Јас не сум од Скопје и фаќав врски дури и за кај мене оти не можам да доаѓам на ризик, ама во полиција секако и кажале на мајка ми дека 3 дена максимум е брза постапка. Морам да доаѓам иначе нема да можам да мрднам од овде цела година, Септември ми е терминот и уште месец два дур да е готов пасошот, а имам планови за летово.
Во моментов пасош по итна постапка максимално за 3 дена се вади, дури и по редовна постапка во другите градови ( освен Скопје и некој друг поголем ) се вади за максимално 21 ден.
Требаше да напоменам за Скопје дека мислев, по другите градови не знам како иде. По итна постапка мој близок се сликаше во јануари, му рекле да дојде во мај за подигање По редовна постапка, се јавив во септември, ни закажаа сликање крајот на јуни. А којзнае кога ќе ни бидат готови. Ова е моето искуство, затоа сметав дека треба да знаете и претходно да се распрашате како иде во вашите градови, зошто ако сте од Скопје посебно, може да заглавите (доколку немате и странски пасош) . Проблемот е што нема доволно обрасци за пасоши во моментов, рокот на нивна испорака според договорот бил долг (180 дена), и за сите државјани да добијат нова патна исправа, или лична карта сеедно, во нормални околности, би траело и неколку години. Јас сум излезена од кожа надвор, посебно што сум тука и го гледам хаосот што произлезе. Останаа луѓе заглавени, а надвор негде требало да идат на свадба на ќерка, имале ангажман, патување... А имаат валиден рок на постоечките исправи, за кои ни тврдеа дека ќе си важат се до рокот кој е назначен на нив. И сега чорба.
Штом се сликал во јануари и му рекле да дојде во мај тоа не е итна постапка, треба парите да му ги вратат. Ако не е итно по итна постапка треба да ја укинат моментално и да не постои.
Проблемот со нас луѓето без разлика на националност е што чекаме последниот ден за да ја завршиме работата .Јас чув за пасосише случајно на вести во јули и одма истиот момент направив термин за 31 окт во аусленде бехурде. На 24 авг имав слободно и без термин отидовме во амбасадата каде владееше хаос и луѓето префини не не вратија иако немавме изводи македонски ни рекоа по меил да пратиме.Пасошите ги добивме точно за 6 недели и јас го фатив рокот во ауслендебехурде. Сега каков хаос е не сакам за замислам.Лани и истече на малата пасошот и го правевме пасошот во април со брза постапка за 1 ден бевме и си го земавме пасошот од Ск. Се случајно испадна кога човекот ни кажа дека ако пасошот и истекува за 1 месец ќе мора да го направеме нов бидејќи во еу не пуштаат доколку пасошот не ти е валиден 3 месеци.
Јас прашав во полиција на аеродром Келн-Бонн дали може да се патува со стар и нов пасош и визата што е врзана за стар пасош ми одговорија дека може зошто знаат колку тешко се добива термин во Ауслендербехорде. Се сликавме за пасош во Бонн декември и пишав меил дали ќе бидат готови и ми вратија да прашам само средина на март.. ми пропадна автоматски терминот за виза. Тоа е што е заглавени сме ќе си поседиме у ДЕ
Како поминавте на интервју за работа? Дали се оние стандардни прашања од типот каде се гледате после 5 год, јаки и слаби страни.. Ќе барам работа но ужасно имам трема пред некоја битна работа, пред некое време имав презентација јас се тресев гласот ми трепереше. Текстот убаво го знаев да го прочитам но тогаш страшна трема. Овде сум била само еднаш и тоа во лајф фирма потоа фирмата ме превземе директно и никогаш не сум била на друго. Германскиот не ми е јака страна еве б1-б2. Имам уште време , но јас уште сега мислам за како ќе биде разговорот. Со оглед на тоа дека 2 год сум дома со бебе кумуникација нула, не само со германци туку и со македонци
Зависи од фирмата и позицијата.На никое интервју не ме прашале каде се гледам за 5 години ,мислам алоо што прашање е ова? Обично прашуваат колкава плата сакаш тоа е најчестото прашање што сум го добила.Што сум работела?Што бараат тие кажуваат и така. Ништо не е страшно само опушти се и да не ја добиеш работат на која си на интервју не е страшно ќе најдеш друга.Исто и дали ќе почнеш во некоја фирма зависи од твојата интуиција дали ти се допаѓа или не. Јас кога бев на интервју за раб кај што работам моментално беа 3 ца на интерјуто .Добро и во друга фирма беа 3 ца.Шефицата ми се јави и ми кажа не се сеќирај и ние сме само луѓе.Беа ептен фини и шефчето повеќе си збореше за својот живот,плановите на фирмата отколку да ме прашаува што знам да работам.Само ми рекоа ако сакаш разговарај со мт и ќе се чуеме утре.Не знам зш со мм.Едно чудно прашање добив дали сакам да се вратам назад во татковината?