Што е тоа Bonitat? На маж ми му рекле дека ако сака да земе нешто на рати треба да има добар Bonitat. Дали јас како невработена треба да се пријавам во Џоб центар?
Бонитет=кредитна способност. Се утврдува врз основ на историја на приходи и расходи, веројатно некој испис/документ од банката кајшто има сметка. Нека праша во банката.
Во џоб центар само ако ти треба пари,курс, вајтербилдунг... ама со тоа го губиш правото на германски пасош. Ако се пријавиш во арбеитсамт таму можеш како јобсухенде да се пријавиш и со тоа да ти пракаат покани за работа,ама не добиваш пари оти немаш работено до сега исто и курсеви за дојч можат да ти платат мислам.
Другиот месец ќе одам во Берлин, па имам едно прашање. Каде можам од аеродром да купам картица за интернет, бидејќи многу ми е важно да имам постојано интернет?
Јас веќе неколкупати имам патувано со новиот пасош, без сменет ауфентхалт, и не ми направил никој проблем. За секој случај го носам и стариот пасош со мене, ама досега никој не ми го побарал. Сега конечно решив да закажам термин, онлајн да, ама ќе мора секако да одам таму и се зафркнав, дури за 3 месеци има.
Здраво од долго немам пишано. Ние сме добри,синко второ оделение,па има повеќе учење,постојано сме со гости од школото, плус воншколски активности и време нема да пишам. Имам еден проблем,а не знам кај да прашам совет. Имам една мајка од школото познаничка, што ме нон стоп замара да и го земам детето на преспивање.И тоа не едното,туку и сестрата близначка. Искрено немам проблем да доваѓаат деца кај нас.Требаше три викенди по ред 3 различни деца да преспиваат.Ама се чувствувам искористено,оти никогаш не го зема син ми,а нејзиното дете има веќе преспивано и повеќе пати има доваѓано да си играат. Дете е супер културно и не прави проблем. Ама ме нервира страшно односот на мајка му.Цело време кука како маж и не ги сакал децата преку викенд.Разведе ни се,и сега секој кажува своја страна.Тоа не ме интересира.Ама ми изгледа така како што кажува бившиот маж дека она сака да се журка и само гледа да ги тупне децата на некого. Пример јас работам викенди и требаше да почнам од сабота 3 смена на германскиот Божиќ.Она си сака изгледа Божиќна забава со другарките и ми вика е нели може децата да дојдат во петокот кај вас да преспијат. И нормално и се извинив и ја одбив. Сега ми пиша пак да спие едното,син и.Викам ајде ок,за другиот викенд.Денеска главата ми пука на работа во втора смена и гледам порака кога да го донесам син ми,во недела е на Турнир фудбал,ќе си го земам во 7 саатот(недела место да се одпијам треба да се издигам раното). И викам донеси го околу 5 саатот поручек.Ми вика ама јас сум на роденден може ли во 4 саатот,морала на роденден.Не може ли покасно да тргне на роденден?Па има автомобил.Се е врти сукај мене ти планови како да е принцеза и како на нејзе и одговара.И цело време маж ми не сака да ги земе децата,... И она ако ми помага и го зема моето дете,ок.Ама вака од една страна се чувствувам ептен искористено и како да сум глупава. Работев 4 викенди по ред.Наредниот викенд ми е прв слободен викенд и место да си го испланирам денот со фамилијата,она ме замара со нејзини проблеми. Не знам како да и кажам,а да не сум дрска,дека претерува. Си живеам и со две други мајки.Ама ваков проблем немам.Помагаме си кога треба и јас разнесувам деца,ама и они исто. Спојлер
Епа не можеш да бидеш и фина и неискористена така да или ќе си гледаш свој ќеф и не ти е гале што мисли или ќе треба да се нервираш.Твое е да си одлучеш.
@Ava.84 Е, тоа ми вика и маж ми те користи и си траеш.А, цела фамилија и е тука од баби до сестра и други роднини. И цело време демек немала место кај неа за децата,а нејзиниот стан е поголем од нашиот.Плус на сестра и децата ја имам често гледано како ги зема од школото. Се мислев вчера да и кажам дека може и покасно да отиде на роденден,пет пати составував пишев бришев и на крај и реков ок.Ама главата ми фифна. Не сакам да се скарам,оти си играат убаво децата.А, син и има кажано како мајка му му бранела да си игра со некое дете од школото.
