Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    Си имам јас историја со свеки не баш убава спремна бев и да се разведам од две недели поминати со неа ( мојов само ме тешеше издржи еве каде е ќе си оди, место нешто да превземе),ама сега сме во добрите не комуницирам тоа мм јас само на одмор или ако дојде 2 пати во 9 години и топ сме.
    Иначе за родители не збори моите толку се снеможени што не верувам дека би дошле некогаш повторно, море јас се плашам да дојдат. Баш периодов имав неубави моменти околу нивното здравје.
    На времето една другарка пробуваа со дечкото да заминат во Германија јас и викав како можете така јас неможам да замислам да живеам далеку од моите. Погоди што прва заминав. И си викам се спасив таму ќе оболев и разведена ќе бев.
     
    На gjoker4e, јolene, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    810
    Фала богу не сум во мк инаку ќе требаше со свеќи под ист покрив , не дај боже . Другата снаа живееше неколку години и си отиде кај мајка и ете зошто се прашувам. А за гости алл ин несакам да зборувам . Толку сум разочарана, јас кога одам во мк на сите им носам поклони за нов стан за бебе, бомбоњера Линдт, вино, кај мене дојдат со празни раце , па застани од лидл купи нешто, ова за другари зборам.
    Па на сето тоа шетање, карти за воз, кафиња , ручеци се е на наш грб.Мајка ми кога дојде доручок ручек десерт цел ден е во кујна без да праша што сакате. Свеќи толку што не сака да прави јадење само прашува што да правам па и демек незнае како се прави јадењето па мене ме прашува (facepalm) . И ме нервира кога заедницата е тука на гости си пазаруваат се што сакаат без разлика дали некој го јаде или не и погодете кој плаќа? Се разбира ние. Потоа тоа се фрла , бидејќи не се јаде. Е стварно се нервирам . И пото нели ќе дадат 100-200 е на внука им . А тие изеле и испиле 10 пати повеќе.
     
    На gjoker4e, SanelaS, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    810
    Заборавив да напишам за ѓубрето, многу ме нервират кога ќе дојдат и во био мулл ко ми фрлат книшки хартија , и цело време ги тргам и ги фрлам на место и потоа па . Па незнам што е толку филозофија . На толку канти баш во био да фрлаш книшки.
     
    На gjoker4e и Chantal им се допаѓа ова.
  4. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    3.717
    Пол:
    Женски
    Баш и за оваа тема имав недоумици, јер ќе ми доаѓаат гости од мкд па не знам како да се поставам. Погоре некој пиша карти завоз, кафиња, јадења по град и дома на нејзин грб,не е ли тоа малку појќе финансиско оптоварување? Па уште алл инклузив, жручек, доручек, кафе, шетање?
    Има ли некој излез, начин да се колку толку одбегне ова?
     
    На gjoker4e, Chantal и felisitas им се допаѓа ова.
  5. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    810
    Да доручек ручек вечера , пречекување од аеродром испраќање земање слободни денови, ајде јас сум дома , маж ми тоа. Може твојте се посовесни гости :!:. И да многу е финансиски . Барем тоа е моето искуство. Некој може има друго искуство. Јас не сум тип да штеди , но не сакам да се купуваат непотребни работи што не се јадат. Купи една врста на салама немора 5. Благи работи глупости толку храна фрливме. А тоа за шетање надвор јадење по други градови не очекувај некој друг да се фати за џеб . И да кога доваѓаат сите мислат дека во рачен неможе ништо да се носи па доваѓаат со празни раце , а кога Си одат полнат цел ранец со чоколади
     
    На gjoker4e, Ava.84, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    3.717
    Пол:
    Женски
    Значи да си потпишам капитулација уште сега. Мене така низ муабет ми е спомнато дека и карти(повратни) треба да ги купиме јас и мажот ми, тоа било наша обврска. Па ко ќе пресметаш за четиричлено семејство по сто евра карта.. мадре миа.. :shake::shake:
     
    На joana18, gjoker4e и Chantal им се допаѓа ова.
  7. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    Важиве гости ептен, карти па и повратни. Кај мене единствено по дома ми се баш у хотел ама и носат по нешто или тука ќе купат нешто обавезно, како и јас за нив. Мене спремањето дома ми е напорно друго е да готвиш за тројца друго за 7.
     
