Тогаш мислам дека ги поднесовме документите. Од тогаш не маткат натаму наваму. Не знаат ни они шо барат.
Сакав утре да идам до таму, али не работат, чак во понеделник отварат. Стварно се многу прости ова германциве. Пред ова, таму за пријавување на адреса ми праеа проблем оти иам два пасоши, ми викаа дека еден е фалсификат. Не знаеја дека цел свет не се врти околу Германија, сега и ова. Боже Господи.
Јави се и прашај од каде треба да се извади тој извештај. Ние со месеци вака за некаков си печат се тегневме никако да се разбереме па на крај на среќа во општина отидовме да бараме помош и печатот баш од општина бил. Да објаснат малку подетално не би се влечело со месеци/ години. Прашај од каде треба да се земе тој извештај. Утре јави се телефонски таман да има време до 15.02 да ги доставите. Тоа во заградата се примери од што се би можело да ви се парите ама кај вас сигуено само од плата па таков извештај бараат. Досадни се малку ама тоа е. Ама од 2022ра се влечете само за овој документ? 2024та е Ние немаше кај не отидовме и кај не прашавме за печатот инаку и ние сеуште ќе немавме киндергелд Најтешко е кога се јавуваш некаде и прашував и тие како од Марс паднати, ако не се од Марс тогаш од Венера се со погрешен одговор изваден од ракав
Може да ми објасниш за примерите, пошо стварно незнам шо значат. Да ми преведиш. Иначе ти викам, и на нас така ни прават, преку тел набрзина нешто ќе тропнат и готово. И секогаш различно. Или нивната омилена " аа ова не е од кај нас пуштено, незнаеме зошто ви го пуштиле".
Искрено не знам колку точно е, мислам дека според цената одредуваат. Во секој случај се скапи. Конкретно оваа куќа преку шпаркасе оди и баш на нивната страна сакав да видам ама колку што разбрав зависи од цената и на колку рати ќе се исплаќа. Леле а што значи тоа ги одбрале? По кој основ се бира?Според финансии или имаат други критериуми. Со деца за изнајмување тешко да се најде еве колку време барам кога ќе чујат тоа и толку, ги нема веќе. Тоа ми е една од поголемите причини за куќа.
Процент земаат од продажната цена. Ако намали провизија значи намалува цена на продавачот. Он е најмен од нив, ќе му речат одбери го следниот кандидат и готово. Другарка ми купија куќа пред 2г, постара, 50-60години, со потреба за санирање. Продажната цена беше 610 а преку 50 фамилии заинтересирани. Па демек симпатични му биле, на крај платија 640 за да ја добијат. Продавачот на крај среќен доби повеќе а маклерот и поголема провизија. Издавање е ужас. Купување парите се пресудни, но и тука зависи колку кандидати има кои се способни да платат. Може се 10 кои ги исполнуваат истите услови. Како бираат од тие тешко да се каже, маклерот одлучува.
Иначе јас незнам шо е работава со овие институции, дали почнаа и тука неписмени да се вработуваат. За ќерка ми ми дадоа два упати за болница и треба да праам термини. Пробав на имејл, ми вратија дека мора да се јавам. Се јавувам, не дигаат. У Македонија ли сум јас бе?
Мене за најмалата ми пратија да им доставам виза за Германија оти ќе мора да ја напушти државата. А она само со германско државјанство .
Оф леле. Баш ме занима шо им имаш одговорено. Значи јас мора да одам таму и да гракнам малку повеќе. Мм е многу мек и мирен и затоа го вртат како сакат, ама јас сум бог да чува. Ќе видат во понеделник они.
Треба прво да процениш дали е реална цената или напумпана.И реков ние кога купивме,немаше шанса да помислиш да се ценкаш.Сега зарада каматите има.Ама пак зависи каде е имотот.Ако е некаде на периферија или помало населено место можеш да пробаш. Ние во Берлин пред 5 години, се чекаше редица од 30 луѓе да го видат станот.А, огласот дали еден саат беше ставен на интернет во Недела поручек и маклерот го затвори.Баш ни рече ако од 30 кандидати не нашле некој,ќе го отвореа повторно. Јас би рекла дека ако куќата подолго стои како оглас, маклерот газдата да го праша дали ќе може да се спушти цената.Или треба да се добро информираш за кои закони се актуелни и што мораш итно да санираш(за да одговара куќата на нормите за енергија) во скоро време и дека од оваа причина сакаш да ја намалиш цената.Баш сега вртеа видеа на оваа тема,за да пробаш да спуштиш цена. Ама пак ќе кажам зависи каде, дали е цената реална/напумпана или ако забележиш дека се брзаат да продадат. Друго многу викаат кирија е фрлена пара. Од една страна да,од друга не.Има германци со стари договори што не им се исплаќа баш да купат. Има ЕТФ и акции, каде да се вложи пари.Ризик и таму имаш,ама и да купиш имаш исто голем ризик.Зошто да плаќа кредит кога може да вложува и ќе дојде на исто ниво како некој што купил. Ако плаќа скапа камата,а има ефтино живеалиште под кирија,повеќе фајде ќе виде да вложиш пари на берза,отколку да плаќа на банката. Сепак ова е мое мислење.Секој мора за себе да си одлучи.
