Кај нас имаат клуч од станот од Hausverwaltung. Кога имавме заборавено дома клуч , земавме од таму . Како е кај вас?
Леле многу пати помислувам тоа да не се случи, еднаш така го заборавив ама среќа ќерка ми губеше час и дома беше. Си мислам еден клуч да сокријам некаде во подрумот за секој случај. Туку уште една недела имам додека почнам со работа, ама таква трема и паника ме фаќа. Прва работа ми е овде и се чувствувам многу несигурно. Досега не сум го работела ова, не ми е по струка, некогаш се мислам и зошто аплицирав, не ни очекував дека ќе ме викнат. Сакам нови предизвици, ама јазикот ми е проблем, иако се зборува и на германски и на англиски, а во мојот оддел претежно на англиски е комуникацијата. Ќе имам и бесплатен курс по германски од фирмата. Да си кажам и утеха да побарам, ќе биде тешка оваа недела.
Никако не е. Порано кога имавме врата што се затвора со повлекување од надвор, два-три пати си плаќавме бравар, после се преселивме и станот има врата што се затвора само со клуч, па не можеш по грешка да го заборавиш. Другарка ми има клуч кај пријатели оставено.
Тоа е добра идеја . Оставање клуч кај комшии од доверба . Нас ни затвори врата синко , он си влезе си седнал во дневна , тв пуштен . Ние без клуч, па моравме од Hausverwaltung да земаме . Сега исто како кај тебе @Biljarkata врата само со клуч што се отвара , затвора . Синко не преспива веќе неколку дена и мислам дека денот ми е век. Ќе им го оставам на големите да го чуваат , да дремнам пола саат
Ние еднаш кршевме брава во стариот стан после само брава купивме нова, ама човекот што ја кршеше со искуство беше па рече дека нема да ја оштети вратата и така беше. Во овој стан одма купивме брава да може клуч од двете страни да се стави во исто време ( минатиот пат клуч имавме ама и еден внатре беше заборавен во брава па кршевме) и имам еден клуч на таван скриено, а доле и комшии може да ми отворат т.е еднаш го имам искористено скриениот клуч.
Ве молам за помош! Живеам во германија 3 год и сум тука со Сина виза. Како да го променам пасошот со Северна, рокот е до 12феб? Дали треба во Мкд или може посредништво тука амбасада/конзулат? Се плашам како тоа би афектирало на сината карта, со оглед дека е со тековниот пасош? Фала многу
Ти девојче девојче ич не си попримила од дојчовски менталитет. Не се чека последен месец (ти рече една шо ауфентхалтот не си го средила се уште .) Можеш преку амбасадата да закажеш термин за пасош и тука да завршиш работа. Мислам дека преку мејл се закажува. После одиш во ауслендербехоерде или кај и да треба кај вас и правиш пренос на визата. @Dancewere за искуство како се вади пасош од тука. После ќе се допишам. Не дека имам шо многу да кажам де. Не вакцинирам со менБ. Одлучивме едногласно.
Можеш во амбасада/конзулат ама термин ти треба изгледа.За големата и маж ми мене во август во берлинската амбасада отидовме без термин без проблем не примија ама морало термин не предупредија.За помалку од 6 недели го имавме пасошот. За сина карта исто ќе ја смениш тоа не е твоја вина .
И сопругот е со сина карта, сега менуваше пасош треба да оди да го земе. После ауфенталот се менува, визата во пасош секако е истечена.
Не е од невнимателност или она се во 5 до 12, туку сакав да избегнам што помала бирократија, од виза да преминам на ауфентхалт, да скратам неколку чекори ама само си набив стрес и нервози. Фала на инфото, јас сега ке се преселам во франкфурт, па најссодветно е да го контактирам конз. во Бон. Ако има некој искуство со Бон, плиз нека сподели. Фала најмногу
ооо колку доцна ццц, а во меѓувреме ако сакам да дојдам во мкд (пред јули) со стариот пасош нема да можам да влезам? леле хорор
toj del ne mi e jasen moze kw mozes da vlezes ili pak ke ti treba platen list neznam sto vikaat od mk
Дали има некој искуство со пренос на виза од стар на нов пасош? Кој е надлежен за тоа, дали аусландербехорде или има повеке служби? Многу период на чекање ми е во конзулат, побрзо во Мкд ке го сменам со брза постапка, па после го средам преодот на визата од стар на нов пасош? Ако има некој совети плиз
Пиши blaue karte / visum übertrag во твојот град и ќе ти излезе кај да се обратиш. Распрашај се добро прво кога и каде има термини. Псоле види евентуално накај мк по брза постапка. Уште поарно ако имаш некој да ти каже дали сигурно можеш да заврашиш работа, да не заглавиш па кај нас. Оти сме такви како што сме и пошто ги изненади фактот што стотициилјади жители сакаат во последен момент да сменат пасош, не знам дали и по итна ќе завршиш толку итно. Дали имаат материјал и капацитет. Се нашалив преска. Не дека те критикував. Сподели погоре една женска, 6 месеци имаш рок да смениш виза по промена на пасош. Не може да афектира новиот пасош на визата.
Ова ни се падна во играчка од Примарк. Сум го фрлила упатството.. Се ставало во вода и во микро. Знае некој нешто повеќе?