Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.371
    Допаѓања:
    286.562
    @Yowannty јас сум презадоволна и од ова,
    Air fry опцијата душа и вадам.
    4AE8E502-2A00-4F2B-B5EA-631BFA29E81F.png
    јас на црни петок ги начекав двата, и мултикукерот и ова. Тогаш платив 149еу, сега е стара цена, ама доколку имаш интерес следи цените.
    Помфрит, риба, нагетс, гарнели, пиле, секакво месо, се правам во него. Има и групи споделено е колку минути на кој програм за што.
    Пример, во едната фиока собира цело пиле, во другата помес, компир, зеленчук итн. За помалку само едната фиока ја користам.
    727B98C3-3E8C-4586-ADE1-CC84097622DD.jpeg
     
    На Scott Weiland, Honey Eyes, Didajo и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.976
    Допаѓања:
    178.044
    Пол:
    Женски
    За ова нели пишуваа дека е за максимум двајца.. затоа и го отпишав. А вака цело пиле со плус компир и зеленчук ние и по два дена јадеме. Вака со две фиоки таман ми стои.

    Ќе ги следам цените и обавезно ќе земам и да не ги начекам поефтино. Многу практично ми се гледа.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.371
    Допаѓања:
    286.562
    Има различни димензии, според бројот на членови на семејството се зема соодветна димензија. Топ е и за големи фамилии.
     
    На mal.ecka, MacenceEna и Yowannty им се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    7.438
    Пол:
    Женски
    Премногу е. Се знае кога е мозокот најспособен за учење. И ние не функционираме оптимално на крај на денот, тек па децата.
    После цел ден учење, играње и активности периодот од 5 до 8 попладне е време да се смири малку мозокот и да се помине време со фамилијата, да се осетат сигурно и згрижено, да се релаксираат, за да можат преку ноќ да се одморат и преработат се од денот.
    На децата и те како им треба пауза од учење, оти секако немаат толку многу искуство како возрасните за да поврзат се што учат со предходни настани. Т.е тек тоа треба да го научат.

    Домаќинка на векот. Така ами како :rofl:

    @Yowannty имаш зелки кисели по балканско, турски, руски и сл. Некогаш и во кауфланд. Барај без конзерванси и миј темелно, оти многу се скиселосолени.

    А ја имам инстантпот, ама ко да го немам. Не готвам у последно време редовно. Готвиме заедно за викенд за цела недела. Двајца сме шо јадеме. Не ми се исплаќа секој ден да поминувам многу време над шпорет. Уствари и време немам толку. Само алишта средувам и пелени фрлам.
     
    На Yowannty, mal.ecka, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.071
    Допаѓања:
    36.417
    Пол:
    Женски
    Листови кисела во Реве најдоле кај салатите кај овошје и зеленчук што е. Најдобра е за сарма.
     
    На Yowannty и јolene им се допаѓа ова.
  6. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.109
    Допаѓања:
    5.877
    ako ste poveke.ljubiteli na zelka ke ti dadam kontakt za poracka, a za edna zelka imas vo ruskite prodavnici
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.884
    Допаѓања:
    40.531
    Пол:
    Женски
    Прееска правев кременадли во него , испаднаа топ. Да земав да ги пржам немаа да биднат така убави.
    Таман е за едно големо семејство.
    Сме печеле риба во него , бургери и свашта. Супер испаѓа се. Се чисти лесно .

    Инаку прееска сме рачситиле надвор снегот . После ручек и со малото се комирав. Немав план да спијам ама кога ќе се покриеме , стоплиме ќе не фати сон и двајцата.
    Прееска премногу ми дојде се. На телефонот нонстоп нешто стигаше. Информации на сите страни и некако ме префорсираше се тоа .
    Врв беше меил од учителот по спорт. Оценка 4 - за нуркање , 3 за кошарка . Взаемна оценка за спорт 3 поради добра соработка .
    Среќна сум што знае да се одржи во вода , што не тоне . Дали знае да ѓнури под вода мало битно . Нема да ја пратам на олимписки натпревари.
    Најбитни се германски , математика, англиски.. таму да има добра оценка , музика и физичко се во втор план . Ама школово е такво .

    Сега следува карневал , двајцата имаат настапи . Големата е во малата гарда . Имаат по 4 настапи во две недели . Средното има исто настап , со другарите од маало.
    Интересно е . Зашто се случува се после 20 часот . Сето тоа спремање е интересно . Не планирам да се маскирам јас , ќе одам во обична облека .
     
