Кај нас 500 000е е само земјиштето. Куќа стара од 600-700 до 1.5м нова. Богами со оваа цена кузнее колку заинтересирани имало и што вика @Jolene ништо чудно од старт повеќе да понудиле. Се што е атрактивно и тука има стотици заинтересирани, добра идеја е @SanelaS се да е спремно.
Јас овде не знам дали сакам да купиме куќа. Мислам да не се лажеме придобивките се огромни. Приватност, простор, миленик и слично. Ама финансиски одржување не знам дали би можеле да поднесеме. Оти сепак мислам има разни глупоштини на кои мораш редовно да даваш пари. Санации до бескрај. Ај баш од искуство. На колку години мора да се обновува фасада, парно и не знам што уште не. Кога би имала време и си запознаена напиши баш, ме интересира да знам дали воопшто да си правам бајрам на мозокот. За Баерн е ок. Секако за натака ќе се цели. Мислам и кој знае нека сподели. Секое искуство е добредојдено.
Jas ne sakav kuka oti maz mi neznae sajka da zakova, moe mislenje za kuka deka celo vreme izlaga nesto sto treba da se napravi dali dvor da se cisti, dali nesto drugo za renoviranje prepravanje itn.Taka da kupivme stan i za taka pokrupni raboti parno, dvor, gradina,problemi nekoi imame firma itn.Za drugoto nemam iskustvo.
Кај нас се плаќа за прво дете потоа за другото не се плаќа. Плус по 55 евра месечно за храна. И се чека нема место ние чекаме од Април 2022
Здраво мајки, детето ми тргна на градинка веќе 3 недели (оваа ја тераме трета). Секој ден, буквално секој ден воспитачките ми преговараат зошто не се облекувал сам, зошто сам не ги облекува топлинките. Требало да го учам, бил 3 години и морал да знае. Тој облекува чизми сам, откопчува сам јакна и се соблекува. Е сега навистина не знае да се облекува, можеби јас сум направила грешка што до сега не сум обратила повеќе внимание на тоа, да го учам да се облекува сам. Сега наполни 3 години пред некој ден. Навистина ми е стрес секој ден со нови критики да го зимам од градинка. Многу добро се уклопи уште од првиот ден, не плачеше, си седи без проблем но оди само по 3 часа иако е супер уклопен. Си траам и ништо не коментирам и не прашувам до кога ќе трае прилагодбата. Ајде викам може е процедура, за сите иста. Но прашав една моја познаничка ми кажа една недела траела прилагодбата и од наредната недела детето останувало полно време. За храната исто, грозјето не сум го сечела на пола, еднаш му ставив една мала крофничка покрај останатото, веднаш ме опоменаа не било дозволено. А со свои очи видов како едно од дечињата јадеше чоколадце. А тоа што секој ден го зимам мокор до лакти, кутијата со храна како спакувана така донесена тоа ништо... Навистина сум фрустрирана и ми ствараат стрес. Дали мислите дека и јас треба да почнам со забалешките за јадење, за тоа што е мокар? Значи секој ден им кажувам дека пробувам да го учам дома, и утрето пак исто.... Имате ли некој совет?
Мислам дека си многу потресена од твоја страна. Не е дека те имаат на пик ставено или дека се лоши или било што негативно. Единствено што не е ок ако буквално секој ден ти викаат дека не се облекува сам. Можеби само те потсетуваат да вежба да се облекува. Моево 2 ипол има па рекоа и толку се зачудив што не ни одговорив, всушност затоа се штрекна в зарем моево бебе порасна за да може само да се соблекува и облекува. Речи им ок еднаш ми кажавте, вежба дома, ќе научи, и тоа е тоа. За храната, на секое ќе те опоменуваат, забрането е благо. Сигурно и детето што јадело чоколатца веднаш го опоменале родителот. И мене сега скоро ми рекоа река не смее благо. Веќе 4-5 години го знам тоа и ете пак ставив благо, одма ме опоменаа и добро е тоа, во ред е. Кутијата што не изел ништо не значи дека воопшто не ја отвориле. Само што почнало во градинка, со тек на време ќе почне да јаде само. Ако му викаат секој ден јади јади јади земи нешто како бабите стари тоа не е ок. Ќе огладне, ќе се прилагоди и ќе почне да јаде појадок самосотојно. Нема секогаш да јаде и тоа е нормално, некогаш нема ни да го пипне појадокот можеби. За лактите речи им да го проверуваат и него учи го да каже. Уствсри онлајај му светла облека за да одма да сњ примети дека е мокар. Ако е темна мислам