А кажете ми мора да сте таму да ги чекате додека вежбаат? Јас сум со малиов врзана ќе треба и него да го анимирам во меѓувреме. Јас сакав на таеквондо да ја пратам и група и најдов и зборевме дека ќе оди, ама еве колку и да беше возбудена на почеток, нејќе веќе некое време. На балет сака. А балетов е 4 дена неделно и да сака да е на нешто друго нема да може.
Не дозволуваат кај нас да се чека внатре. Се ствара многу гужва а и простор се нема. Иако секој за себе одлучува, ќе ти кажат, верувам и кај вас е така. И моиве имаа одено како помали на балет, им помина после меракот, иако големава сега пак спомнува, ама чекам година од карате да помине. Ама договор ако има ќе мора таа година да си плаќаш и сакале нејќеле да оди. Четири пати неделно е балетот? Аууу јас не би
Ние седевме внатре. Кога почна малиов беше бебе и цицаше ама имаше и други бебиња и помали деца внатре. Договор нема кај нас, отказ еден месец однапред. Има договор ама можеш месец однапред да откажеш, не е на година. Ако е четири пати неделно може да оди само еднаш. Јас најмногу се плашев како и со бебе плус. Запиши ја, па кога ќе и се здосади ќе ја запишеш на нешто друго. Мојава сега сака гимнастика. Секоја година нова желба. Додека да се пронајдат. А машките гледам сите на фудбал се запишани па не знам кои други опции постојат за машко? Фудбал, карате… Или курс за мрза од мал да го спремам лош за снаата да биде.
@danichap Ќе ми одговара да не морам да ја чекам, ради малиот што треба да е цело време со мене, а тој во никој случај нема да е тивка публика. Мене на тел. ми рекоа 4 пати, маж ми таму беше му рекле 5 пати, ама всушност колку пати сакаш ти бираш како ќе одиш. Јас сум одела на балет и пробав да ја научам нешто, мојава тешко стапала отвара, може и да се деси да е скроз неталентирана, ама па ако и тргне и баш се пронајде, глупо ќе биде да не ја носам редовно. А рекреативно може да се оди и еднашка за забава. Добро е што се плаќа месечно 45 евра е, па ако не сака може да не продолжи во било кое време. Можеби за понатака постојат и подолги договори. @gjoker4e па балет може и машко. Мојов исто со сестра му денса имам видеа да му покажувам кога ќе порасне. Може на крај тој ќе се пронајде поише од неа во балет. Иначе таеквондо, карате, музичко и кошарка. Ја поише кошарка би сакала него фудбал, ама еве ни ќерка ми не ме есапи за таеквондо, па кај ќе сака тој таму.
Кај мене идат три деца и плаќам 59еу месечно по дете. Цена за едно е 79еу. За балерина пред некоја година беше околу 50 еу, не знам актуелни цени. Јас на ракомет се мислам да запишам средната.
Зависи до местото каде живееш. Делови од Германија се поскапи, делови поефтини, во поголеми градови има повеќе конкуренција и пониски цени, помали градчиња се повисоки. Околу 50-70 за било кој курс е отприлика.
Кај нас за танц беше 2 хнеделно 30евра. За гешвиста беше поевтино, за мајки што сакаат да танцуваат 20 евра.
Порано плаќавме 42 евра еднаш неделно балет. Во време од 14 ч. Ептен безвезе . Одеше неколку години таму . После одеше на гимнастика, 2 пати неделно во Verein. Годишно се плаќаше минимално 20 евра отприлика. После престана . Почна на хип хоп од 18 до 19 часот еднаш неделно . 13 евра . Машкото оди на фубал. Два лето неделно. Се плаќа годишно само нешто ситно. Има еднаш неделно турнир. Сабота или недела . Најмалото ќе го запишеме на фубал и него и ќе се простам со слободно време
За балет е 45 евра месечно, 55 за таеквондо, друго се немам распрашано. Не знам во кој град си, во големи градови како што спомна и Дани поевтини се сите курсеви.
Кај мене во моментов две одат на логопед, големата и малата. До летово ќе тераат и после готово, не треба. За да не ни биде “досадно” ќе им текне нешто за замена гарант. Таман они опркнале, па малово ќе ме масира
@danichap нема крај додека не почнат сами да се развозуваат. Се тешам за 6 години големата ќе вози сама , па ќе го вози малото по термини спорт , другари , Мекдоналдс
Mi pobeluva kosata od gradinka iskreno.Ni zvonat ima tt ide maz mi go zema, go nosi doma meri 36.5 . Neznam dali po stoti pat da premolcam,ama kolku i da molcam za zabi me vlecat.
@SanelaS па можеш да кажеш дека немал тт. Ништо страшно . Кај нас не се случило вакво нешто Овде вчера и денес затворена градинката. На малото му тече нос па арно што е дома . Бевме надвор а надвор ладно . Играше во песокот и гледам после смрди дома нешто . Гледам пантолоните измачкани. Мачките кај нас доаѓаат да какаат. Ставив да се пере тоа се ..зашто ќе исповратев. Времето е ко есен, се мислам дека кај и да е ќе се стемни .. Ме тера само на спиење а големата ме тера да искочиме да пазариме облека
Го сменивме матичниот доктор на ќерка ми. Сега имаме матична. Просто неможам да и се изнарадувам на оваа новата колку е посветена на децата, колку убаво објаснува и се понаша. Тој претходниот намќор, нити ми објаснуваше нешто, нити збореше, и плус не ми кажа дека детето нема примено ревакцини, нити термин ми нема дадено за тие. Али муж е тоа, шта чеш.
И моиве се на листа на чекање за пливање, тешко на ред да дојдеме. Да се постопли малку па во двор . @SanelaS наредно одење јас со топломерот во раце би била, на лице место да мерам. Може се заморила, трчала, и брзо побрзо они се јавуваат. Во секој случај веднаш би кажала дека нема тт инаку непотребно 24часа дома ќе треба да седи. Мене од писмениве на децава коса ми побеле. Секоја недела пробе пробе пробе. Само пола година на школо а колку домашни имаат и колку писмени
За пливање е тешко да се добие место . Секаде има листа на чекање . Во 3 одделение се почнува со пливање во школо . Кај вториот тек сега во 4 почнуваат од второ полугодие. На нас ни стигна писмо од школо дека големата не е сигурна во вода и ни предлагаат да земеме часови за пливање . Уште пливање ни фали во неделата и комотно можам да си ставам табла на кола дека сум таксист . Второто почнува да игра во две лиги од фудбал значи 3 пати неделно фудбал плус турнир сабота . Големата имсше до сега и гарде проба од карневал . девојчињата почнуваат порано во пубертет и искрено што слушам од големата како се понашаат другарките си мислам родителите треба сега да го стегнат децава, зашто после ќе биде касно. Многу им се дава дозвола за се .. па не знаат што се глупости да направат
Близу нас е главната автобуска постојка и школите, буквално кога ги гледам децата т.е женските од по 12 години ми доаѓа да или не им обраќаат внимание родителите а и со тоа не гледаат во какви миничи и ц*ицлите на изволте, или пак се пресоблелуваат пред да одат на школо. Не се правам стара баба, едноставно сметам дека деца од 12, 13 години не ги личи, а башка па и цигариња што пушаат, Боже ме сачувај од такви шокови и јас сум мајка на женско дете.