    На Yowannty, mal.ecka, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.816
    Допаѓања:
    33.775
    Пол:
    Женски
    Денес на работа што ми се случи.Одам накај кујната на први спрат да си земам кафе и ја одминувам дека замислена бев плус оди прво женско,машко веце па кујна и кујната е секогаш отворена бидејќи таму е кафе машината и е многу прометна.Се враќам 2-3чекори дека нема веќе врати.На кујната на нашиот спрат сум навикната да има некој внатре.Често е затворена,ама ние на спрат сме 9 души,а на први спрат се 40души.Така без да размислам дека некој може е внатре влегувам без да тропнам.Колешка и колега се тргнаа еден од друг ,а јас изненадена дека има некој ,а јас не културна .Велам уххх.Тие пак влези влези не ни сметаш.
    Ништо немаше да помисла се додека двајцата не почнаа да ми дават комплименти|(.Па колешката почна како Робин ми прати слики од ќерка ми види што правела(facepalm).Јас едвај чекав кафето да ми истече и магла да фанам:tmi:.
    Колешката само што се врати од породилно не можев да верувам дека нешто меѓу нив има нешто и не знам што да си мислам.Мислам вакви работи само во Мк има:devil:.
    Првпат кога ги запознав мислев дека се пар и некако ми одговараа двајцата.Кога колешката кажа дека е трудна и дека се жени ми беше чудно.
    Кога го запознав маж и уште не ми се верува дека маж и и е маж ,а не колегата:(.Никако не ми одговаараат таа плава убава ,а тој црн и грд.Колегата исто смеѓ со плави очи.На партито од работа дојде таа со маж и ќерката .Додуша неколку пати доаѓаше со бебето и колегата нон стоп го држеше бебето.Убаво си разговараа со маж и.
    Сега не знам што да мислам дали нешто правеа или не ,а сакав да ги предупредам дека некој може да ги види од нашата бивша канцеларија џамот дирекно во кујна гледа ,таму доаѓа чат пат некој.
    Така сега се мислам што не им кажав.

    Вие што ќе направевте?
     
    На Yowannty, mal.ecka, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    181.406
    Ништо. Уста имам, јазик немам, нот мај бизнис. Ако им е пишано, ќе завршат среќни и весели заедно.

    Од мај бизнис- имам реален проблем. Од годинава детево има нова учителка, за ништо не ја бива. Од 5 дена, 3, ми иде исфрустрирано дете, денес со плачки, нешто сакала да праша, оваа ја изигнорирала. Од септември се јас сум учителка, имаме 1 по природа и по општество неделава, ама се јас учам. Сите планини и народни паркови ќе ви ги кажам ако сакате(facepalm). Бев еднаш да ја земам од час, буквално таква галама беше, што се чудев ко видов учителка внатре:x. Значи ниту има контрола над класот, ниту се труди да има, ниту може така да се учи, ниту пак сака да ги учи, очигледно. Значи многу голем проблем, не знам како да го решам. А без притоа да го земе на заб детево и без да менуваме школо. Многу сум нервозна:@
     
    На јolene, Lianna Anna, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.816
    Допаѓања:
    33.775
    Пол:
    Женски
    Абе и јас така се правам дека едноставно ништо не знам.

    А за детето клас да смени дека сокласниците не и се погодени:?:.Булинг мулинг нешто божем има:sweat:.
     
    На mal.ecka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.884
    Допаѓања:
    40.531
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata кое одделение е детето?
    Ако е при крај на основно,ќе стиснам заби . Да смени клас не би , да се расправам со учителка или со директор исто не би.
    Во прво одделение имавме исти проблем со учител , кој наводно бил само замена за една година , ние тоа не го знаевме и отидовме до директор. За на крај да ние самите имаме проблем со него , тоест за инет сведителство беше ептен лошо напишано , како да детево не знае да собира до 10!

    Знам дека е проблем ама денес да ти се падне асален учител е премија .
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.123
    Пол:
    Женски
    Можеш во секретаријат да кажеш се што пиша тука и се што се случува. Да замолиш да не биде кажано од кој родител доаѓа, односно за кое дете се работи и слободно наведи од кои причини. Иако искрено мислам дека вакви жалби се анонимни и не се пренесува од кој доаѓаат. Со учителката апсолутно нема потреба да расправаш. Ова иде на повисока инстанца.

    Во нормално училиште би требало да превземат нешто, ако ништо друго, учителката барем да се мотивира да се потруди заради тоа што добила beschweren.

    Исто така, можеш да конслутираш/прашаш други родители што мислат за учителката и како се задоволни. Што сметам дека е многу добра опција. Можеби ќе најдеш истомисленици, па после заедно во секретаријат, ќе биде многу полесно.

    Ако не бива, ќе бараш друго решение. Многу е важно да биде учителката добра, односно да знае да го пренесе знаењето. Така да, скроз те разбирам.
     
    На Yowannty, Biljarkata, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.071
    Допаѓања:
    36.417
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да сфатам кој како што ама го нема тоа само во Македонија туку во цел свет. Ништо чудно. Само не е за во јавност. :drunk:
    Ништо не би направила, исто како тебе кафе би си направила и би си отишла и би си помислила ех вака и јас со симпатијата да сум. :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На mal.ecka, Ava.84, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    181.406
    4 то е, и 5 то ќе им биде истата. Ќе останат неписмени за погорни класови(facepalm)

    @Lianna Anna од почеток е зборено со други родители, никој не е задоволен. Јас и уште една мајка учиме со нашите, ама не можат сите така, кој нема време, кој стварно не разбира за да пренесе знаење а некого ич не го интересира, и тоа има. Би се собрале теоретски 4 мајки, едната спремна беше уште минатата недела да ескалира, ама јас викам чекај, мора да имаме план и да најдеме процедура. Што уствари сакаме и што можеме да постигнеме? Да ја сменат, не знам колку е опција, ама само тоа е решение, пошто стварно не ја бива. Низ цел град е позната дека не ја бива:|.
     