    На gjoker4e, јolene, Miss666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.767
    Допаѓања:
    34.049
    Пол:
    Женски
    Сте збореле за гости од Мк имав летово за прв пат сестра ми зет и внук беа тука, искрено не ни осетив товар декка се тука дури и мило ми беше по 5г живот тука конечно некој доојде да видии каде сме што сме и какко сме 8 денна летнаа какко ништо, сега пред недела дена мојте сии отидоа беа 10 дена тука милина што да кажам иако со мајјка не сме не исти јазик контра сме секогаш сегљ баш се ми помигна буквално јас заборавив како е во кујната (facepalm) таа станува и спрема јадење за сите и тоа 3пати на ден се шетавме лутавме едноствно уживавме броените денови отидооа....
    Е сега кога би дошла свеќи:sweat: и светко :envy: тоа би било општ хаос ќе треба синчетоо да ги чува дома јас никако не ги можам. Али се надевам дека неема да дојдат бидејќи јас не финанаирам некој да ми дојде ако си ефинансискки јак нека повели али ја да му плаќам карти и луксузи нее фала попрво би отишла Мк исто и поефтимо ќе ме фати отколку тука да финанаирам некој
     
    На gjoker4e, Chantal и Ava.84 им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    7.362
    Пол:
    Женски
    Карти плаќаме само за мајки и татковци.
    Поклони не сакаме, ама носат секако.
    Секој кој решил да дојде, го земаме и враќаме од аеродромот, на наш трошок.
    Девери букираат стан, оти и ние кога одиме букираме. Со нив и сметки надвор делиме. Секаде!
    Еден братучед на маж доаѓа со фамилијата кај нас на спиење, оти и ние кај нив сто пати сме отидени и пречекани. Они помагаат во кујна, сум помагала и јас. За деца карти за ЗОО или базен како поклони за роденден што им пропуштаме. Ама па кога сме кај нив не сме платиле ништо.
    Други гости кои ни идат и кај кои одиме на ден два се овде низ Германиите. Јадење пиење кај нас/нив се подразбира. Најчесто сите сме си свесни и си раздигнуваме по себе.
    Кафе и ручек си се честиме по надвор.

    На пример братучетка моја планови нејзини откажа со платено се, за да дојде да ми помогне со бебе дома три недели после пораѓај. Сама бев преку викенд, маж мораше итно за мк. Малото го фатија грчеви тогаш, на града нон стоп сакаше, а млеко немав доволно. Бебе вршти, јас поима немам што да му правам. Давај да јаде, масирај, гушкај. Капната, паднав веќе од умор, нервозна. Она ја зеде и ја нишкала додека се смири и успие. Спиеше цела ноќ тогаш за првпат. Јадење ми правеше и витамини у уста ми ставаше.
    Да она тука е у дојчланд, ама не пат за неа, спа и должам.

    Значи сума сумарум зависи за кој како си заслужил.
    Ама да плаќам карти за пријатели и роднини не. Ако некој може да си поднесе финансиски пат слободно, ако не не. Само на родителите сме им должни време со нас да поминат. Кога ние не можеме, они нека дојдат. Ама и тоа е за недела -две. Повеќе не сакам. Не можам со месеци.
    Јас Санела ја разбрав во смисла дали ни помагаат дома кога идат нашите, дали готват на пример, раскреваат, деца или чекаат на нас. Не за било кој. @SanelaS
     
    На SanelaS, gjoker4e, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.184
    Допаѓања:
    181.235
    Само мои и негови иделе, и тоа по еден од нив, јер другиот има куќа за чување. Или правам јадење дома или одиме во ресторан, зависи како ми е мене полесно. Бабите и ручек праеле ако требало. Агенда сум терала како без нив, ако треба дете да носам негде, и гостинот со нас. Исто ко и во мк, ни таму не јадеме секој ден по ресторани и си тераат секојдневие свое. Што знам, од луѓето зависи, ние ваљда фамилијарно не сме многу захтевни.
     
