и јас тоа го поднесов ама незнаев дека треба во мк да чекам јас останав тука јас недобив ништо можеби дека имате деца
Јас тука поднесов документи. Ама не за фамилијарна виза. Нема потреба. Јас можев кога сакам да дојдам со маж ми. За виза се поднесува ако сопругот е со работна виза.
Ти додека чекаш офентал имаш право да седиш во Еу. Е сеа ако сакате доле да се враќате, одете тамо кај шо ги поднел маж ти документите и треба да ти дадат лист на кој пишува дека чекаш офентал. Со тоа ќе избегнеш казна ваљда. А најпаметно ви е да одите до тамо кај шо ги поднел документите и дирекно да прашате. Преку телефон они не се замараат многу, и ние имавме слична ситуација.
Добро вечер. Дали знаете дали очен доктор во клиничка дежурна болница може да даде боловање? Окото ми е воспалено, ми солзи, имам дрлки и плус отечено со болка. Бев кај нас во болницата и ми рекоа дека немаат очен доктор моментално во итна служба туку морам до поглавен град да возам. Очен доктор матичен немам, па сакам да одам во итна служба во клинички центар. Плус сабајле ќе одам и кај обичниот матичен, но не знам дали би можел овој од итна да ми даде боловање што не сум на работа.
Тогаш дали може обичниот матичен да ми даде боловање за очите? Бидејќи овде каде што сум тешко примаат нови пациенти, особено па очните доктори. А и сега немам баш време да тражам очен матичен.
Дечки лани во август или септември мислам во околинава изгоре некој предавател од водафон и во пола град нема мрежа. Многу се бунат редовно се пишува на групата од градот многу луѓе имаат проблем ама еве колку време помина се уште не е решено. Имам проблем од дома да се јавам на телефон нема мрежа редовно од пола град исто е така. Е сега јас имам при пејд бројче на лидл кој се преку водафон и сега би сакала да променам оператор да го задржам бројот ама да не склучувам предплата јас пак би одела на при пејд ама дали е возможно во тој случај да си го задржам бројот? Една пријателка ми вика џабе ќе менуваш Германија секако е катастеофа со мрежа, ама почна многу да ми смета.
Ако ти е за само од дома што немаш мрежа, кога си дома можеше некако да се поврзеш преку мрежата на домашниот интернет да си закачена. Јас сум така и супер функционира. Се ти е исто и јас сум припејд. И кај кај нас нема мрежа во станот. На фоник сум, а фоник не знам кој е. Ако сакаш да пробаш https://www.vodafone.de/hilfe/wifi-calling.html https://www.heise.de/tipps-tricks/Telefonieren-ueber-WLAN-so-geht-s-4676767.html wifi calling се вика, прочепкај на нет за твојот телефон. Само за нот руф треба да ти текне да исклучиш мрежа домашна прво на знакчето на телефонот и да вртиш.Не дајбоже само.
Е фала ти за инфово. Највеќе ми е за дома и понекогаш низ град што немам интернет пример на логопед додека чекам ама си земав книга
Пробај, дополнив со уште еден линк горе. За кај логопед нема помош. Или да ти даде пасс или книгата да. Малку одмор од нет.
Дали некој има добиено фамилијарна виза, а притоа бракот да е склучен по заминување на брачниот другар во Германија?
Мајки дали училиштата имаат од сите страни камери. Денес ќерка ми ја земав од училиште преплашена и на сиот глас плачеше. Обично излегуваат од задната страна на училиштето бидејќи таму има паркинг и ги земам. Е денес излегла порано малку и рече дека имало тројца мажи со кола која работела.Едниот кренал кон неа но таа почнала да оди на што тој почнал да трча по неа. Таа излегла на предната страна на училиштето и рече кога се свртела го немало ни него ниту колата. Мене ме фати страв дете е знам може и не е до толко паника да кревам но сепак сакам да бидам сигурна и со каква намера е бил човекот. Па дали тоа може да се види ако секако имаат камери
Мораш одма во полиција да се јавиш и да кажеш се. И кај нас претходниот месец кола со двајца мажи и една жена зборувале на дете. Нели не смеат да излезат од дворот додека не дојде родител? Кај нас има деца што сами одат идат. Ама за нас знаат дека ние ја носиме земаме и не смее сама да излезе од дворот. Одма јави се во полиција и кажи се Мислам дека школото нема камери, и да има ќе се до дворот, ти велиш пред дворот, само ако има од соседни објекти или полицијата ќе објави оглас за да се јават сведоци ако имало Сигурно се има случено ова Не може дете да го измисли тоа Цело време има луѓе што чекаат само прилика
Јас сум O2 и до сега немало никаков проблем. Мрежа и интернет секаде и секогаш. Кога дојдовме бев Vodafone и ни мрежа ни интернет. Цело време им се јавував ама џабе се и на крај сменив O2. Пред да смениш треба да провериш колку е јака мрежата и интенетот во твоето место. На O2 кога проверив беше супер. Vodafone немам проверено. Ми се спие многу сега и не ми текнува како треба да пишеш за да провериш @blessed.an се јави во полиција?
Немора да ти биде матичен за да те прегледа. Јас веќе два пати одам кај очен само треба да се јавиш да кажеш симптоми и ќе ти дадат термин. Ако е конјуктивитис можело и дежурниот општи доктор да ти препише капки. Јас минатата недела бев на брзата поради тоа. А за боловање нели може и телефонски да ти дадат и до три дена немора да носиш
Не бев на очно, бев само кај матичната. Таа ми кажа поради настинката и со ослабен имунитет, го имав прифатено од ќерка ми бидејќи претходната недела таа го имаше истото. Ми даде маст со антибиотик и да мачкам. Но еве денеска приметив дека веќе и на другото око ми се појавиа дрлки, па така да почнав и таму да ставам за да спречам доколку е можно на време. Инаку фала ти. @joana18 знам дека можело, но ете таа само дојде во болницата и ми кажа јас сум интернист, најдобро е да одеш на очно. Фала ти ипак. П.с. Само не знам дали е паметно да ставам и облоги со чај од камилица? Така прочитав па не знам дали и тоа да го практикувам.
Исто и јас го закачив конјуктивот од ќерка ми , мачкав мас со антибиотик , па ми отече окото никако не се смируваше , исто и од капките на ќерка ми не ми помогнаа. Отидов во сабота на итна и ми дадоа капкии кои за еден ден буквално ми го смирија окото отокот се повлече исто и црвенилото. Нормално за 4 дена треба да помине . Те советувам уште еднаш да одиш на доктор да смени терапија , за жал потребно се капки / маст со антибиотик овде аптекарката неможе да ти помогне. Две недели бев со црвени боли очи , затоа те советувам .