    На Ava.84 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.884
    Допаѓања:
    40.531
    Пол:
    Женски
    Да ама да немате после проблем, ќе се соберете вие 4ца ќе збориме во името на цел клас и после вие криви ќе бидете .
    Ние имавме план направено , собиравме потписи од родители , писма пишувавме до директор .
    Никој не го интересираше . На жал.

    Размисли пред да направите полошо .
     
    На Biljarkata и јolene им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    181.406
    Полошо е да мора да менува школо, инаку од ова веќе преку такво ми е. Уште три полугодија јас да бидам учителка по 4 предмети, од кои еден не ми е мене мајчин јазик, ми е многу. Башка не е можно, секој ден некое дете со плачење да се враќа дома, на кој му врескала за ова, на кој за она, кој се степал а нејзе не ја интересира, значи не се бебиња и не им е прв ден во школо.
    Инаку се плашам од сценарио ко твоето, затоа прашувам овде за повеќе мислења.
     
  17. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.770
    Допаѓања:
    34.053
    Пол:
    Женски
    Од која недела во бременоата одевте во болница да ве следат паралелно со одење кај матичниот , мене ми дадоа упатница за 25 гн да почнам да одам на контроли во болницата каде ќе се пораѓам...
    Нели е рано :D.
    И кога ќе слушнат близнаци како болест да е реагираат :@.


    Јас гурам супер сега за сега немам проблем.
     
    На mal.ecka и Ava.84 им се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    7.438
    Пол:
    Женски
    Да ама детето веќе страда. Се враќа дома нервозно и незадоволно.
    Ситуацијата воопшто не е едноставна. Година ипол е многу време за да го оставиш така, ќе му се изгуби и желба за школо и за учење. А моментално е во годините кога се ствара навика за учење. Треба да се мотивира, а не да се фрустира секој ден.
    На крај краеви не се должни цело одделение да страдаат, ради некој кој утнал професија, а нема доблест сам да си признае и да фати друг пат.
    Јас искрено не би сакала таков наставник за моето дете и би реагирала кај директорот. Може пак и ќе ја тргнат. Нема да знаете додека не пробате.
    Секако сите си ја знаат дека не ја бива. Се забележува кога сите други одделенија се мирни и галама иде постојано од едно само. Може им треба само реакција од родителите, за да имаат оправдание.
    Секако во тој клас нема шанса некое дете да научи нешто. Нема атмосфера за учење.
    Можеш да ја прашаш мадам дали би сакала да смени одделение или училиште. Тешко им е сега, градат другарство.
    Буквално да не знаеш како да постапиш.
    Направете план Билко зошто сакате да ја смените..седнете соберете се и пробајте повеќе родители да вклучите.
    На крај краева колку полошо може да е?
     
    Последна измена: 18 јануари 2024
    На Biljarkata и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    7.438
    Пол:
    Женски
    Рано е. Ама и близнаци најчесто се раѓаат порано. А и колку и да е нормална бременост, кон крајот сигурно е понапорно и за тебе и за бебињата.
    Тамам си е. Подобро порано, отколку подоцна.
    35 недла бев јас. Ако имаш мормална бременост не треба ни да одиш на клиника. Јас бев со дијабетес и над 35, па ме водеа како критична бременост. И близначка ја водат така според протокол.
    Мене баш супер ми беше што ме видоа и нљ клиниката..на крајот ми се погоди истата докторка и некако посигурно се осеќав.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.123
    Пол:
    Женски
    Премногу е тешко да смениш наставник. Не дека не е можно, ама ти треба многу упорност, нерви и време. Треба да докажеш дека постои основано сомнение дека се случува тоа и тоа. Плус, секако дека и по разговор со ректорот, наставникот ќе се одбрани од нападите.

    Ама луѓе, тотален педагошки неуспех, е сериозен проблем и стварно треба да се решава. Се додека нема жалби, нема да има ниту промени. Како поединец, ти сама не правиш ништо, ама ако имаш поддршка од другите родители, со конкретно излагање на проблемот, големи се шансите директорот да застане на ваша страна. Со други зборови, треба да докажете дека ситуацијата е навистина сериозна и дека лошо се одразува на децата. Пошо, наставничката е сама, а вие сте мнозинството. Ова остава впечаток и на директорот и на наставникот.

    Алтернативно и многу покомплицирано решение е министерство за образование. Пошо, ако директорот има врзани раце, овие сигурно немаат.
     
    На Yowannty, Biljarkata и јolene им се допаѓа ова.