И кај нас вчера беше неработен ден. Живо пиле немаше надвор. Дури и дуќаните кај железничката станица беа затворени. Ако штрајкуваат шоферите, пешки до школо. Таман за рекреација.
Шо знам би требало се да работи или . Ама ако е. Де па и ти ..он лине шопинг. Свари си кафе и оди надвор . Таман на студот малку. Искрено и требаше да се кренат земјоделците. Е нејќеш баш да кратиш кај што не треба, у секоја друга манџа зачин да си. Прибираш од секаде и шо треба и шо не треба. Други прифитираат. Ти за твоите даноци и сметки само. Нормално е незадоволството. Арно и до толку издржаа. Ама баш тој што произведува да го дупчиш у здрав разум и да се вадиш со смешни изговори грев е. Нека си се чукнат малку во главите шо прават, а не да префрлаат вина дека некој од пред три години крив е. Населението е генерално незадоволно. Се надевам само дека ќе има резултати од штрајковите.
Путер ако има шо се секираш. Ај без зејтин, здрав живот. Еве кажи шо имаш низ дома, одма мени ти правам за утре .
Ќе се работи само роба дали ќе доставуваат по продавници. Јас со план утре порано да тргнам на работа да не заглавам, иако и на работа ни доставија точно кој делови ќе бидат блокирани ама баш автобусот со кој одам ќе е пренасочен.
Нема у кризно време е дај шта даш. Јас само се надевам дека ѓубрето ќе го соберат утре. Оти и онака рест беше до горе полн, а ако не дојдат утре, ќе биде тек за две недели.. Ја веќе немам кај пелени да фрлам, на балкон извдадив црна вреќа и ќе треба да ја носам сама. Среќа шо е ладно, па нема да се усмрди цело маало од нас .
И моите пелени останаа нефрлени . До петок ќе чекаме. Вчера заборавивме дека е празник тука па си ги вративме назад. Ама како што се очекува -10, нема опасност да осмрдиме маалото
Кај мене големата утре нема да оди на школо, нема начин како да се стаса до училиштето. Во градчево гимназијата, реалшуле и уште едно ќе имаат онлајн настава. Сите деца од околните села не можат да стасаат до градчево, целосно се отсечени. Ниту ние од градчево може да се приклучиме на аутопат. Луѓето што одат на работа во соседните големи градови ќе имаат голем проблем.
Леле само да не им текне пак да дојдат сите од цела Германија во Берлин.Лудница беше пред 4 години.После нивниот протест градот беше како да претрпел апокалипса. Инаку и јас мислам како можеш пари да им скратиш на тие што те ранат исто како да си ја прешчиш гранката на која седиш. Се почесто има стикери по колите "семафор коалицијата не е моја влада".Едвај чекам да изгубат толку се мизерни и од нашиве бетер. А дојче бан кога штрајкуваат тие ?Утре викаа нешто?
Нема по идиотска работа. Долга и широка е тематата. Ама на кратко. Ако не им ги исполниш барањата, цената ќе ја плати народот. Еднакво на уште поголемо незадоволство. За производство нема гаранција дека ќе се погоди годината, ако не се погоди, ќе треба да се увезе уште повеќе. Од каде е прашањето..колку обработливи површини останаа во Европа со војната? Толку дебилни одлуки имаат, абе буквално за леб ќе си умреме. Ќе треба со коњи и волови да се вратиме да ораме за леб да јадеме ко што тргнало.. ама ќе сме еколошки. А шо се умешаа у војната е најеколошки потег. Абе на друга планета ми се оди уствари. Ни вести не ми се чита ни ништо, не сакам ни да знам шо се дешава, оти ми се приплачува од мака.
За жал ова следи... А дали знаеш дека ветерниците што се ги сметаат еколошки имаат генератор на нафта? "Der Verbrauch ist enorm: Nach BILD-Informationen benötigt „Riffgat“ über 22 000 Liter Diesel. Im Monat!" Оваа инфо го кријат како змијата нозете.Така еко коалиција пред камери т е да ни соберат пари нам обичните луѓе само.
Зад многу еко приказни се кријат и други вистини. Се е некаква пародија. Туку за штрајкот. Утре мислам нема. Ама пази што ми излегува на апликацијата Три дена! Среда, четврток и петок се фаќа?
Да одиш, да си купиш шољи за кафе од Хххлуц Дури штрајкуваат, онлајн да си гледаш. Сакам да кажам немој да плачеш, итс ол џаст а гејм. Ме мрзи да се нервирам сега, зима е, студи. До пролет ќе видиме. Абе, кога имате избори уствари, до кога има употребен рок Шолци? Ме мрзи да сурфам, зима е, студи...
Најавуваа пред Н.Г дека ќе штрајкуваат на 9 ти затоа прашав.Глава ми пука од штрајковите сега кога ќе почне пак школото до штрај ќе полудам.А уште повеќе полудувам кога ќе кажат "Vielen Dank für Ihre Verständnis". Одамна немам разбирање како што они немат за мене кога се чудам што да правам со детето и како да изведам со работата.А не го прати на школо туку одите на одмор негде ќе ти излезат со триста закони и параграфи како школото е флихт, а тие кога штрајкуваат не е Pflicht. Море мрш таму.Се е лага и измема во ова земја. Сега некој од Мк ме чита и вели ако не ти се свиѓа врати се во Мк.
Леле немојте со онлајн шопинг. ХМ, Зара, Дајхман …. Другата недела кога ќе почнат да стасуваат пратките. Ама стварно огромни попусти