Маж ми го зафркнаа за возачката. Одиме на термин (морав да одам со него за да преведувам) и вработената ни вика - Да донесете дозвола за престој. А он е со ЕУ пасош. А пасошот и беше во рака. Се вративме. Закажав пак термин месецов, па нека оди маж ми со некој друг. Кога се пријавувал на оваа адреса вработената му рекла - Да го донесеш и македонскиот пасош. Видела дека место на раѓање му пишува Македонија (во БГ пасошот). За Киндергелд ме чудиш. На нас ни побараа: фотокопија од пасоши, интернационален извод на родени, потврда од школо, потврда од маж ми од работа, потврда од газдата на станов дека живееме овде, пријавите на адреса и последна платна листа. И фотокопија од мој пасош. И изјава од маж ми дека не зема детски додаток во Бугарија.
На нас изјава од бг не ни бараа. Ама ова може да е тоа платни листи шо викаш. Ама глеј, маж ми има фирма тука. Од кај да го извадиме тој документ погоре шо ни го барат? Тој од сликата шо ја објавив. Мм сеа ми вика дека требало од Финанцамт, ама не е сигурен. А многу поверение во него неам овие денови оти главата незнае кај му е од работа и незнае више шо говоре.
Документот што го побараа од работа ако го најдам ќе го сликнам. Не знам дали мислиме на истиот. Не го вадевме од Финанцам. Газдата на фирмата му го даде. И мораше да биде со потпис и печат.
Ми се ближи роденденот. Што да однесам на работа? 10 ќе се прва смена, 14 втора Треба една торта со 24 парчиња или две по 12 Што носите вие и што предлагате да однесам за роденденот?
Кај нас е традиција или доручрк или колачи, торти. Јас правев колач со јаболка и колач со боровинка. Колеги носат други колачи како биненштих, чест е кезе кухен , некој други овошни итн. Ретко некој носи купечки.
И телефоните им се преоптоварени. На педијатар некогаш 2-3 пати долго ѕвонам додека да кренат ама на други места секогаш кажува 3та сте по ред или 5та и знаеш уште колку имаш за чекање. Јас па тоа или ти пишав или сакав да ти пишам, дека сигурно немате фирма и тоа се само примери што треба да однесете ако имате фирма или нешто. Сега те читам фирма дека има маж ти. Значи таман е се. Бараат документ во кој ќе пишува колку заработува. За да не вадите сто пати од ваму таму најдобро е да се јавиш и да прашаш од каде. Понекогаш прават “грешки” ама не не фаќаат за врат и да речам крај и тоа е тоа туку кога ќе им вратиме дека тоа не е така, разгледуваат и прифаќаат се во грешка и ја и справуваат грешка. Отворено, без пријатели и врски. Нас па како лани да ни стигна да потполниме дека не земаме киндергелд од Бугарија, и сега пак. Досадни се ама тоа што мене ми е досадно да го потполнувам овој лист не значи дека не е ок. Едноставно мораат да контролираат. Некој од вас или пријател познаник да правел externe Prüfung? Ме интересира каде поточно и дали има некоја разлика. На работа требаше да научам нешто ново бидејќи на старата го немаше. Не мораше ама јас не сум јас ако не знам се и научив и ме гледа вработена што работи тука повеќе од 2 години и вика а и јас морам да научам и ок научи и таа ама чекаше ли јас да се вработам па да научи или? Не знам дали ми е злобно размислување во или треба да се гордеам што сум Vorbild и се што учам јас учат по мене. Друга вработена исто повеќе од 2 години работи и кога виде јас што работам кажа дека и таа ќе работи тоа и еве ја почна неделава. Како немала храброст и сега чекаше јас да дојдам за да има? И трето е што ми даде шефот нешто да правам и сите ме гледаа попреку тие работеле 10-20 години тука и не знаат како се прави тоа. Не ми е јасно зошто јас сум во центарот секогаш? И дали треба и може тоа да го искористам некако во животот?
Здраво, Имам нов пасош од октомври, престојот ми е врзан за стариот пасош .Пред некој ден бев во ауследерамт за престојот на ќерка ми. Па и кажав како стојат работите и кај мене и плус нагласив дека од почетокот на април имам право на неограничена виза па да не правам дупли трошоци ,да причекам до тогаш. Вработената ми одговори подобро направи си нема да можеш да патуваш инаку, а додека излезе престојот може и повеќе да се задржи. Е сеа јас имам една свадба во мај и планирано ми е да си одам. Би ми правеле ли проблем ако го носам и стариот пасош заедно со новиот на влез во државата? И сакав да прашам, скорз заборавив на повраток на данок за 2022 можно ли е сега да поднесам или не може веќе?