Точно, месец до два минимум се чека. И оваа што ја користиме, ко ќе ми текне дека два пати имавме со цревото од машината поплави, и се беше со вода, па и ние нон стоп ја користиме, и е постојано со вода, бриши миј, супер е до сега. Стварно од нигде се нема одлепено или поддуено. Еве проверив Celina e серијата, ако на некој нешто му помага што се однесува до материјалот.
Женски сте порачувале ли од Лидл филџани, чинии и сл? Мене така желба ме фати да си купам сервис за кафе и си бендисав еден од Галерија. Ама некако пари не ми се даваат, та нели ќе се селам И сега си викам за да ми пројде мерак да си купам еден од лидл, па и да ми се скрши у преселба, да не ми е жал.
А да прашам јас, дали имате видено некаде да се продава само капаци од тенџериња? Ми се скрши капакот од омиленото тенџере.
Ete i za daski me potseti, Sabajle bevme na brzinski do tk maxx, ama slabo neshto imashe. Vajda se iskupeno predpraznicite.
Морам да прашам овде. Вие што немате никого во Германија, како наоѓате стан под кирија? Не знам како да почнам да барам. Пошо немам кој да ми каже нешто. Барем некоја страна за понуди или нешто да прашам мејлови? Пошо не знам дали работодавецот би средил тоа, па затоа сакам да се информирам лично предвреме.
Станови барање и од овде тешко, а тек од мк. Побарувачката огромна, понуда средно жалосна и така.. Зависи дали сакаш да седиш сама во стан, со фамилија или вг со некој да делиш. Па и во кој град/село. Па тоа пишење писма на газдите, па додворување треба . Мислам ја стан последно ко барав ко на рандеву се спремав. Па лак на нокти некоја неутрална нијанса, шминка дискретна, коса нафенирана . Нешто во последно слушав и измамници имало..па не се нафаќајте пред да потпишете договор да давате пари. Генерално wg-gesucht.de immobilienscout24.de immowelt.de Или напиши Wohnung mieten и градот кај сакаш и ќе ти излезат сигурно и други страници. Преку агенција не сум барала до сега и не знам како оди, некој друг нека каже како се таксите. Ама у главно две калт кирии ти е капар секако.
Па ја барам мал стан макар од оние студентските по 20квадрати. Битно ми е само да има сопствено вц. Фала за одговорот, ќе прашувам
Маж ми иако има познат овде, станот го најде преку фб. Ова му е втор стан. Во првиот седеше со цимери. Зачлени се во групата на фб Македонци во Германија и пиши таму каде сакаш стан. Ќе ти препорачаат нешто. Така маж ми го најде овој стан. Искрено... Тешко се доаѓа до стан. Пред овој маж ми најде 2 стана, ама уште наредниот ден ги издале. Полесно ќе најдеш стан со скапа кирија. А ако си сама, не ти одговара. Работодавец тешко да ти среди за стан. Кауција унапред се плаќа. Тоа се 3 кирии и плус киријата за тој месец. Овде е така. Ако сакаш да си одиш треба да му најавиш на газдата 3 месеци унапред. Ова е од наше искуство. Добро би било да пишат и другите.
Ауу луѓе, три дена ништо нема да биде отворено, ќе испоцркам а да не купам нешто . Шо ќе правите вие овие денови, ќе одите ли некаде?
Утре сме дома. На вакво време никаде не ми се оди. Во понеделник сме на ручек кај пријатели. Католици се. Во вторник можеби ќе имаме гости. Читав на интернет дека можно е да има невреме. Тука ветрот носи се пред себе.
На тоа како шо чурам денес, уствари у последно време, успеа да ме насмееш со селотејпот. Леле епен почна да ми пречи станот кај шо живееме. Ама немате поима како секој ден се нешто глупост се дешава. Да треба да се поправи, плати и слично. Знам нека се збие на пари, ама ме нервира..крај нема. Не е можно бе на штотуку реновиран стан се нешто дефекти да излаваат. Де црево од машина. Де одвод. Уствари можно е. Мајсторите пари се полнат, а квалитет лудница. Плочка бе плочка у купатило од 2 квадрати, у средина се распука и се одлепи? Како? Значи како? Сабајле нешто парно ми покажуваше грешка. Така и лани еднаш, ама после се оправи. Сега пак. Ама на боцки сум цела. И уште некои други глупостарии се дешават и така веќе не сакам. Еве пролет да дојде и со одам жими се.
Дали ви се случило радијатор да не се загрее? Го исклучив па вториот пат загреа одма како и секогаш. Дали има потреба да го известам газдата за ова? Дали детекторите за чад, детектираат и ако има испуштање на гас?