Здраво, дали овде има некоја што поминала пат за нострификација на диплома од медицински? Општа медицина? Ми треба информација за превод на документи, не сум сигурна дали треба книшката од 6та година пракса да се преведува (големата од 45 страни)? И никој не знае да каже.
Најдобро ти е да поднесеш. До мај ќе излезе. Пола февруари, март, април. Може да не ти прават проблем, може да ти прават. Со кола не ни бараа виза ни натака ни навака. Со авион не знам како е. Поднеси и ќе ти дадат fiktionsbeschainigung. За 2022 можеш сега заедно со 2023та.
Колку се плаќа за OGS по дете дали знае некоја или секое училиште е различно. Некаде прочитав дека и покрај цената која се плаќа плус дополнително се плаќа и за храна секој месец.
Кај нас ogts е бесплатно. Околу 60-70 еу месечно за јадење само плаќаме. Се оди понеделник до четврток.
I kaj nas e besplatno samo se plaka za hrana 3.5 do 4 evra od obrok i si bukiras sekoj den , kolku dena jade tolku plakas
Девојки, дали некоја има информација, дали до вадење на нов пасош треба да вадиме fiktionsbeschainigung, пошо ауфентхалт е врзан за стариот пасош а стариот пасош не е валиден.
Ауфентхалтот е врзан за бројот на пасошот. Ако пасошот веќе не е валиден по некоја логика ниту ауфентхалтот не важи повеќе. Знам дека треба да се вади нов/продолжува ауфентхалтот кога имаме нови пасоши, ама што до тогаш, дали ќе ни важи визата која е на стар пасош кој пак веќе не важи? Многу нова ситуација е, никој не знае да објасни што да правиме. Дали ќе даваат фиктион на ваква работа или не… пишав на ауслендербехорде ама немам одговор цела недела. Хаос е и на интернет, се изначитав различни работи.
Јас се надам дека и пасошите ќе ги остават до кога им важат. Јас сега пред пораѓај што се вика сигурно не сум луда да патувам за Мкд а у амбасада тек Август термини слободни ..
Ја во амбасада добив термин за Септември, ама многу ми е далеку, ќе одам во Мај за Македонија да вадам нов. Искрено се надевав дека вчера ќе ги продолжеа за да не морам ни патен лист да вадам, ама вчера изгласаа само за возачките. Којзнае што ќе биде и што ќе треба, никаква организираност, ништо. А ние треба да си платиме за да си дојдеме дома и покрај валидни документи да вадиме нови.
Тешка работа за пасошите. Мора да го полнат буџетот. 6 400 за итна постапка некој е приморан да даде, ако мора некаде да патува. Катастрофа Јас навреме извадив нови документи. Во другите градови е побрзо, ама во Скопје Јас се сликав кај МТВ. Уште тогаш имаше многу народ. Таму најдов термини.
Ни под разно нема да извадите пасош по итна постапка за неколку дена како што беше, се чека и за него неколку месеци за да го издадат! .Држете си ги термините во амбасада, зошто овде ако дојдете да вадите, сигурно ќе заглавите со месеци, нема да можете да се вратите после назад.
Здраво имам едно прашање до вас дали некој има поддавано документи за спојување на семејство во Австриска амбасада во Скопје? колку време се чека за термин и кои документи се потребни ? Ќе се јавам секако во амбасада ама би сакала да знам
Не секој е од скопје. Ете мојте од мал град земаа пасоши за некои си 14 дена и сега се кајј менне во Германија на гости. Јас нема да можам да чекам тука цело лето ќе морамм децата што ќе се родат да им извадам документи за да ги пријавам нормално тука. Пасоши се што следува. Секако влада у мај ќе падне и све ќе им отиде у вода.