Ама веќе од сељачкава изјава. Еве ќе се вратиме и ќе си отвориме нова тема Македонки вратени од Германија.
И тогаш ќе се најде некој и ќе каже еее, не ви чинеше таму, па овде се вративте, вие не чините, не државата,не знаете што сакате, бла, бла..
Ама сите во едно исто село да се собереме ко ќе се вратиме, да си имаме разбирачка за маките Распрдени сме, што да кажам. Па не мора греење да се троши, ниту вода, ниту струја. Мора само данок да се плати, и да се умре.
Јас во јануар платив 5000 еу само за годишни осигурувања. Куќа, хафтфлих, коли… 400еу месечно за пумпа за греење, 180 струја, плус вода(не знам ни јас колку е, 750 еу доплативме). Месечни за заби, рехтшуц, животно осигурување, за интернет, мобилни, нетфликс, Амазон прајм, спотифај, Епл, радиодифузна. Градинка, карате, престој/храна во школото. Се чувствувам сиромашна одкако сфаќам колку пари месечно ми одат.
Без ниту еден час одење на школо за германски јазик после акоро 2ипол годиини прозборев германски морав, имамм германци комшии и аоо нив научив една бабба има 94 г со нејзе најјмногу зборев и со таа до мојот стан таа има околу 77 г и уште кпга дојдов ми кажа за 2г ќе научиш сигурно а доојдов овде само со еднo Hallo ,инаку сега после 5г зборам и пишувам и се е со човекот и со кого се дружи имам роднини само со наши се дружат и после 6 г тука секогаш бараат помош од пријател.
Маж ми работи со Балканци и појма нема од германски. Ниту од англиски. Му викам - Земи учи. Он ми вика - Не. Не ми треба. Да знаеш дека ми иде да го истепам. Преку глава ми е секаде да одам со него и да му преведувам. Повеќе на англиски комуницирам. Прво прашање ми е - Ду ју спик инглиш? И одма фаца Јазик учење најдобро со комуникација со Германци. И гледање филмови и серии. Јас од гледање серии научив шпански. Треба да се знаат јазици. Не знаеш кога ќе ти затребаат.
@јolene @SanelaS што ви се виде убаво во градот, јас дали дека во период на корона живеев па ми е така едно мрачно чувство останато. Тоа секаде беше така тогаш ама ја таму се погодив и така ми остана. Таму отидовме најпрво преку роднини на маж ми па сменивме друго место заради поголема плата. Значи Б. В и Баерн дефинитивно не се за со мали деца. Како ве читам тоа градинките ќе те одерат. И општо по групи читам се е поскапо. Туку луѓе во некоја група денес читав дека кај многу доселеници се јавувал проблем со тироидната жлезда поради недостаток на јод во Германија. И тоа колку случаеви и кај деца. И баш се загрижив. Од кај па сеа тоа. Онака стварно лист воздух се надишавме, кај нас барем ама испаѓа без суплементи нема да не биде. Со сега витамин Д редовно сега и за јод да мислам треба. Имате слушнато за такво нешто?
Ако не ти е тешко да пишеш збор два за овие енергетски класи.што уствари значат. Гулгам нешто ама ми треба поедноставно објаснување.
И мојот небеше нешто поарен ао Германскиот работеше со нашинци но кога дојдовме ние тука тој почна во Германска фирма и саммо германци колеги мораше и тој да прозбори сега за сега добро му оди, проблемот е што јас и тоа што го знаев англиски го заборавив
Леле јас англиски, кога дојдов само англиски зборев кога се преселивме во другово градче морав да почнам германски леле англискиот сегааааа срамота. Пред две години одам на лекар нешто важно ми беше прашувам може ли на англиски кога почнав еден збор англиски два германски и си продолжив на германски оставивме ако нешто не разберам да ми дообјасни на англиски ама фала богу немаше потреба. Од тогаш не ни прашувам.
Англискиот секога може да ти(ни) се врати. Затоа што знаењето е тука, само што сега е потоснато од другиот јазик кој исто не ни е мајчин. И јас знаев доста добро англиски кога дојдов, сега со некој да зборувам на англиски звучам како идиот. Еден збор англиски, два германски. Катастрофа Ама малку по малку мислам дека почна да ми се подобрува. Имам некогаш клиенти кои не знаат германски, па ми треба и англискиот. Па почнав колку толку да го користам. Здравје, да го доусовршам германскиот би сакала да се фокусирам малку и на англиски.
Тоа со англискиот е така зошто не се користи, ама не се заборава, јас супер зборував англиски ,течно. Сега кога треба да зборувам, пример ако сме на одмор… првиот ден катастрофа, вториот ден подобро и на крај магично ми се враќа цело знаење после неколку дена, ама после пак не го користам и пак сум за никаде. Каков топломер користите за мало дете? Овој што го имам некако не ми е многу веродостоен.
Слично како кај електронските апарати. Подобра енергетска класа значи помала потрошувачка, така и тука. Со разлика што кај куќата ќе и треба помала енергија бидејќи истата ја задржува и има помала CO2 потрошувачка. При купување на куќа/стан или рентање кора да се прикаже во каква состојба се истите и нивната енергетска аусвајс. Зелено е супер, секоја останата е помалку добра. Црвено е најлоша. Вака изгледа Има специјалисти кои ја пресметуваат истата и официјално ја издаваат. Кај лоша енергетска класа треба да се вршат санирања за да се подобрат вредностите. На пример една куќа со лоша енергетска класа годишно троши гас во вредност од повеќе илјади евра повеќе од куќа со добра енергетска класа. Демек за зачувување на околината, животната средина, те обврзуваат да ги извршиш неопходните санации. Тоа би било. Обнова на врати и прозорци, демување на покрив, демување на фасада, примена на инсталација за греење. Во принцип лоша енергетска класа значи пониска цена бидејќи ќе треба да санираш многу или многу повеќе ќе трошиш за греење доколку ренташ.
Браун за во уво. Трет пат купувам ист модел. Не се научив и не се научив со други, од овој сум најзадоволна веќе 8-9г.
Во Лидл секое сабајле има Retter Tüte со овошје и зеленчук до 5 кила, 3 евра е, стои до овошјето и зеленчукот Во Rossmann секоја среда има многу производи намалени и на нив има зелена етикета за да ги препознаете, само во среда важи цената