Почни поретко значи кога ќе те праша следно речи не можеш, па ќе кажеш можам па следните два што не и така. Или ете на два саати нека дојде да поигра па дома. Тоа е по ок ама исто немора све кај вас. Па само она ли е на светот разведена па што викаш со цела фамилија тука, ние тука сите све сами мора да се снаоѓаме. Не се мали за преспивање? Мојот 6 има уште го успивам и во сред ноќ доаѓа кај нас.
Женски од Temu како можам да нарачам наједноставно? Со Sofort нешто не може, со Mastercard исто, ми ги бара тие 3 бројки што се позади а Mastercard немаат. Дали постои опција како Амазон или Заландо со картички? Btw стигна писмо од Familienkasse дента кога бев решена да праќам докумени на ново по пошта
Така ќе пробам,да се дистанцирам.Оти ако и кажам во лице само ќе се испокараме. Мојот е сега речиси 8 години,за некој ден ќе слави роденден. Ама во Септември лани беа цела недела на одмор во замок. И пред да отидат,ни кажаа воспитачките/учителките да ги учеме децата да преспиваат на друго место. И тогаш почнавме неколку мајки да си правиме како Übernachtungsparty.Моето беше на неколку места,а кога дојдоа кај нас прв пат беа 6 деца,ги ставив во дневната,оти немам голема детска. Инаку и моето до 6 можеби или 7 години спиеше со нас.Му беше страв да спие сам,од кога почна да спие на други места немам проблеми.
Со Klarna не можам, не знам зошто, се утепавме со мм еден ден па измешавме и лозинки и се A со Paypal како е, исто преку картичка или?
Направи нова адреса на кларна. А, пеј пал е исто.Логираш се треба да поврзеш со некое конто.Јас сум со моето банка конто од ЕЦ картата,ама можеш мислам и кредитна картичка да дадеш.
Вие што имате 4/5 годишни деца, како ги поднесуваат блиските воншколски активности? Ќерка ми ме убедува да ја запишам на балет. Опседната е со балет во последно време само игра и скока. Разгледав неколку балетски школи има во градов ама сите се со термин во 15 или 15:30 попладне. А таа до 14 е во градинка и кога си доаѓа дома е доста уморна ради што е пре истрошена. Често и преспива. Не знам што да праам.. издржуваат ли вашите деца така блиски термини? Многу сакам да ја пратам, може на неа и нема да и биде проблем, ама вака мене пренапорно ми изгледа…
Штом сака радувај се и пробајте пробештунде ама мислам од возбуда ќе издржи. Нели преспива во градинката? Мојата на 7 год ја однесов проба 2 чекора и седна се срамеше и не сакаше оти не знаела да танцува.
Не преспива. Сега е до 1, па планирав да зголемам од годинава да е до 2. Во 12 им е ручекот и во 1 кој сака може да дремне, ама јас тогаш ја земам па често дремнува дома. Бара да и пуштам балерини на тв, гледа, имитира, па ни праи театар дома да и ракоплескаме, за срамење не се срами, мене поише ме загрижува дека е премногу тесно времето и после не знам како би функционирала до крај на ден. А кога е уморна е боже чувај.
Moeto e do 13.30 vo gradinka, ponedelnik odi na fudbal od 4 i 15 do 5 i 15 ,sreda vo muzicko skolo od 15.10 do 16.10. Ne spie ni vo gradnika, ni doma... obicno do 19.30 zaspiva i spie do 7 i nema nikakov problem. Mene mi e nekogas naporno nosi raznosuvaj, ama koga saka nemozam da kratam.
Јас на карате ги пишав. Малата беше 5г кога почна, најмала во групата. Во градинка до 16.00, дома идеме, некој снек апнува, се пресоблекува, одма тргаме за на карате. Повеќе од пола година успешно тераме.
Јас прво те прочитав вие што имате 4-5 годишни деца како ги поднесувате Од 4-5 години оди во танцшуле. Енергија не знам од кај имаат. Совет кога прашував во фемина најнаместо беше со такви активности да почне откако ќе почне во школо ама сепак ти најдобро знаеш за своето дете. Јас би ја запишала на балет. Еднаш неделно да оди ок е. Тие имаат повеќе енергија од нас. Ќе ја носиш пред дремката и ќе се рассонив. Едноставно запиши ја и не размислувај премногу. Ќе ја отпишеш ако нешто.