Јас пишав еднаш дека три дена по ред викав дека спие цела ноќ и стварно почна да спие цела ноќ. Еве од тогаш цела ноќ спие, отприлика 15-16 месеци имаше мислам, не можам мислења да барам сега. Сама себе излажи се дека спие цела ноќ. Верувајте ми. Јас мислев некој совет ќе ми дадете. Дали да пробам да исполнам нешто или не? Кога ќе го исполнам ќе ви кажам што е. Едит: Видовте дека уште малку 14 степени ќе е? Уживајте овие неколку дена на -5 можеби и поладно некаде и снег. Кратко ќе трае.
Даваме совет да пробаш. Ништо не губиш. Ич не се мисли. Се гледа дека си младо и крвта ти врие. Тука стари коски не можат да поднесат минусни температури. Цел ден ми е ладно не можам да се згреам. Малото во некој скок од развој. Трет пат станува од ко се успа . Едвај чекам да дојде петок и ќе си легнам сама да се наспијам. Нека се чуваат со татко и.
Абе како стари коски ти знаеш вчера кај нас -10 јас отварам прозорна работа велам мене ми е жешко.Младата колешка 20 год ме гледа и вели јас се тресам,велам мене ова повеќе адреналински ми е од децата наутро штом успеам да ги однесам во градинка и школо ,а уште сум жива нормално дека ми е жешко. После па си викам да не ме фаќа климакс.Имав на раб колешка во Мк кога работеб бев 25 год и една 50год жена се поти цела се лади со што стигне.Ја прашувам што и е климакс.Изгледа терам натаму,немам веќе хормони ни па адреналин изгледа.
Фала ти премногу Ги симнав тестовите решавам по нешто пробувам дома да поучам ама и јас пред 2 години завршив кусот и малку сум подзаборавила. Сега државата ќе ми го плати па си мислев да одам на сигурно, втор пат ќе треба сама да си го плаќам. Да знаеш дека ќе ти пишам ако заглавам некаде и ако ми треба некој да ме бутне
Јако е ова со моќта на поттсвеста , мисли позитивно за да се случи. *мојата ќерка вчера заспа многу лесно и спиеше цела ноќ без да се разбуди . Џоки пробај зошто да не , за проба пари не се зимаат. А и за симпатијата си траеш
Ти да уживаш на -5. Уштета малку и цигари ќе остаам, не се живее бре на минус 14 или колку е, да го тиит И пробај, шо да не.
Ќе може ли да ми кажете дали таткото мора да земе Елтернцајт и Елтернгелд и дали може тие два месеци кога сака да ги искористи? Дали и нему му се платени и кои документи треба тој да ги поднесе? Дали може пример тој ако не ги искористи јас да ги искористам
Не мора таткото да земе. Тоа е како опција ако вас така ви одговара. Инаку ти ќе си бидеш на елтернцајт и ти си одлучуваш дали ќе бидеш една, две или три години на елтернцајт. Тие два месеци може да ги искористи кога сака во рок од трајноста на елтернцајтот само мора наеднаш, неможеш пример еден месец оваа година, а еден следната. Платени му се и него 65% од платата. Незнам кој документи требаат, ако не ти одговори никој ќе го прашам мм утре па ќе ти пишам.
Со ладново вчера гледам -10 филс лајк -13. А на сабајле со точаци идеме, го носам јас малиот во школо, како сме се вооружале како нинџи, очекував ќе смрзнеме. Ама не се осеќаше толку ладно, во Мк околу нулата кога е, поладно се осеќа. Денес -8 сабајле ама нормално ладно, не е да смрзнеш. Од утре минималната до 0, тоа веќе топло ќе е. Инаку тука сум 5 месеци и функционирам со точак, претходно од дете се немав качено на точак. Се ми е блиску, центарот, сите продавници ми се на две минути пеш, ама пак со точак идам.
Не мора маж ти да земе елтернцеит. Најчесто не се исплаќа финансиски оти е 65% од плата, ама максимум 1800 евра на месец мислам беше.
Дај кажете нешто, што и да е. Досадно ми е. Пауза време ми е сега, не ми се средува низ дома. Мене ми се хибернира, три дена имам ладни нозе. Не го можам ладното ама ич.
Значи кога ќе пополнувам документи само за мене ќе напишам дека сакам елтернгелд. Мислев ако не ги искористи тој мене да не ми се префрлаат ама изгледа не. Инаку би сакала две години елтернцајт
Да кажам дека 4 дена немам седнато кафе да испијам на раат, што од шетање, што од спремање за роденден, плус по сабајле на работа за дел од тоа што спремав скрос да се упропасти. Дечкото во фаза планети па правевме сатрун да подели, епа ништо само мафини ќе носи и ајде сега кажете како да му објаснам дека неможе ова да го носи упорен е он дека не е ништо малце се стопило.
Сонце бе . Шо им се десило? Сигурно ептен се радувал. Нема објаснување. Освен да му ветиш дека дополнително ќе однесе некој ден. Не ми текнува друго.
Се стопиле, ги чував во спална таму најладно држиме, ама секако не ми падна на памет дека може такво нешто да се случи. Ги направив пред два дена, вчера шетавме роденденски, денес мафини спремав и кога ќе видов овие се распаднале. Битно мафините баш се фора .
Без слика од мафини не веруваме . И проба за другарките тука налето ко ќе идеме до езерото, да поминеме на кафе . Ич не се канам сама.
За на езеро нема проблем кога сакаш, ќе дојдеме и ние кај тебе ако ништо друго за пасоши на мм и синко натака доаѓаме Еве слико да не биде дека лажам
Ми текна дека ти прашуваше, може веќе си нашла, јас сеа шопингувам во Зара па ми излегоа овие, освен ако ти се многу светли. На попуст се и достапни се сите димензии.