Ова да не се тие термофорчињата со семки од вишни или нешто друго беше? ако се тие се ставаат во микро и се затоплуваат, па се стават на меше или каде има болка. Едит.
Да не е ова тоа шо се става на стомачето на бебињата за да ги стопли? А во каква играчка ви се паднало? Да идам и јас да видам.
Ти благодарам. Инаку тоа шо ви се паднало , мислам дека е тоа перничето со трици внатре, го стоплуваш и го ставаш на стомачето на бебето. Е незнам дали и за возрасни може. Имав такво и јас, ама којзнае кај е фрлено.
Фала многу за помошта, екстра совети ми даде. Тотално си во право, не ме искритикува мене, туку се нашали на твоја сметка. Јас доста калкулирав со постапкиве, затоа сум љута сама на себе, место ауфентхалт во раце, јас уште ке се бавам во виза и пасош. Тоа е, ум за друг пат! Убава вечер
Леле колку ми беше шармантен и заводлив таков во серијата и на тоа интервјуто како скроз некој недоделкан па накај глуп да . Некако ми се скрши филм и не го догледав после. Ама и многу сезони се. Колку се изнасмеав на глуп ли е? да знаеш само Леле ме потсети. И мене многу ме тинтреше шефка . Ја на пауза со ќебе и перницата на под лежев последен месец. Имаше и кревет, ама во друга просторија беше. Ме мрзеше да одам таму. Ми фалат дури. Интересно колку одамна ми се чини дека беше. Најголем страв ми е без клуч да излезам. Во трезор живеам . Па тоа ако сум без клуч морам да се јавам на хот линија да дојде да ми отвори . Вратата е толку сигурносно направена шо дали и динамит ќе ја сруши не сум сигурна. Не знам на колку места се заклучува кога вртиш клуч. Вратата е супер ама за во куќа. И после кажете оти газдарица не е параноја. Ние скроз различни сме. Маж ми еднаш ширум отворена ја зборавил едно добри 2 саати . Фала богу никој не влегол. Комшика над мене сто пати ми се има јавено на телефон да ми каже дека клуч ми виси на брава. Треба да се уозбилиме малку..среќа нема многу станари во зградата. @Honey Eyes со среќа! Се ќе биде во ред. Секако овде е планирано време за Einarbeitung. Не си прави стрес дека мора се да биде без грешка уште на почетокот. Никој нема да очекува од тебе се да можеш од прв ден. Ќе дојдеш за еден месец да ни кажеш колку добро си се вклопила.
Кога ќе заврши Einarbeitung ќе се има разговор со шеф или така нешто? На крај од три месеци ако не ми рече шефот уау ќе си барам нова работа. Може Weiterbildung без Ausbildung? После три години искуство веќе се водам како да имам Аусбилдунг ама може треба некои Prüfungen да правам за да добијам потврда дека имам Аусбилдунг. Ќе прашал шефот рече како треба точно. Ме фатила некоја страшна желба за учење. На работа сама си се учам. Некако преспоро се одвива се за моето темпо. Па пред некој ден викам јас ќе правам нешто, и шефот ме прашува дали знам и викам па мислам дека знам ама на крај се добро направив. Да не испадне дека се фалам ама многу сум интелигентна и цело време гледам да научам нешто ново. Малава прееска како мене звучеше, вика не можела да издржи морала да учи нешто и измислуваше сама задачи решаваше и пишуваше. Коса извиткана Со маж скарани Му викам дали знаеш ноктите какви ќе ги правам сега И вика само ако ги направиш црно бели (како мачките од симпатијата) - интелигентен е и тој значи одма му Текна И му се споија сите жички вика ај кажи какви Викам што се нервираш бели мислев А секако црно бели мислев И сеуште мислам И тој знае дека црно бели дека мислам Добра ноќ
Прашање до мајките иселенички Дали вашите дечиња имале потешкотии со говорот со оглед дека од самиот почеток се соочуваат со два, па и три сосема различки јазици? Кај нас дома се зборува на македонски, во градинка на друг јазик, а детето ми прозборува англиски од цртаните. Не седи цел ден пред ТВ, но брзо запамтува зборови и добро ги изговара. Многу посветено се трудам да учи македонски, сакам да знае, тоа и ќе комуницираме по дома. Седнуваме во игротеката, опишувам животни, читам книги, цела комуникација е на македонски. Но, не гледам никаков интерес. Сите зборови се на англиски. А верувам дека ќе почне и тукашниот јазик набрзо да го учи. Дали вашите деца зборуваат македонски и како се трудите да им го зголемите интересот да го зборуваат?
