Не се сеќавам. Со првото пазев. Со второто не. Тоа само се сеќавам. Зошто ја убил? Зависи дали ти или маж ти сте еу нон еу. Ако е маж ти еу и ти преку него си дојдена тука тогаш не ти треба Б1.
@јolene јас завршив пред 5-6 години со кашите, колку што се сеќавам прво беше пробување вкусови, јаболко, па круша, банана, морков, па после тиквичка, блитва, и сето тоа во комбинации со житарки, гриз, палента, кисело млеко. Месо телешко на 7-8 месеци, риба на 12. Тоа е што се сеќавам. Со првото и јас се замарав, второто само си порасна. Сега гледам има нови методи , BLW, finger food, како ти мислиш дека е најдобро така прави си, ти најдобро си го познаваш детето. Прв оброк компир со месо не би дала.
Во петокот на раб имавме предавање од адвокат на тема Patientenverfügung und Vorsorgevollmacht може и не ја напишав најточно темата.Ама се однесува на тоа што сакаш да ти прават во случај на кома/болест до дека да реагираат докторите или сакаш да те остават и да си одиш.Исто интересно е bankvollmacht ако сакате да дојдете до парите на сопружникот. Потешка тема нема у.пм особено петок после мојто работно време. Инаку шефицата се грижи ептен за вакви работи и сака да не просветли, особено кога ненадејно почина невенчан сопруг на колешка. По 30мин заврши предавањето мислам бев како од олуја однесена да не кажам по патот накај дома имаше секако олуја. Има ли некој веќе спремни вакви документи или првпат слушате за ова? Еве се терам веќе 1,5 год да ги направам ама се си викам јас сум бессмртна,а сама знам колку висев на конец . Ај бе зш немате симпатии ќе ги оговарвме, животот ептен е црн инаку од сите страни сум сардисана.
Банкфолмахт имаме. Јас уствари немам тука сметка. Се отворам и никако да отворам. На една ни одат сите приходи..јас имам полномшно уште пред да почнам да печалам. И некое оаигурување од него имам. Само не дајбоже никогаш да го користам. Кога мислам на тоа, договорени сме дека не смее пред мене да умре, мора некој дете да гледа. Уствари он на мене ми е симпатија изгледа за сто животи. Можам без без него сигурно, ама не сакам. За другото, да проба додека има надеж. Ако ми прегори мозок, нема што да ме чуваат на апарати жив мртовец. Нека ми донира органи и тоа е тоа. Ова последново уште не сме го средиле со документи. Оти не ни се умира сигурно. Да не предизвикуваме судбина со тешки мисли. Дајте нешто повесело. Ноќеска беше драма во пет чина. Којзнае како ќе биде вечер третата смена. Да средам на брзина кујна и да го оставам да готви расолот . После четири дена ќе луфтираме низ дома.
И јас имам исто полномошно на сметка во банка т.е ја делиме двете плати таму стигаат. Другото не сум ни помислила имаме само еднаш зборено каде ќе се погребаме и ништо не одлучивме туку како ќе налага животот тогаш кога ќе се случи. Кога сме кај симпатиите сабајле го разбудив мм да го прашам дали му е забарката симпатија зошто во календарот запишал термин зубич вила .
Ако имате заедничка сметка не е изгледа проблем,проблемот е ако имате посебна како нас. За одлучување во такви глупи случаи нема право никој без полномоштво .Ако нема полномоштво се доделува законски претставник и тој кажува што со лицето.Дали да го носат во дом исто тој има право на вашата банкарска сметка. Така јас си седам во петок и велам охоо ќе се усреќи овој од мојата сметка.Да му се падне некој како шефчето ама како мене ќе треба он да плаќа. Катастрофа закон. Мене од нервоза долната вилица вчера ми се вкочи и не сака да попушти.Не можам да спијам.Одамна ме нема фатено ова од кога големата беше бебе и не траеше повеќе од 5 мин .Имам шина за забите ама не ја носам. Си реков не се нервирам и ќе се малтретирам со неважни работи како симпатија ама еве во пазадина проблемит пак си стои и си изби.
Ма кој ги знае што може да измислат. Реално е ова нешто што мора да се дефинира однапред, штом вакви лудории прават. Ќе се распрашам.. Требаше како демек да ги поделиме сметките, ама со полномошна. И пошто банката ни е во нрв уште, знаете како е нели. Еднаш ни требаше поголема сума пари во ќеш, па една недела вадевме по 500 евра од картичка . И беше ко демек да префрлиме овде, и на муабетот остана. Па имав случај еднаш кога мислев дека ми е украден новчаник со картичките. Ја блокирав, после ми ја пратиле новата на старата адреса..оти само на маж ми адресата била сместена на профилот, а не и мојата. Па забележав одма и им вртев. Па не можев да ги добијам на телефон три -четири дена, ми велеа ќе ми се јават и не ми се јавија. Па се налутив и кога се распишав мејлови на три страни, абе за пола ден се оправи работа и се јавија уште да прашат ок ли е . Ама им пишав како бе да ви веруваме дека може парите да ни чувате, кога не сте во состојба надзат да се јавите . А новчаникот за среќа само ми паднал од ташна некако и едно детуле го нашло и однело дома. Мајката се јавила на тк и од таму и дале контакт. Па ми се јави ми го врати.. имало уште фер народ инаку . За симпатии ќе збориме за некоја година здравје .. Сега од сабајле уште кафе ми носи пред очи да сум во состоја да отворам и дупе миеше за да не ми почне со каки денот. Потсвесно морално не сум во состојба симпатии да фаќам .