Се почудив и реков до сега ме прашувле колку долго сум во Де ама вакво прашање не сум добила.Па се правдаа нешто.Ми се јави шефицата и ми вика сакаш ли за нас да работиш викам да и ние исто и така ја добив работата.Претходно бев уште на 5-6 места и сите сакаа да ме вработат ама јас не се пронајдов во тие фирми. Стварно не згрешив,скоро 2 год сум тука и многу ми е убаво кога раководството ќе ме потсети дека се среќни што ме имаат во нивниот тим.Еве преска шефот беше во хоум офис и му пратив нешто да ми одговори, ми врати на крајот со schönes Wochenende.За шефицата не ни зборам еднаш не бев добро ми донесе компири и полна вреќа зеленчук да сум си правела супа.За малата варела сируп некој си за против кашлица 3 дена.Мармалади ми носеше.Од овие луѓе научив што е добрина.Кога малата лани ми страдаше од бронхити самиот шеф од лично искуство ми кажуваше како било кај неговиот син и ми предложија да одам на Reha али јас уште не сум се одлучила. Мене тоа ме и плени за да почнам тука на раб, кога шефот кажа ние ако сме средна фирма по големина ама се однесуваме како фамилијарна фирма и ги подржуваме нашите вработени во се па дури и при барање на стан. Јас пак си се пофалив за мојата работа.Само симпатијата ме игнорира .Ќе морам да менам работа ако продолжи да е таков. Џоки @gjoker4e што направи му даде ли знак на мачкарот?Кажувај како се дава знак.Знам.Земаш вадиш сообраќајен знак од улица и му го даваш во раци.
Го дадов ова прашање за пример гледам по youtube видеа и најчесто се тие прашања инаку го сметам за глупаво прашање. Инаку на моја блиска и го поставија ова прашање , а работата беше за во продукција Баш ми е мило за тебе , шефовите се многу битни и работната клима секако. Еве баш ме опушти сега.
Што треба да одговориш на ова прашање,се гледам во вашата фирма на некој повисока позиција. Јас ќе и кажам ќе ви одговорам за 5 год ако сум жива.
Мене ме мачи исто ауфентхалтот и нов пасош. Термин за пасош добив во Јуни, а мене до Јули ми важи ауфентхалтот, што значи за некој месец морам да поднесам документи, и тоа со стариот пасош. Не знам дали би ми правеле проблем. Важно ми е само фиктион да добијам па потоа можам да го доставам плус новиот пасош. Не знам што ќе излезе, само компликации ни направија. Ако има некој инфо или мислење како би било паметно да направам, споделете битте, не сум паметна веќе.
Мене исто ми важи до крај на јули и тоа веќе 5г како сум тука. Пишав за порано да го направам продолжувањето ми кажаа дека ќе ми испратат докуемнти пред истекот 6 недели а за пасошот ништо не ми кажаа инаку ми е важечки до наредна година . И сега плус бремена термин во мај за пораѓај незнам како ќе биде надам се на стопирање со овие глупости за пасошите барем на нас што се важечки рок.
Јас за малиов на пример, му истече пасоштот и направивме нов пасош, а ауфентхалот му истекуваше за еден месец. Направивме нов ауфентхалт со стариот пасош плативме 30 евра, за еден месец направивме нов ауфентхалт со новиот пасош пак 30 евра. На работа не ме прашаа ништо посебно освен зошто баш за тука аплицирам, а јас во исто време на 10 места аплицирав. Ќе смислил нешто, ќе ти дојде само по себе одговор. Најважно е да се човечни. Мене барем тоа ми е најважно. Денес многу се изнервирав на работа, за џабе. И готово се замислив отказ дека давам. Нешто шефот рече дека некој нешто направил, не собра сите и кажа дека веќе два месеци се повторува истата грешка и вика прво мора да ве прашам дали сите разбирате добро германски, дали зборувам пребрзо ова она дека пред една недела ве собрав веќе еднаш и сеуште е истата грешка. И сега јас знам дека не сум јас ама дека рече два месеци а јас сум тука два месеци и германски не ми е мајчин и викам сигурно ме сум свесна ама можеби сум јас. И само што го сретнав после тоа хо прашувам јас дали сум, и вика не сум јас нее, викам дали си сигурен кажи ми, и вика не не си ти да беше ти ќе беше одамна кај мене во биро викната. И стварно не сум јас, дури и случајно прочитав на лист 4ца што работат долго тука, уште 3ца не ги до читав надоле кои се.
Здраво девојки, во DE сум 2 месеци со Еу документи. Сега треба да ги пријавам детето и маж ми на адреса и преку мое здравствено осигурување. Онлајн нема термин за пријавување, како може поинаку да ги пријавам?
Извинете што упаѓам со глупаво прашање, знам дека тука си дискутирате сериозни работи. Само ме интересира, дали во Германија е достапно Instagram music?
Здраво девојки, добив виза на лотарија.. Дали некоја знае и може да помогне за работа и смештај било каде. Познавање на јазик основно ниво.