И само црно бели мачки имал. Рацете му се цели тетоважи. Па сега кога го замислив со тетоважите помеѓу мачките уште по симпатичен ми стана.
Ај овој мачки сака ,а јас што имам колеги викаат немам деца ,немам жена ,немам миленичиња тие па што живот имаат сами. @Dancewere само што ми излезе ама само за ЕУ, Швајц и потврдени бегалци.
Знак, со жмигавец ќе му дадеш Мачки бе И една е премногу, не пак повеќе од една. Имам чуено за мажи што чуваат змии, пајаци, ама мачки богами уште не. Куче може, ама само сродна раса со моето да е, ако е поголемо од нејзе ќе го искине на парчиња А кога би го гледала, освен кога шетам куче Си напраив филм за непостоечкиот симпатија
И ја сеа читав, стварно неверојатно еј. Значи украинциве пак ќе се шлепаат. А па за ЕУ која глупост. Маж ми е ЕУ нема никаква потреба да вади германски кога неговиот пасош е јак прво, друго секако нема проблем со седење било каде во ЕУ. Која им е овде логиката да ми е да знам.
Чекај малку, кај читаше? Оти ја како што фрлив поглед на брзина дозволено ќе биде за не еу двојно државјанство. Значи за нас. За симпатии немам шо да ви кажам. Ни замислени, ни реални, ни имагинарни. Тв не сум пуштила веќе 6 месеци. И тие шо ми беа филмските ги заборавив..сега на крај на ден, и зборови заборавам и не дочитувам и не разбирам. Катастрофа. Ја мислев тоа трудничката деменција е страшна. Оваа пушта ли некој пат или толку беше од мозок? Џоки каков знак, какви бакрачи мори на 10 мачки. Друг да бараш.
Пушта, не бери гајле Мислам, јас денес имав стресна деменција, на фризерката и се жалев од учителката, и блокада имав, не ми текнуваше името, ама тоа е друго. И фризерката ми раскажа нивна ситуација, се жалеле и барале нова учителка по главните предмети, и добиле. Утре уште на шетачите на кучиња да им се пожалам, и од нив да соберам искуства .
Читате ли низ Мк групи само за тоа се пишува Сакам да прашам, може со Gutschein да си активирам Netflix? Ако има некоја поупатена може да ми помогни?
Епа да, тој е мал Тути. Со 50 гр гликоза. Ако излезе тој auffällig се прави големиот тест на гладно од сабајле, со 75 гр и со три боцкања. Ама за овој ништо посебно не треба да правиш. Си јадеш и пиеш најнормално како и секој ден. Плус и ништо не ти рекле од предходно нели?
Не читаме Неда. Фб немам, не користам сака многу мои податоци. Инстаграм немам профил. Тик ток не знам што е. Буквално у трачарски мрак живеам . Жими овде ако научам нешто. Нетфликс плаќам, не гледам и тоа. Може со гутшајн. Ако немаш акаунт, да си треба направиш и аплај гутшај го внесеш, кај пејмнт метод некаде. Ја не се разбрав. Ти ако ме разбра секоја чест.
Ми излезе на насловната после продолжив да видам што како.Глупост на тие секако им беше дозволено.Еј Англија дава двојно тројно, другарка во исто време со мене отиде има пасош пред 3 год ,јас термин неможам 3 години да добијам.Сега кај нас аусленде бехурде е одговорна со толкави букви пишале имаме 40 000 предмети од бургерамтовите сметајте дека ќе трае пратите и платите па може ќе ви дојде ред.Ај бе за симпатии ќе си збориме,како бе немате симпатија еве комшијата нели ви е симпатичен или продавачот во лидл или или.
Како за нас не важи? Јас како што разбрав за сите е изгласано после 5 години пасош и можно двојно државјанство. Барем не гледам да е потенцирано за некои.
Оди мори да ми ги видиш комшиите, па кажи после. Доле и над нас италјани, кај угоени таму и гласни. Ќе бегаш дур нозе те држат. Од спалната поглед накај старски дом. Абе да знаеш шо симпатии ќе најдеш шо чуда. У маркет гледам само да платам и усвет. Ако има каса за селбстцалунг најарно. Моментално симпатија ќе ми стане тој шо ќе дојде да ми изриба станот. Абе не да ќе се попалам. Три дена има да го славам . Шо друго имаше за муабет?
Чекај нели италјанците беа убави. Абе што малер беше со ова старечкиот дом. Леле мајко ќе си траам веќе немам ни јас симпатии.Овие германците ептен грди .Туку знаеш и јас бев загреота во елтернцајтот мислев почнав жени да сакам оти немаше маж што ми се допаѓаше. Работам во фирма кај што 80%се мажи. Сега ми текна една смеа за еден србин.Имаме србин стар чичко може пред пензија и јас не го знаев , а веќе година време раб во фирмата.Еднаш зборевме на телефон ама де и неколку пати на маил.Имавме парти и доаѓа тој.Ги прашувам колешките кој е србинот и ми го покажуваат.Нели и вие гледате колку Ава е отворен тип и нема срав да приоѓа на луѓе му се избацувам пред него и му велам зборам де и го прашувам ти од србија ли си?Он вика да.Јас му викам јас сум Ава од Македонија. Кога се разбори човекот леле леле.Да поздравиш твој муж мој православни брат. После еден месец пак доаѓа и доаѓа да не види и пред колешката на де ми вика поздрави го маж ти. Кол се чуди од кај го знае маж ти , јас не го знае онака го поздравува оти од комшиски земји идеме.Таа се изначуди,ама јас си имам со кој да зборам на нашки . А сакав кога му пријдов да му кажам ма човече причај српски да те разуме цели свет,ама срам ме фати дека постар човек.
Абе шо знам. Мене не ми се италјаните мој тип. Ниски ми се многу..абе овие може арни биле на младост, ама не остареле убаво. За старскиот мене судбина ми е се у станови у близина да сум. Ама ако не ми пречи. Бар се тивки. Замисли школо или кафич да имаш у близина . Нон стоп галама. Вака имам една заборавена баба, еднаш де жена сум му, друг пат де ќерка ме прави на маж ми. Па шампон ми бара, те батрерии да и купам. Шо да и правам. Давам А и стварно сум за греота. Абе по пораѓај за една недела скроз се вратив, ни стомак ни ништо. А сега од шо без везе само гнетам глупости, стомак почнав да имам и толку ме нервира шо ни симпатија желба немам да си најдам. Морам да почнам да вежбам за да почнам и симпатии да имам .
Ништо цело врееме се дека е супер се дека е добро.....али јас дека имав пред 3 г абортус тука и сега паничм за се и сешто ... и од тука ми доаѓа секакви мисли во главата. Со син ми во Мк ништо неиспитував ништо не ни пиев витамини па се си беше супер.
Што е тоа Kids Treff? Сигурно има кај вас ако може да пише некоја на Гугл. Се собираат децата од 6 до 12 години секој петок и сабота од 15:00 до 18:00. Има таму клавир, трамболина, најразлични игри, вода и јаболка, боење… Е сега проблемот ми е што нешто и со Господ е поврзано, не ми излегува ништо целосно на Гугл, или тоа постои од љубов кон Господ или таму се слуша нешто за него.