Ма ќе го носат во дом ако има некој способен кој што сака и може да се грижи сигурно ќе дозволат, не системот да го оптоваруваат. Ова за поголеми одлуки како донирање органи може да е ( пеетпоставувам). Па и за средствата при развод се дели стекнатото освен ако не е поинаку склучен договор посебно. Дака и за парите кога ќе почине некој си има законски правни наследници освен ако нема посебен документ кон што налага да не е така. Барем до сега беше така нели и пензија се наследува? Или нели во случај кога не постојат наследници од прво колено како сопружник и деца, па место подалечни родини да одлучуваат има законски претставник. Комплицирани работи ми се овие. Колку често треба тоа да се обновува нели постојат разводи и во случај на развод прво треба да трчам полномошно да менуваш после да се разведувааш. Незнам сепак ти си слушала предавање на темата искрено со такви работи не ми се замара, а какво време е ништо чудно да мора.
Ова е нешто друго никој развод не спомна.Се треба сам да кажеш што да ти прават.Кај мене шефовите се повозрасни и во брак ама еве и тие имаат вакви работи спремано. Наследство е исто битна тема. Се надевам ќе ја најдам поканата на меил на работа имам линкови за документи па може овде да ги ставам.Ама на служениот мејлот имам пристап само на работа немам поима што пасворд имам , а и пасвордите ми се на раб.
Абе разбирам само констатирав кога при развод се дели пола пола зошто во случај на смрт брачниот другар да нема пристап до средствата ( ова за банкарски сметки беше) нема везе комплицирана тема е секако. Иако да мораме тоа да го решиме секако. Некој да користел Vermögenswirksame Leistungen ? Имам некој прашања
Јас бишто не разбрав ниту сум упатена во тие работи. Во случај на смрт на едниот другиот нема ли право на сметката ?
Страв од забари немам ама ич. Не знам кој проблем го имам. Неколку прашања имам. Кој имаше од темава заби од 10 000 евра? Сакам да прашам дали прво мораше да платиш па осигурувањето ти ги враќа или директно осигуруваеето и кое осигурување? Што е weißheits Zahn ако така се пишува? Осмица по нашки? Горните два ќе ми ги ваделе, а јас не ни прашав зошто. Проблемот ми е како да се наканам термин на забар да направам да ми извадат четири заба? Колку дена нема да смеам на работа? Не сакам да отсуствувам од работа, нова сум. Мора да се почне од вадењето, па пломбирање и професионално чистење. Па после навлаки.
@gjoker4e јас бев таа со забите од 10иљадарки Пред 8 години најверојатно беше тоа . Значи забарот средување тоа со осигурувањето . Zahnzusatzversicherung имам јас и таму покрија околу 8 илјади. Од Krankenversicherung покрија исто нешто зашто бев редовно на забар. Прашај на забар како оди се тоа Може е различно .
Колешка пред некоја недела вадеше 8ци и ѕоа сите 4ри, нејзе и дадоа 1 недела кранкшрајбунг ама таа беше 2 дена хоум офис и другите си доаѓаше оти претходно и се погоди многу да отсуствува.Не можеше една недела да јаде вистински само супи и течно, беше малку модра на образот како да и удрил некој шлаканица, ама немаше болки. Сега е можно ако ти пишат повеќе кранкшрајбунг да отидеш порано на работа ако сакаш.Кај нас така кажуваат.
Дали знаевте дека ако сте пишани болни и одлучите порано да се вратите на работа, треба да се напишете здрави кај доктор, во спротивно ако ви се случи нешто на работа, не ви покрива осигурување, оти нели од доктор наредено ви е дома да сте. Се прекинува боледување кај матичен.
Порано важело ова .Кај мене овие од хуман ресурс кажаа, одат на семинари ептен редовно па мислам дека информацијата им е нова. Еве гугл што вика. Eine Krankschreibung ist kein Tätigkeitsverbot – Sie dürfen also rechtlich gesehen zur Arbeit gehen, auch wenn Sie krankgeschrieben sind. Möchten Sie wieder zur Arbeit gehen, obwohl Ihre Krankschreibung noch gültig ist, steht Ihr Arbeitgeber in der Fürsorgepflicht.11.08.2023
Ние имаме направено Gütertrennung. Направивме договор, потпишавме, нотар завери. За секоја не дај боже варијанта точно да се знае што чие е. Односно се дека е мое.
Може. Гледаш како новости учам од вас. Знам дека еднаш имавме таква ситуација и ми остана во сеќавање. Ама или се смениле нештата во меѓувреме или не биле информирани кај нас на работа, или било само оправдување да го вратат дома . Не сум барала низ закони да видам .