дека нњ се приметува а тие н е можат секое дете да го пипкаат насекаде за да проверат. Голем е сам ќе почне да кажува дека е мокар. Неккао спремна си да се караш со нив ама се е ок, зборувај со нив на смирено. А за грозјето не сфаќам зошто на пола кога 3 години има. Дома убаво знае грозје да јаде? Секој ден буквално кажи им се што ти лежи на срце ама смирено. Дури и кога сакаш да се караш мораш дипломатски начин да употребиш. Јас не ни почнав да го учам, многу ми е мал некако, уствари за 4-5 месеци ќе полни 3 ама сепак во мојата глава е мал за сам да се соблекува и облекува, сигурно ќе научи и без јас да го учам. Може опасно е грозје ама не знам треба да прогуглам. На второво се давам јас дека за јадење е професионалец, од годинка јаде со вилушка и лажица и многу е отмен кога јаде, роден гурман или не знам што му е ама јадењето му е најсилна страна. Едит: што се ми излезе на Гугл за грозјево најдобро е да сњ сече на пола и на 4 годишна возраст. А јас цело време и на малово давам цели зрна ццц
Нее, никако нема да се карам. И јас самата мислам дека тоа не е некој голем проблем, ниту пак голема навреда, да би дошло до конфликт. Малку се испровоцирав само, зошто минатиот четврток ми рекоа, ок им објаснив дека вежбаме дома, дека гледам и трикови на интернет како би можело поедноставно и полесно да биде за него да облекува, да закопчува.... Во понеделник пак, вчера пак, денеска пак.... И тоа малку ме изнервира искрено. Разбирам се, многу се деца, тие имаат премногу работа со децата, не можат над секое да се тресат, како ние дома што се тресеме. Разбирам самосталност треба да се има, детето да се учи, ама сепак мислам дека малку претеруваат. Не верувам дека ми имаат ставено пик, нема ни зошто, осеќам малку негативна енергија... нервоза од страна на воспитувачката. Ј...би га Ми рече сите деца овде знаат да се облекуваат, големи се и морат да знаат. Секое утро гледам како родителите ги облекуваат За грозјето не ти кажав, дома сам јаде да. Си мислам може е па опасно за другите деца, може некое да земе или... незнам. Фала ти на одговорот
Ооо да. Обавезно почни со забелешки и тоа не онака полека со устручавање, туку со став. Ако те видат дека си повлечена на глава ќе ти се качат. Почни од одма да прашуваш кога ќе останува повеќе, претпоставувам не работиш, или работи попладне знаат дека си слободна и одолговлекуваат. Кажувај им дека имаш курс нешто обавезно дека не си дома. И мојата не се облакаше сама долго време исто на 3 почна. Ама и таму ја облакаа. Се додека и дојде супер учителка и се научи. Не дека не знаеше, туку не сакаше сама. За храната исто не се замарај ако ти замерат за нешто такво. Освен се сложувам за грозјето, побезбедно е ако е на пола пресечено. Јас и дома на пола им го сечам, иако големата знае и цело тркалце да изеде без проблем, ама ми е страв. Иначе и мене така ме мафтаа на почеток оти знаеја дека сум дома, а детето топ се прилагоди од прв ден, дома нејќеше да си иде. Откако почнав да покажувам заби и тие почнаа поинаку. Ради тоа и син ми доби место следната година значи со полни 2 и тоа прв е на список, иначе регуларно ќе требаше дома да го чувам до 3 години. Јас сум во Хесен и плаќам 20 евра повеќе оти оди од 7ипол на утро место од 8, значи само затоа што оди пола саат порано. Иако е таму до 13, не е ни цел ден. Ме интересира како се плаќа овде за второ дете, ако има некоја да сподели.
И кај нас сите родители ги облекуваат децата најверојатно затоа што сите се брзаме на работа или некаде. Еднаш пишаа на лист кога ги носиме или земаме да гиноставамњ самите да сњ соблекуваат облекуваат ама кој има време од нас родителите.
Се пресмеав. И маж ми е ист, ама маж ми сака куќа. И многу има мерак на такви хенди работи и има толку алати, штрафови, бормашини, ама сите полици на ѕид која однопаку зашајкана, која падна, фиокарот од првото дете исто еден дел наопаку го имаше склопено. Овде кога земаме нешто од ИКЕА над глава му седам пошто знам ќе утне нешто милион посто. А многу има мерак да состава мебел. Не знам што ќе биде ама и ние сакаме куќа да земеме, здравје да одлучиме прво каде, па ваљда ќе биде следниве години.
