Гугл врска нема веќе, сега Чет Џипити све знае Не го прашувај Чет Џипити, после ќе знае уште повеќе Еве, прашај не нас- ние све знаеме...и ништо не знаеме Денес добив такво глупо прашање од колега, што одма сфатив дека Чет Џипити не му дал задоволителен одговор, па јас сум втора инстанца. Се осетив ко виша интелигенција, значи многу битно. С ким ја радим побогу и куд плови овај брод
Толку многу се приметува? Моментално немам сила за ништо друго освен за овде да кажам нешто...ама вас ве нема самоиницијативно и морам да ве викам секојпат . И Ава симпатии има. Само ја немам. И бурма немам. Сигурно заради тоа е.
Абе јас бурма носам чат пат како моден детал.Имам пишувано одамна дека не ја носам оти кога биравме бурми бевме во старата ск чаршија и продавачот ми предложи да си земам малку поголема бурма за нели кога ќе родам и ќе се здебелам да ме збира.Јас после две деца родени и плус 5 кг бурмата уште ми е голема.Откако неколку пати ми падна додека се бањав и ми паднаа 2 циркони и дадов пари за поправки,еднаш сакајќи нешто да фрлам на висечот ми летна зад фрижидерот ,неколку пати во канта ми заврши,летото особено ми е преголема,решив да ја оставам и да не ја носам.Ама некогаш ме фаќа срам на работа, мажи носат толку примерно бурма па си ставам и јас.Па така си одговараме по некогаш со симпатијата во бурмите и двајцата на десно ја носиме. Мислам бурма немам потреба да носам сите на раб. знаат дека имам деца што нонстоп се болни.Си велам кога сум со нив зарем некој бурма ќе бара на мојта рака кога ќе ги види што распашана команда се усвет ќе фати колку јас да го импресионирам со мојава убавина.Ојдох со боб санката да се лизгам.
Јас сум во NRW, тука повеќе сонце гледам отколку во Скопје. Деновиве секој ден скоро има сонце, чист воздух најважно. А сите викаа тмурно било пред да дојдеме, дождови, овде за разлика од загаденото Скопје е сончева долина. Пишував тука за малиот (учителката ми кажа не било добра идеја да останува во OGS), епа тргна и среќен е таму, има нови другарчиња, имаат игротека, разни друштвени игри, лизгалки, фудбалче, лавиринти, таму јаде, игра, пишува домашно. Ќе бидам мирна кога ќе тргнам на работа. Попустите ги чекав, а сега некако немам желба да пребарувам, предлог нешто, каде, што, како, има ли уште попусти?
Добро утро Конечно и кај нас малку снег. Вчера дома седеа децава, еден куп домашно принтавме и преку кодови онлајн решаваа. @Honey Eyes јас дефинитивно наредна година не запишувам дете во ogts. Евентуално еден ден само. Да, многу е среќна, си играе. Но проблемот е што се таму до 16.00, додека дојдеме дома, се измие, пресоблече, 17.00. Корегираме домашно и толку. Дете станато од 06.30 нема веќе концентрација за ништо. Првите два месеци не беше некако трагично, но сега се очекува да читаат цели реченици, нон стоп имаат тестови, едноставно не е доволно викендашко учење. Не знам како е кај вас, ама тука(Баерн) имаат по 4-5 листа домашно секој ден, башка текстови за читање и редовни тестови. Премногу ми е за мало дете а време премалку кога ќе си дојде.
Морав да гуглам што е ogts. Баш како што рече @danichap Ако дете станува во 6 како што моите стануваат , мене ми е грев да ги оставам цел ден во школо . Колку и да е забавно . Ако сум дома , нема причина да децата после школо посетуваат Betreuung. И кога сум на работа они се враќаат дома . Може повеќе вакви школи има во поголемите градови каде има и повеќе бараност. Овде ретко кое дете останува после часови во школо . Ако се врати во 17 часот дома тоа дете само ќе сака да одмори . Нема веќе ни желба ни концентрација за да допише или да вежба . Во поголемите класови ќе се останува до 15 часот кога ќе имаат по 9 часа на ден . Додека се мали нема потреба . Бар за мене е ова , немора да значи дека сите треба да делат мое мислење .
Јас имав разговор да ја отпишам, не ми дозволија, договор дрн дрн. Сега ќе чекам лерн ентвиклунгс гешпрех со наставничката, па се надевам да ми дозволат да си иде 14-14.30 барем. Им кажав, детето едноставно не е способно за ништо веќе кога ќе си дојде. Го корегираме домашното, дали е доволно педантно, или ако не е совршено, и толку. За активно учење и повторување нема сили. А капак на се и кога е точно домашното не знаеш дали детето сфатило што како или воспитачката им ги кажала одговорите/препишале. И при тест изненаџење. Да морав, секако. Но во нашиов случај ги гледам негативностите и те како.
Кај нас кога ја запишав големата во Betreuung после школо во овој и второ , имаа ручек ако сакаш ако не може и од дома. Имаа и учителка за домашни ама нагласуваа дека они не ги контролираат . Што е исто ко да не напишала , кога треба дома да контролираме и да пишува поново. И фрустрации кај двете страни .
