Јас не сакам онлајн оти додека стигнат ќе ми мине меракот за тоа шо сум нарачала и мерак за друго ќе ми се напраи. За тоа, кеш во мене и во град.
ЏолеН шољи за кафе бара, не може онлајн да купува, ќе и ги искршат. Па ги спомна во друга тема, ама да не одам офтопик таму, овде солам памет.
Знаеш какви шољи за кафе и за чај, и тањири за украс за на маса сум видела во една турска или арапска продавница. Беа изложени пред прозорецот, златни со бело, стаклени, секакви имаше. Ама стварно богати изгледаа. Ќе купам од тие, само не сега оти децата лом ќе ги напраат секаде ми чепкат. Ај утре ако одам натаму ќе ги сликам баш да ги виде и оваа членката шо ја напиша.
Кога бе ти и за шопинг наоѓаш време . Ја ништо не сум видела. Дур стасам се ќе е распродадено. Едно филџани ќе купувам, цел форум ме дозна. Уште кафе и стари пијам @Biljarkata мори додека стасам и ја пролет ќе фати. Па ќе се селам нели. А баш некна на враќање од икеа, гледам хххл и иста мисла ми пројде . Ама план за друг ден ќе е. Вчера инаку ме праша шо мислам за идеата Виена или Грац . Поима немам дали ми најавува нешто. Ама ќе ве известам . А за избори вајда 25та ќе му дојде.
Грац...поблиску е до морето. Јас вчера му најдов работа во Словенија... ама сега не мрзи, зима е, студи До напролет не будете ме, шо викаше Медо од Маша
Ти во град си изгледа, затоа. Јас во мало мини градче. Да палам колата да одам до поголем град ќе ми отиде пола ден, потешко за така. Имам нарачано сервиси и од тие стаклените за кафе од Отто, море ј од Амазон сум нарачувала. Не се скршило до сега. Оти не работам, домаќинка, време за се Еден куп нарачки на 16ти ќе стасаат, таман за роденденот ќе си се почастам
И јас сум во мало гратче. Помалиот центар на 2мин со воз ми е од тука, а поголемиот ми е на 10 мин. Ама секој ден одам натаму.
Супер така. Тука имам лоша поврзаност, мора со кола. Секаде отвараат 09-10 а 12 веќе треба да сум дома оти едната од школо си иде и ми е непрактично, не ми се исплаќа некако. Кога ќе размислам и се одвикнав од акање по дуќани, профи сум за онлајн
Со возот секој ден, на 30 метра ми е од станот . На онлајн не верувам, тоа ми остана уште од Мк, а и плус сакам на лице место да си видам материјал, да пробам. А и акањето по продавници ме смирува. Како хелекс ми доаѓа
Леле што не кажувате за попустите,јас па чекам крај на јануари нешто сум зацртала во глава дека се тогаш.
Здраво фрауен белки точно пишав. Како да порачам некој подарок, и да стигне кај другарка дома у Германија? Јас од тука да платам и да пишам достава таму и таму? Нешто бебешко. Или па од мк да пратам до таму ептен до врата да им стаса? Постои такво нешто?
Мислам дека може преку амазон. Амазон за Македонија нема ама од Македонија за Германија може да се нарача и да и стигне до врата. Знам оти баш кога се породив пред три месеци нас ни стигнаа подароци преку Амазон од Македонија до врата. За друга страница незнам.
Може и од мк. Кога се роди беба, стигна пакетче од на маж ми другарите. Од мк го имаа пратено. Инаку од секоја страна можеш. Доволно е .де да има. Мислам за облека хм, зара, манго, заландо, цунда... Ако сакаш играчка бабуоне, бабувалц, амазон,... Можеш да се регистрираш како гост, не ни мораш акаунт да правиш и да избереш лифер адреса таа од другарка ти. И толку, плаќаш со картичка. Инаку Hallo liebe Damen, wäre es richtig gewesen . @danichap тоа ти е тој домаќински парадокс. Домаќинка со четири деца има повеќе време од домаќинка со едно. Не дека до мене е што не можам да се организирам, уставари фокусирам у последно време. Не сум навикната уште изгледа да не фунционирам без сон. Тебе сигурно веќе два саати сон ти требаат у деноноќие. Ава за пропустите. Абе уште овие од блек фрајдеј не ми се испеглани и стојат негде во некој куп, чекаат ред. Па си вика шом не ми притребале до сега, вајда не ми ни требаат нови да докупувам. Важно за бадна вечер запеглав едниот фустан и тоа само од напред, за на слика де . После 10 сек беше блуцнат и така пак за перење заврши.
Абе во принцип тука нон стоп има попусти . Ќе завршат винтерсејл, па имаш мидсешн сејл, па летни па вакви па онакви. Па ти прајмдеј, па ти блекфрајдеј. Ти само мерак и пари имај. За онлине шопинг, колку повеќе апликации инсталираш и профили имаш, толку повеќе ќе те грепка да купиш. И така ја превентивно немам ништо повеќе од заландо. А цаландо е тапа, нема избор шо сакам . Ја повеќе сакам во аутлети да одам, имам две три марки што си ги сакам и така ако си се почастам нешто. Бев пред нова во метцинген, ај шо имаше гужва ептен имаше, туку и јакна што пред две години ја купив за 90 евра, сега беше 210. Не ми прави многу мерак, ама најблиску ми е. Инголштат е по ок, ама подалеко ми е. За најокеј, ќе одам напролет во холандија малку, да се освежам и сега така се лажам и демек за тогаш штедам. Едит, како комуницирате со киндерарцт? Строго со термини за се и сешто или со слики? Нашиот преку вацеп го контактирам и слики праќам, да не носам дете у вируси. Ама до сега бехандлунг се не е потребен, сега да видам за осипот што ќе каже .
При крај се веќе, скоро се е распродадено, нема бројчиња. Јас важно се што беше светкаво купив, се спремам за бољи живот. @јolene заландо лаунџ е врв, колку само за децава од таму имам купено по смешно цени. Не се исплаќа веќе по аутлети да одам одкако го открив. Јас со сестрата комуницирам. Ќе се јавам, ќе кажам колку се болни, она ќе ми каже да набљудувам…и така.
Кога ве читам како на друга планета да не сум, ни за протести знам ни за попусти. Друга мака имам. Ми недостига самодоверба и комуникативност. Зборувам само кога треба. Не зборувам за други. Вака откако го напишав па всушност и е ок е. Ама можеби и не е. Имам една цел и се си мислам дека нема да ме бидува за тоа. Од една страна се надевам дека ќе го остварам тоа, од друга си велам Џокерче седи мирна. Во некоја внатрешна борба сум. Да се биде или не?
После не ги сакам ,овој освен гафови ништо друго не видов. https://www.instagram.com/reel/C1sMxKFMBsd/?igsh=MWRuc2FidnpsemFvZw==
Девојки, дали ако носам лап топ во рачен багаж треба да го извадам надвор на пасошка контрола или може да си седи во ранец? И колку пари можам да носам со мене накај Мк, а да немам проблем со царина?