Жени имам гости од Мк, има ли опција тука да се купи картичка само со интернет? Ама со мак. број значи свој број али да имаш нет или мора да се купи дојче бројче?
Здраво на сите, имам едно прашање... Имам девојка германка, бремена е во 4 месец. Девојката има умбефрист договор, ама точно една година не оди на работа пишана е кранк поради стрес со нејзините родители (двајца болни родители). Денес добивме информација дека откако ќе се породи ако седи дома една година ќе зема месечно 300 евра (плус киндергелт) а ако седи дома две години ќе зема месечно 150 евра (плус киндергелт). Ќе зема толку пари бидејќи последната година пред пораѓај не работела... Прашањето ми е што можи да направиме за да не зема толку малку пари ??? Што е најдобро, отказ и да оди под Job Centar, некој искуство ?
Здраво на сите. Ми треба помош од вас ако некој знае дали ќе можам да одблокирам ова со идење во банка на шалтер лице место. Внесов погрешен пин неколку пати и ми искочи ова Der Zugang “ “des Instituts Kreissparkasse Ludwigsburg wurde dauerhaft gesperrt Mit der Filiale Kontakt aufnehmen на онлајн банк
Завршено е работното време за денес па затоа прашав со идење утре во банка пошто и не ми е јака страна јазикот ако отидам таму подобро ќе се разберам но викам да не нема да можам да одблокирам ако отидам
Женски кое е исто неутрално како Абц намаз тука или дали сте го виделе на друго место , освен по балканските продавници
Не е ова исто со Филаделфија и сличните на нив генерички од алди, лидл, едека или кој и да е маркет. Фришкезе допелрамштуфе? Ако е за чизкејк/кезекухен закон се од алди и лидл нивните. Кај сте бе женски? Значи ако не дојдам да ве повикам ве нема два реда муабет да направите. Од бош муабети за денот, резервиран хрватска продолжен викенд во мај и како мало дете се радувам. Толку другото се исто. Каша каша каша, каша на сите страни
Јас АБЦ никаде не сум видела. Ова е убаво. Го купувам од Лидл. Надвор врне. Истура. Денес децата не беа во школо. Пишуваше заради временските услови.
Јас што да кажам освен на мака дека сум за симпатијата. Се мислам дали да му дадам знак или да не се глупирам. Дури петок ќе се видиме.
Џоки ја малку сум пропуштила од муабетите за симпатии. Исти е тој што еднаш го спомна пред години време, ако ме држи сеќавањето или нов имаш?
Јас се спремав да резервирам почеток на Јули. Ај со мене, да не биде досадно Падна еден досаден снег пред некое време, никако да стане. Ама досаден , отров, ни за санкање, ни за снешко, значи за ништо не го бива. Значи, досада, мхм Каша ко од Маша или како?
Пред година време не се ни сеќавам кој ми бил симпатија. Овој е нов од 23.10.2023 13:00 ми е симпатија. Само 0123 ги има еј Почеток некој значи Имам јас и поголеми проблеми во животот ама вака подолго ќе живеам
Билко жими се на тебе помислив кога резервирав . Јули ми е далеку. Чекај ја порано да си фатам. Сега се мислам и нивниот велигден, таму по словенската обала ако не е многу ладно. Сред лето ќе и е претопло на мадам. Септември ако сакаш ..ама па твоја мадам ќе тргне на школо. Кај вас снег. Кај нас е ок денес. Ја чекам февруари да дојде, белки малово ќе седи на два саати со баба и дедо, па да тркнам до бањата да стоплам коски. Ме убива грб. Вајда и физикална ќе ми препишат, ако идам на доктор..ама ако идам. Такви каши ко од маша да. Последно од уво и вадев. За други каши, врем немам . Џоки ова некој знак ќе да е стварно. Премногу 0123. Ја би чекала до 13.02. тогаш е судбоносно според моја некоја нумерологија, башка шо и 24 година и четворка се додава, гледаш ќе имаш 01234 појако од 0123 само. А и башка имаш комбинација од непарен и парен број. И строго парна година. Топ комбинација!
Во елтернцајт си нели? Втор пат се видовме на 04.12.2023 и од тогаш скоро секој ден се гледаме односно не се погледнуваме ич! Сите зборуваме меѓу себе освен јас и тој. Ќе морам на Гугл да пишам кои се знаци дека му се допаѓаш
Според мојата нумерологија 14.02 се фаќа тамн Валентајн. Јас на очно сум тогаш. Плус слепа ќе бидам и нишо нема да гледам па ќе бидам слободна и нема да си го видам симпатијата.Инаку и јас си имам нов.Ама што дека тој со бурма јас со бурма и така и знак да му дадам нема да разбере. Сигурно ќе мисли го зезам како и секој муабет со него. Да споделеш обавезно.