Otvaranje na boleduvanje na dete od 4 den a ne od prvi ako nekoj ja proucil ova novina da mi ja raskaze kako ja svatil. Kako se pravdaat denovite otsustvo od 1 do 3 den i koj gi plaka tie denovi.
Има ли некој спреј нешто ефикасно за возрасни за суво грло? Пастили имам различни ама не помагаат. И дали има нешто слично на тајлол хот при симптоми за настинка што се зема? И да може да се земе од аптека без рецепт?
Не сум ги пиела ама ми ги имаат препорачано. Спреј за грло имам користено исто како пастилите не ми помогна.
Женски имате ли некаде сретнато карго панталони оваа или посветла боја? Величина 92/98 нешто? Секаде барав или се друга боја, или се од 98/104 па нагоре... Овие на Заландо се распродадени.
Ако некоја имала слична ситуација совет е добредојден бидејќи јас незнам што е најпаметно да направам. Ми треба 4 недели одмор на лето. Во фирмата каде работам макс. е три Недели. Неплатен не даваат. Сеуште не сум пишала. По тоа што имам разговарано со колеги ми велат четвртата недела да се пишам болна. Но јас нема да сум овде,дали постои некој друг начин да можам четвртата недела да останам во Мк.
Имам прашање затие што сте поминале запишување во школо. Кога се купува ранец? Добив совет да почнам да гледам зошто сега се попустите на минатите колекции. Која марка да ја гледам? Колку пари се дава за ранец? Гледав нешто ергобег од 289 спуштен на 206. Другарка ми ми вика 200 е многу дека можам да најдам за 130 квалитетен ранец ( видов дека има ама тематкиката на дизајнот не ни одговара), да чекам и да пратам или да купувам? И кој марки се добри кажете.
Ние ги земавме ранците од Мк. Баш гледав во Волворт. Има евтини ранци. Во Мулер се поскапи. Подобро да земеш сега затоа што имаат распродажба. Ќе начекаш и за пола цена. Јас би дала до кај 100 евра. Повеќе не.
Ги гледав децата, носеа од прво до четврто некои со истите. Во четврто епетен ако сменеа. Така да може и ако инвестираш сега во убав, да си го носи после цело време. Претежно да сите имаа ергономски. Добра марка не знам да ти препорачам..ама ако фатиш попуст не се мисли.
Двете ќерки имаат ергобаг. И за третава ист ќе зедам. Да, тука се носат такви ергономски и е истиот ранец четири години. 200еу за ергобаг е добра цена. И јас баш гледав за малава, тој што си го бендиса се мислам кога да го купам. На идеало следам како паѓа се качува цената.
Се купува кога ќе одберете.Мојата има ергобег го најдов на идило 2 недели пред да почне со школо на попуст.Од 250 на 190 беше.Многу е гломазен и тежок 900гр празен.Инаку се штелува сперњд висината.Најдобро да си пробате кој ќе му одговара. Се носи 4 години иако мислам дека наредниот ќе и го купам догодина и дефинитивно поефтин и полесен. Ништо ергономско не гледам ако детето е искелавено од тежината на ранецот.
Cubo light се најлесни, 780гр мислам. Првачево има таков, кога е стварно многу полн се има пожалено дека тежи, инаку и е ок.
На мојата во петок и ги даваат книгите стварно е тежок и не може да оди како да се бори со змеј.Исто и мене ми е тежок кога ќе и го дигнам,а ме тера да и го носам. Па си се пцувам сама дека јас сум си го одбрала и морам да си го носам.
Туку сега ми текна да прашам како ги переш ранците @danichap .До сега двапати сум го перела на рака оти е розав и се валка.Ама не сум задоволна од резултатот.Сега треба пак да го перам и не знам како.
Големата и е друг материјал ранецот, мака нема. а малово има од новите четвртастите, не знам ни јас како да го перам
Што направи со пратката? И јас се придружувам од незадоволните од Кауфланд. Никогаш повеќе нема да порачам нешто од нив. Од декември ме зафркаваат. Добивме меил дека нарачката е примена. Требаше до 30ти Декември да го добиеме производот. Ни пуштија уште еден меил да почекаме и ќе не известеле кога ќе биде пуштена нарачката. Мајтап си тераат? Не ме интересира дали имаат проблем. Треба рокот да го испочитуваат. Ако не стигне утре, во понеделник ќе си имаат проблем.
Јас од Мулер купив околу 100 евра. Многу деца имаат и од 50 евра лесни ранци. Кај нас ретко кој има од скапите. А не е сиромашно местово. Ќе ви кажам колку години ќе држи ама има и 3 години гаранција. Многу убави ранци имаше во Мулер. Од Воолвортх спомна некој ама не би требало да се квалитетни од таму. Ние купивме ден пред да почне во школо. Најважно беше на изглед да и се свиѓа. Јас го носам до школо и назад. Малава само од двор до школо и од школо до двор. На почетокот рамото ми отпаѓаше и многу ме болеше ама веќе не ме боли може се навикна.
Ние го имаме овој модел лани крајј на јуни го купивме мислам и беше 189€ тежичок е малку но малиот мака нема со неги носи од кола до шклоски двор само и од школскиот двор до кола еве веќе 6м исти е и како првиот ден. Не жалам за парите ич.
Јас гледам многу сличен на овој најверојатно ќе го земам, само што планирам пешки да одиме во школо освен кога врне на 10 минути ни е школото.