Еве за членките шо бараа филџани, кажав ќе сликам. Ама набрзина беа овие сликите оти ладно ми беше и се брзав
Лаптопот треба да го извадиш, за пари не сум сигурна. Јас околу 2000 € носев, никој ништо не ме праша. За точна сума не знам колку може да се носи.
Ај да прашам овде. Сакам да полагам Телк Б2-Ц1 беруф, ама го нема во Швајцарија. Дали имате негде во Германија видено да го има право со онлајн настава за подготовка? Најмногу ми одговара за околу Франкфурт или околина на Келн, ама и да е на друго место ќе дојдам на еден ден, претпоставувам и кај вас сабота се полагањата. Еве ќе пратам слика точно кој ми треба, па ако некој нешто чуе, види, дознае, пишете битте
А да ги исконтактираш јазичните школи во градовите кои ти одговараат и да прашаш. Некогаш и на побарувачка се организираат курсови. Побарај на нет ќе ти излезат јазични школи. Испитот би требало да го организираат во vhs.
Контактирав две школи во Франкфурт ама не враќаат на емаил. Ќе мора да ги ангажирам другарките лично да одат да прашат. Мислев и вие да не знаете нешто да ме упатите
Дали некој се сликаше во конзулат Бонн за пасош и дали се точни кога ке кажат за 2 месеци дека ке биде? Треба да патувам во февруари баш. Каква лудница направија немам збор.
Има ли кај вас хамстер купувачи?Колешка ми живее во селце и кажа дека се било празно,а не знаеше ради што.Кај нас изгледа се нормално.
Абе си земаат време. Не се брзаат никаде . Ќе вратат можеби. Ги видов температурите за следните две недели. Ќе си остане ладно и смрзнато. Ќе збудалам со малото дома. Уствари она криза нема, спиеше вчера надвор на -5. Тоа што ја цела се скаменив, не е нејзин проблем. Неќам зимо.
Кај нас нормално е празно во лидлот (не така како во короната де, ама тука секогаш гужви и полу празни полици па кога сакаме на раат да пазариме одиме во селото каде што живеевме таму на раат се пазари. За сега незнам да ти кажам не сум била, ама мислам дека е нормално кај нас 1 ден беа најавени протести таму кај вас е поризично да трае подолго. Ако продавате на старо сега е мајка костимите за фашинг да ги огласите експресно го продадов ланскиот пикачу.
Не сум била на пазар којзнае колку време . Не знам како е сега. Ама и ние од едно селце одиме, да избегнеме гужва. Ама таково празно ако беше ќе кажеше белки. Мене доживување мо е кога успеам до пилјарата да отидам и зеленчук да купам. Кога бе почнуваат да спијат сами и без да треба пола ноќ нешто да држам, гушкам.. хранам. Ко помало бебе беше поок со спиење, помирна. Сега станува само колку да ја земам и да ја успијам пак о нон стоп прета. По 4-5 пати ќе стане, а само еднаш јаде. На добар пат сум и јас за несоница да развијам.
Здраво, Дали некој има искуство со нострификација/признавање на диплома од уким? Се работи за особа со мастер од правен факултет (или финансии, или корпоративно право, не сум сигурна), дали треба да се полага нешто дополнително, ако да - дали на германски се испитите? Било какво искуство на темава е добредојдено
Си ги знаете вие. Тука па ептен се одговорни за тие работи, до ден два макс враќаат. Ај ќе си почекам
Кај мојот тоа беа две години, до тогаш се будеше барем 3 пати во ноќта и моравме да станеме од кревет и шетајќи се успиваше впрочем затоа сега прашува зошто нема брат или сестра ете затоа. Сега 6 ќе полни уште не заспива сам спие неколку саати сам во соба откога ќе го успијам и се буди и си доаѓа кај нас ама важно не не буди нас само си легнува. Може требаше да чекам да пише некоја од тие со повеќе деца сигурно има поголеми шанси да те утешат дека ќе почнеш да спиеш наскоро.
Јас овде научив да имам трпение искрено. Па тоа со термини, лудница. Сега веќе сум зен. Не им се замарам воопшто. Зависи и кои школи си ги контактирала. Подобро само оние кои го организираат испитот. Ама да најчесто се во сабота. Еднаш пред 200 години положив б2, а пред 100 години го полагав ц1 телк. Книги за спремање со модални тестови ми помогнаа најмногу. Пробај дома сама и појависе се на испит ако не успееш да најдеш подготвителен курс. На јутуб имаш канали кои исто добри типсови даваат како да се спреми испитот. Пишувај текстови на разни теми за да добиеш рутина и да имаш барем нешто спремно, оти во стрес ситуација може да се блокираш, па на автопилот ако имаш некој шаблон да почнеш, после полесно е. Не сум го видела конкретно тој испит, да видам за што се работи. Ако имаш некое конкретно прашање, ако знам ќе кажам. Пиши ми.
На работа слушнав дека од Штутгард не можеле камионите од магацин да излезат што носат роба по маркети. Може затоа, заради штрајкот фактички е блокирано и робата не може да стигне до маркетите. Ама појма немам кај нас се е нормално не се приметува ни штрајк дека има ни ништо.
@Ava.84 ова е логично уствари. Дека не успеале во селото од блокадите да однесат роба или каснат. Дишам пола саат на раат дури се успијат. Па да земам активно да одморам со кујна раскревање..Ова ако се прашате зошто на секој пост цитирам. Ај сама ќе се испратам
Мислиш на durchschlafen?Првата почна да спие на 18 месеци,малава уште се буди у феб 3 год ќе прави и бара шише со млекце инаку на града ми дремеше до 11 месеци кога ја одбив од премора. За несоница после првата имав ужасна несоница, плакав за да спијам не можев . Сите ги мразев штом ќе ми спомнеа спиење, а јас неможев.Ќе легнев денски за 10минути се будев пренаспана.Навечер во 2 ќе станев и како вампир шетав низ собите наспана,а дете аи спие.После се навикнав да функционирам со 4ч спање и останав со второто трудна.Во 7 месец бев хорор сум пишувала.За една недела имав спиено 7ч,панични напади имав,срцето мислам ќе ми излезеше од гради штом ќе задремев и најстрашно ангст од спиење . Ми беше страв да си легнам мислев ќе добијам срцев удар.Па читајќи на нет да најдам дека ми фали магнезиум,б комплекс или железо.Првите две редовно ги пиев ,ама железо пиев само преку елевитот(витамините за трудници).Пробав и со железо и за 3 дена паднав во кома од што спиев.Сега од таа траума штом ќе се почуствувам дека не спијам зимам пијам железо и ако станувам за малата мин 2пати се чуствувам наспана.Ама стравот од несоница ми остана. @gjoker4e она ми спомна нешто дека и превозниците најавувале штрајк ама кога /како не прашав.
Неможам да те утешам може некој мене ќе ме утеши. Мојата е 19 месеци спиењето е ужас, успивањето пола саат последниов период по цел саат , некоја регресија на спиење на 18 месеци се надевам дека е при крај. Не цица веќе 7 месеци а се буди исто како и кога цицаше. 3 пати кога ќе се разбуди ноќе среќна сум. Реков ќе частам кога ќе почне цела ноќ да спие и кога ќе се успие сама уште чекам. Им љубоморам на тие што децата им спијат по цела ноќ без да се разбудат . За преку ден иста мака ќе ја успивам пола саат за да спие само пола саат. Ме измачи буквално со спиење во раци, нишкање , сега заспива на спална и мора да ми ја кубе косата. И да спие со нас бидејки немам сила да станувам по 100 пати во една вечер и да ја презаспивам .