Ние сакавме да купиме куќа надвор од Берлин,за санирање.Во Берлин беа се над половина милион и плус да се санираат.Маж ми ќе ја санираше,оти тогаш работеше и можеше да земе материјали од бауштелето.Ама кога ја израчунав ратата требаше 1/4 од платата да ни оди за кредит.Плус да штедиш за материјали,небенкосте и кога ќе видеш требаше да живеам за куќата.Одмор дали ќе видиш.Не фала на таков живот,на тоа се нафаќаат многу германци.И цел живот само штедат,се им е скапо и луксуз.Додека куќа исплатам,ќе треба да почнам да штедам за гробно место. @felisitas штета што не ви се погодило.Ама ќе тераш напред и секогаш мисли дека ќе најдеш нешто подобро.Кога тогаш ќе излезе нешто.
За второ не знам, ама слушам од пријатели помалку се плаќало. Секако ќе почнам да прашувам од наредната недела, почнувам со работа од средината на Март. Затоа и оставив доволно време да имам за прилагодбата. И мојот плаче кога го зимам сака да остане, бидејќи баш тоа време се надвор, тој заигран и не сака дома. Да ти кажам уште пред да тргне си реков, ќе оставам доволно време за прилагодба, отворена сум за предлози и совети, селектирам што стварно би можело да биде корисно. Ама изгледа работата е да покажеш став и решителност уште на почеток. Денеска малце и му се потскара воспитувачката, оти ние зборувавме, а тој ме викаше. Дури така со строг тон му замавна и со прст. Очигледно беше нервозна, можеби денеска повеќе требала да се ангажира околу него ха ха, дури и додаде дека треба малку да има и стрпление. И не се лутам, сепак тоа не е само градинка за чување, и воспитно-образовен процес е. Можеби само не ми беше пријатно, но добро... Широка тема, многу правила. Но мора да се прилагодуваме на системот, сами овде дојдовме, никој не не влечеше за уши хаха. За грозјето да, сега читав. Може да биде многу опасно... Од сега ќе сечам и дома. Фала ти на одговорот
I mojot sakase kuka znaci samo za toa zborese ama jas znaev sto me ceka ako zememe.I mojot alati samo kupuva i samo me prasuva kade e toj cekan, kade se sajkite..Se sto imase sklopeno vo prethodnite stanovi bese so rok na traenje od 3 meseci.
Од искуство на колега, што купи демек нова куќа-глава немаат кренато, триста скриени проблеми што им јадат пари и живци. Да праиш куќа сам, ко Дани, е друго. Мене куќа ми е преголем залак. И демек ново што друг го праел ми е ноу гоу. Затоа стан пред реновирање, го реновирам со мој надзор, знам што е што и тераме така.
За стан исто е многу важно да се види колку има заштеда во фондот за поправки и како и се комшиите. Пријатели купија стан во релативно нова зграда (10Тина години стара). Е им текнало фасада или кров да менуваат и иако имаат доволна заштеда во фондот изгласале да не се троши заштедат а туку секој станар да даде согласно со квадратурата и на овие 20 000 евра им излезе. Што мене би ми било премногу, планирам нова кола да купам место тоа да треба за зграда да ги дадам одеднаш. Искрено среќа купивме пред да се изнаслушавм вакви муабети иначе незнам дали ќе се сложев иако сега за сега неможам да се пожалам. Имавме само еднаш проблем со парното ама го решивме без огромни трошоци.
Буквално да. Ви имам кажувано за станот кај што живеам и каква реновација има нели. Со пукната плочка, тапети што се одлепија, ѕидови напукаа. Кога се растече црево од машината за садови од под кујната цигли и бетон извадив. Станува збор за скроз нова кујна и прва преселба после реновација. Откако сум дојдена само со мајстори се оправам, а не е ни мое. Ми прекипе веќе. Да беше наше ајде. Ама вака ужас. Со сите мајстори се знам веќе. Уште еднаш под кирија строго во постар стан. Барем да ми е сеедно ако нешто се скрши. Ќе се замачка и готово. Станови секако нема доволно. Па и цените на материјалот до небо. Читав некна бараат субвенции за градење нови станови. Побарувачка има. Нормално кога се што треба и не треба овде дојде. А со кризиве што ги направија непотребно, цените се дигнаа. И сега како? Да ви биип и политика и се. Да не може човек мир да има. И така ќе е и кај нас вајда. За почеток ќе земеме за кирија 1 година додека испитаме терен и после право наше. Ако се погоди де. Ако и таму не се погоди, до нас е.
Колешка моја мораше две години да живеат во станот па да го купат. Не сфатив зошто. Поминаа две години, го купија. Уствари дека нова зграда рече па затоа морало две години да поминат за да се продава.
Може нешто со данок на промет или што и да е. Знам ко ќе купиш недвижност, извесен период не можеш да ја продаваш, уствари можеш ама данок се плаќа солено.