@danichap моето е прваче, и за сега не им даваат многу домашно, еден лист математика, еден германски, и еден за читање. Тука сме 5 месеци, он супер се прилагоди, со оглед на тоа што не знаеше ни збор германски, сака да оди во школо, само имав забелешки од учителките дека не зборувал таму (а како кога не знае) а и таков карактер си е, му треба време да се опушти. А веќе чита цели реченици, само проблем му е комуникација на германски, и верувам тука и од таа страна е подобро за јазикот да го научи. Јас почнувам со работа, сестра му е до 13 и пол во школо, и ќе го зима во 15 (тогаш мора да се зима, или 15 или 16 и 30, не може порано или измеѓу). Предност е што школото ни е на 2 минути од дома, па може понатаму и сам да се враќа. И за станување во 07 и 10 стануваат, во 15 до 8 излегуваме од дома. @Neda997 да, за престој после редовните часови кои завршуваат кај нас во 11 и 30 (4 часа имаат дневно).
Големата не доби место во престојот во нејзиното училиште. Изговорот беше местата се ограничени а на другите повеќе им требаат. Позитивно беше децата што добија место добиваа логопед таму. Кажавме двајцата работиме, малата има потреба од логопед итн, не ни дадоа. Уствари првен ни дадоа па рекоа грешка е. И така со вторава ќерка ни беше ново. Дете среќно, јас среќна. Ама после првото полугодие почнав да ги осеќам негативностите. Пак ќе нагласам, ако морав ќе мораше и готово. Во нашиов случај дефинитивно не. Догодина ќе имам три деца во ова школо но ниту едно нема да оди во престојот.
И моето е прваче. Еднаш имаат 6, еднаш 5 часа, три пати по четири. Добро е што имате две опции за земање, кај нас е зезнато тоа.
Кај нас само такво школо има. Од 8 до 16. Кој сака може дома да го земе детето од 12:00 до 13:25 ама тоа ми е мене беспотребно малтретирање за детето да оди до дома па назад во школо. Ниту еднаш не се пожалила многу дека и е, убаво и е во школо и едвај чека да оди пат. Малиов исто само што го земам од градинка вика дека пак сака во градинка. Вчера една особа од фамилија* ја прашува малава до колку си во школо и малава и вика се додека не се стемни, кога ќе се стемни си одиме дома. И особава* одма ја жали греота децата ова она, а детево пресреќно е што оди во школо. За секој различно е воглавно. Нас на сите ни одговара до 16:00, а најважно е детето да се следи и како му одговара. И малиов да не му е ок во градинка би го отпишала и би работела само мини џоб или до 12:00 или до 14:00 би го запишала. Муабетов ми е дека за некого е ок до 12:00 за некого до 16:00, тоа и на првата родителска го кажаа дека вие знаете најдобро што е најдобро за вас и дека ако за некој е многу до 16:00 да го запишат детето во соседно село или град каде што има школо до 12:00. Домашна ретко имаат. За распустот имаа премногу ама се во еден ден напиша, многу сака школо и се поврзано со него. Па после и смислив ја домашна за останатиот распуст.
Сите сте во право женски. Секој според потребата. Децата на Ена и Дани се родени тука, го зборуваат јазикот супер и башка имаат дома друштво оти се повеќе деца, а веројатно и други другарчиња имаат од маало или градинка. Дневен престој е убава работа, супер осмислена, ама заради капацитети најчесто не функционира како што е замислено. Децата имаат забава, има интересни понуди и прошетки. Се социјализираат и играат. За деца кои пократок временски период се овде е одлична можност да се запознаат со системот, да видат разни нешта, да се интегрираат и да го научат јазикот. Ама ако потребана детето за учење е поголема, дефинитивно не е доволно. Оти за еден час, башка со цело одделение внатре, а еден или во најдобар случај двајца воспитувачи, кои најчесто не знаат и самите да ги одговорат и објаснат домашните, неможе да се постигне многу. Па деца се дефокусираат, па прават глупости и смешки и така продуктивноста се намалува ептен. Едноставно фокусот на бетројунгот е повеќе забава и дружење, ама не и едукација. И тоа е во ред и затоа треба да се делува според потребите на детето. Ако детето има и дополнителни обврски и активности, надвор од згрижувањето, дефинитивно е премногу за него, секојдневно да се посетува престојот.
Точно. Детето е среќно, наиграно и домашното е напишано. Негативното е што во тој дел од денот, после 17.00, имаме време само за евентуални корекции на истото. Секоја недела имаат писмени и усни испрашување. Ако понеделник зеле нова тема, посебно HSU, до крајот на неделата ќе имаат едно од двете. А како да учиме во 17.00-18.00 часот, не може до викенд да чекаме. За мене е ту мач за дете 6г, ама како за сите така и за моиве.
Јас од тефал зедов, супер е. Сарма, грав, боранија… секакви манџи правам, по пола час. Наместо експресен лонец го користам, исто е топ. Овој е
Вие сте поише луѓе дома, доволно собира за сите? Кај го зема? Од Амазон? Кога веќе спомна сарма, со тазе зелка правиш или се наоѓаат негде листови кисела?
Од Амазон е, пиши исто како на сликава, ќе ти испадне моделот. Да големина е таман за нас. Јас имам буре зелка ставено