    На gjoker4e, Chantal, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  11. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Девојки, колку време ви требало да се ослободите да зборувате на германски? Мислам никој пат нема да почнам како што треба. Имате ли некои видеа да ми препорачате да ги слушам за изговорот? Ви правеле ли работодавците проблеми на интервју ако не знаете перфектно германски? Доволно ли е Б1 за подобра работа, од типот на некоја работа во канцеларија, секако со соодветно образование, или Б2 е морално? Ви благодарам :hug:
     
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    7.362
    Пол:
    Женски
    Зависи кој е официјален јазик на работа. Со б1 ти нема да си спремна за работа во канцеларија читање и пишување на германски. А и од канцеларија до канцеларија има разлика нели.
    На секој различно му треба. Мене што знам две години секако.
     
    На zemzela91 и Chantal им се допаѓа ова.
  13. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Дали за поврат на данок мора преку Steuerberater. Прв пат треба да поднесуваме и не знаеме како треба
     
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    33.762
    Пол:
    Женски
    Ништо од мојто бегство колегите ќе оделе во недела на саем не денес;(.
     
    На SanelaS, gjoker4e и Chantal им се допаѓа ова.
  15. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.110
    Допаѓања:
    11.642
    Пол:
    Женски

    Јас дојдов со веќе положен Б2, ама нели секако едно е да го учиш со граматика и вежби, сосема друго да разбираш и да се опуштиш да зборуваш.
    Јас сум личност што е перфекционист и overthinker, па тоа придонесе за уште потешко опуштање. Во првата работа немав директен контакт со клиенти и речиси да не зборував. Со промена на работата почнав многу повеќе да зборувам и со колеги и со клиенти.
    Секако далеку од совршено, уште секојдневно учам од грешките и работам на подобар изговор.
    Значи кај мене траеше година ипол-две до прилично опуштање. Ама, поентата ми е дека зависи од повеќе фактори. Прво, ти како личност, работата што ја работиш и личностите со кои се дружиш.

    За другиот дел, зависи каква е фирмата, каква е поточно и работата. По принцип повеќето бараат Б2 сертификат, но, не гледам дека би било проблем сертификатот доколку добро го зборувате јазикот на интервју. Под добро не мислам со совршен акцент и без грешки.
     
    На zemzela91 и Chantal им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.051
    Допаѓања:
    36.381
    Пол:
    Женски
    Едно од најчестите прашања на некој што сака да се пресели во Германија е дали ќе му остануваат 2000 евра чисти месечно. Па јасно ви е зошто е се на наш грб. :rofl: :rofl: :rofl:
    Јас на моите не успеав да им објаснам дека плаќаме 1000 евра кирија, 500 евра градинка, 80 евра струја паушал, 80 евра школо храна, интернет дома и на телефони 60, ѓубре 250 годишно, плава канта 40 годишно, радиодифузна 250 годишно итн…
    Малава во школо што почна е многу финансиски подобро што само за храна треба. Градинкава е страшно скапа. И киријата.
     
    На MacenceEna, felisitas, Miss666 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Па има доста лекари, инжињери што заминаа и на кои му остануваат 2 и повеке илјади евра месечно. Трошоците кои си ги наведила секаден ги има незнам што е смешно и спорно.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    7.362
    Пол:
    Женски
    Да оти само доктори и инжинери се. Земи и положи апробација прво па ќе видиш кога ќе стасаш до 2000 што остануваат. Или направи нострификација и ко условот ќе биде година и пол да правиш пракса, НЕПЛАТЕНО, оти не ни биле споредливи образовните системи, ептен ќе остануваат.
    Се стигнува да останат 2000 евра, ама треба време. Во меѓувреме растат трошоци.
    Џоки арно рече околку 3000 ти се трошоци најосновните. Па сметај колку треба да земаш плата нето за да ти останат 2000.
    Мене сите па ме прашуваат што помош те следува од државата. Како да им кажам дека поима немам. Не дај боже да треба од државата да чекам да ме потпре. Порадо во селото ќе си се вратам.
     
    На MacenceEna, felisitas, Miss666 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.051
    Допаѓања:
    36.381
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе ти се зголемува платата толку повеќе данок плаќаш на државата.
    Нема голема разлика во нетото помеѓу 2000 евра бруто плата и 4000 евра бруто плата.
    Останувале можеби на времето марки кога биле.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Ја незнам зошто не се вратиш ако ти е толку лошо искрено. Ама дека плакате сметки за струја, вода и парно мислам цел свет плака. Ама и дека не е таква мизерија како доле не е треба да сме реални.Трошоците растат насекаден најосновните ама зависи кој за што пошол дали да живее или да штеде по 2000 евра.