ме разберат. Јас сум се уште во фазата кога се трудат да ме разберат, ама се разбираме секако работата ми вклучува доста комуникација сум немала проблем да ме разберат иако мене некогаш ми е навистина тешко да ги разберам некој дијалекти.
Девојки, тие што имате веќе своја куќа/стан од каде имате земено кујни и да сте задоволни? И во однос на марка на апарати за домаќинство!?
Уште немаме наше, ама си се филмам и јас. Во станот во кој живеам, газдарица си го средува за неа, еден ден да живее тука. Кујната гледам xxxl lutz и е. Кога ја прашав оти од таму, ми рече дека убав однос со купувачи имале, ама ја чекале ептен долго. Шо знам, ок е ама не е уаау, тоа може и до вкус да е. Ја не би зела толку релефен материјал и светкави рачки за мене, аман не се дочистува. Квалитет да кажам, ок е. Машина за садови и фрижидер сименс, фрижидерот го откупивме ние, супер е. Машината е исто ок. Рерна бош, одлична е. Ја искрено за мое би зела и со опција за само чистење. Да поскапи се, ама па не стругаш и раат си бар колку толку. Бош е и плотната и машина за алишта. Од плотната не сум задоволна, се гребе повеќе отколку поефтини марки, пералната е ок. Нормално ако си во можност земи си miele, секако нема да зрешиш.
НЕ ПОРАЧУВАЈТЕ ОД КАУФЛАНД НИКАКО!!! Купен кревет во октомври со дата до 4.12 за испорака од 4.12 натаму само ни викаат нареден петок за испорака. Прееска мм не ми даде да им се јавам лично ама како дрвен адвокат бев од страна, па им напишав огромен меил пак по 10220 пат, утре ако не ми е доставен креветот, прво и основно на финанзам ќе ги пријавам и во сите други институции, плус парите да ми легнат на сметка! И ги прашав 2 прашања: дали е реално тоа што се дешава, и зошто ме лажат цело време. Не значи ако сме странци, да си играт мајтап со нас. Не ме интересира каков проблем имаат, лиферунгот сигурно не им е и да не лажат зошто знам како функционира тоа, мм тоа го работеше. И не ме интересира овој пат ни ама, ни извини!!!! Стигна ли невремето кај вас?
Уште не е стигнато, ама се спрема. Темни облаци, дува, врне, ладно е. Смрзнав кога бев во школо по детево. Денес купив бањарки за мене и маж ми. Конечно да најдам 100% памучни, а евтини. Ги купив од Алди. Во другите продавници и на интернет се скапи. Од 30 евра па нагоре.
Кај мене 3 дена нема престанато да врне. Најави за ветер има, ама па овде многу дува и онака… И јас имам топ искуство со xxxl Lutz. Нарачав од таму плакарче. Иако го донесоа оштетено на повеќе места многу коректно постапија. Имено, дечките што дојдоа да го монтираат се погодија наши деца, мекедонска фирма. Ми објаснија дека додека деловите стасаат до нив, поминуваат 3-4 различни истовари и утовари и се дешава да се оштетат. И тие преку фирмата и јас пративме меил со објаснување и слики. Штетата беше генерално внатрешна, некои гребаници на внатрешниот дел од плакарот. Без никаков проблем од xxxl Lutz ми понудија да го вратам, или да ми дадат одреден износ на бонус. Искрено не ми се поминуваше пак низ истото, да чекам со недели прво да го одмонтираат, враќаат, па да ми носат нов, па го прифатив бонусот. Цела година подоцна го немав искористено оти не ми требаше ништо поголемо, а бонусот беше третина од износот на плакарот. После цела година решив да го искористам и си изнарачував работи за дома, како деко, вазнички, длабок сет за салата, кујнски потребштини, герландер… Нарачката ми стаса без еден стаклен сад за маршмалоус кој сеуште ми е омилено нешто. Мислев дека нема да ми го пратат, ама го пратиле ден подоцна и со двете пратки добив купони со голем попуст при следна нарачка. Уште ги немам искористено, чекам прав момент. Ама да, имаат топ однос и дефинитивно ако опремувам мој стан би ги фаворизирала. Фрижидерот си го зедовме нашиот од Грција. Шпоретот ми е горење и има топ опции и фурната пече одлично, ама дојдовме баш пред нова година имаше попусти и се беше разземено требаше да чекаме со месеци за тие што ми беа прв избор. Единствено што не ми се допаѓа што е малку помал од класичен ама утнавме со димензиите. Машина за перење koenic, претивка е и пере одлично. Не ми текнува сушарата што марка беше во подрум ми стојат, исто сум задоволна.
Мојата е од претходникот на хххл лутц, како и да се викаше. Мејд ин Џермани, пред да пукне короната, ако нешто значи. Квалитетот е супер, еве као 4та година ја имаме. Ја чекавме месец и пол, мање више, ама толку би чекале било каде.