А зошто цртани на англиски? Цртани на македонски или цртани на другиот јазик. Ама најдобро е без цртани во секој случај. Ги прозборуваа двата јазика, до 3-4 години зборуваа во една реченица малку македонски малку германски, од 4-5 нагоре или само македонски или само германски. Комшиче под мене само цртани на англиски гледаше и знаеше да брои на англиски азбуката сите бои, и сега на 5 години сеуште не знае германски во градинка, а ниту мајчиниот романски. Цртаните се повеќе штетни отколку корисни. Во вашипв случај треба да престане да гледа цртани на англиски и решено ќе е се.
Моите и двете знаат македонски.Пошто во школо учи повеќе зборови големата ,некогаш не го знае македонскиот па го кажува на германски гледам да и го преведам.Сега гледам сака од букварот да учи кирилица.Таа малку покасно прозборе,за разлика од малата што на 2 год 4 мес почна одма да мели цели реченици.Се уште меша македонско германски ама нема уште ни 3год.Цртани почна од 2,5 да гледа на германски немаше интерес пред тоа. Како Џоки ќе ти кажам ако детето не живее во англиско говорно подрачје да сум на твое место би ги тргнала цртаните,јас на моите германски и мк им пуштам.
@јolene ти благодарам на утешните зборови, ми значат. Имаш право, сама си создавам притисок како да треба сè да знам уште на почеток, а секако ќе имам три месеци Einarbeitung (сега го прогуглав терминот, ама најверојатно тоа е тоа, претпоставениот со кој разговарав на интервјуто ми кажа дека по три месеци пак ќе седнеме, и јас и они ќе си кажеме впечатоци и ќе се договориме за понатаму). Вчера имаше протести овде во градчето, во недела пак се најавени, кај големата во школо на разглас нешто зборувале, од тоа што разбрала за демократија, AfD спомнувале, протести. Зарем и во школо децата со тоа ги замараат, сакам да мислам дека не разбрала убаво. Друго што да кажам, овде ми фалеше ракија, ама си најдовме замена Chantrѐ, и сега ни донесоа ракија ама Chantrѐ-то некако повеќе ми легна. Вината многу ефтини, и има избор, тоа да не знаеш што да одбереш. И едно fruchtsecco од калинка исто е многу убаво, од него секогаш имам залиха.
Chantre е топ и нас ни фале ракијата и ние го зимаме мора да има во фриж секогаш исто пробајте го и Majestat , иста цена е или мислам и 1€ поевтино беше од Chantre , а што се вика исти на вкус се мала арома има некоа плус , не асоцира ко коњакот наш нас , а пак малку појак вкус ако сакате има едно Asbach. Вино поретко се пие и бело строго.
@Poppins да го знам и Majestat, ги имаме зимано, во Лидл го има, а исто и во Алди има Regent мислам беше, тие и трите се weinbrand, тука некаде по вкус. Asbach немаме пробано, баш ќе побарам.
Вие за алкохолите ја за кашите Кога почнавте со месо кај бебињата? Демек од 7 месеци е ок според некои табели, а тука прв оброк треба да е компир со месо . (Гемузе картофел флеш бреи бе .) Поима немам кај терам веќе. Ај то мајки со мали деца шо не сте потиснале у заборав кажувајте.
Здраво, имам едно прашање.Дали влијае на продолжување виза и офентал,познавањето на јазик ниво Б1?Моментално посетувам интеграциски курс сега почнав со Б1 тешко е има за учење..Дали доколку не го положам завршниот испит за сертификат ќе влијае на мојата дозвола за престој?
Јас од 8 месеци почнав да давам месо. Телешко и пилешко био купуваме од Лидл. Докторката на секоја контрола уште од 6 месеци ми велеше да давам телешко месо за железото и вурст да му давам да си грицка. @angela>>>red25 не би тревало да влијае. Според лично искуство и искуство на луѓето околу мене, се зависи кој службеник ќе ти се погоди и дали ќе биди расположен тој ден.
Абе нејзиниот и рече како дај и да проба ако и се свиѓа давај..мене искрено да ми речеше по експлицитно ја три оброка ќе и водедам и се одеднаш . Вака смачено ми е се компир, и три вида зеленчук само. И нејзе и е смачено. Преска ја загриза баната од татко и шо јадеше пред неа .
влијае на продолжувањето во смисла на траење Додека не доставиш Б1 цепкаат де една година де две. Кај мене пример така беше ми даваа на година, кога доставив ми ја продолжија на 5години. Ако си Нон Еу сертификатот го бараат за унбефрист.