Наредната недела ќе земаме кутре. Ќе биде вакцинирано, чипирано, со пасс. Што треба ние да направиме? Пријавување, вид на осигурување, нешто трето? Искуства ако може.
Јас само што открив пред некој ден па одма да споделам со вас. Слики видов од омекнувачи само тоа запомнив. И јас оваа среда ќе разгледам за прв пат. Инаку Росоман сум била само два пати за шампон за сива коса да купам.
А да не знаеш случајно шо се случува со Ленор омекнивачите? Ги снема од сите продавници во кои пазарувам. Кауфланд, Дм, Росман, нема. Вчера влегов и во Алди и таму нема.
Во лидл секоја сабота или пред продолжен викенд кога маркетот не работи 2 или повеќе дена, после 19:30 часот одприлика овошјето и зеленчукот се на 50,60,70 па и 80 % намаление. Откако знам секоја сабота пазарам, калинка за 50 центи, краставица за 20 центи, ананас за 60 центи, јагоди за 80 центи… За 10 евра со намирници за цела недела излегувам од (овошје и зеленчук) ама спремете се за гужви
Дани ние нашето го донесивме од мкд инаку го пријавивме само плаќаме данок за него околу 90€ годишно вакцини и чип има кога одиме доле го вакцинираме , инаку зависи што раса е можеш и осигурување да плаќаш ако сакаш, ние сеуште не земавме бидејќи е нон стоп на подводник инаку barmenia е ок осигурување . Али планираме да земеме оваа година за недајбоже . https://www.barmenia.de/deu/bde_pri...BoKNEEoSp1S4YDsOHZUY6M_5Wo2qMD0MaAiwyEALw_wcB
Дојди кај мене. Во сите продавници ги има (само во Нето не). Пред Нова Година начекав акција во Росман. За купени 3 омекнувачи даваа 1 гратис. Често купуцам таму. Секоја недела имаат акции. За некои акции ги користам купоните и така ми доаѓа поевтино. Какви детергенти користите? Јас за шарени земав еден од Лидл, ама не ми се допаѓа како пере. Да го потрошам и одма купувам друг.
Да не има некој во групава камења heilsteine да собира? Па да размениме мислења на македонски. Мм случајно се најде на погрешно место во погрешно време (ташната кога ја чистев ) и кога ми ги виде камењата во ташна не знаеше што да каже. Уствари малава сака да ги купиме, јас купувам па ги кријам во ташна за да не ги стави во уста малиов. Се полнеле на полна месечина, ноќе, надвор.
Jас рано наутро пазарувам, после градинките, и тогаш сум гледала рете туте. Не знаев дека се толку полни, баш ќе зедам кога ќе начекам. Ќе пробам и сабота пред затварање. Јас секогаш земам суши ретте туте од реве. Децава обожаваат суши, а и ние. Кошта 9.99 а има три паковања внатре и е со вредност помеѓу 20-30 еу.
Кога ве читам за пазарувањето, се прашувам кога јас пак ќе сум во состојба да влезам во маркет за подолго од 10 секунди. Периодов ми е . Никој со искуство со дерматолог кај бебе? Или со дерматит тука?
Што вирус ќе беше од сабота температура не спаднува синко целиот е малаксан дури почнува да збори глупости кога е веќе 39 сабајле со 40 си спиеше , сега сме кајј матичниот и чекаме да видиме што вирус ќе е .
И јас се чудам што е. Ние со маж ми две недели бевме болни. Испитавме и крвна слика. Се е во ред. Немавме температура. Сува кашлица, кивање, растечен нос, треска, замор, црвено грло. Јас имав гној на левиот крајник. На мене ми препиша докторката АЦЦ од 600мг. Дома се лечевме со чаеви, инхалации, спрејови, сирупи... Едвај се средивме. Навечер не можевме да спиеме заради кашлицата. Времево е лудо. Сабајле смрзнав кога ги носев децата во школо. Во одделението на помалиот син пола деца не одеа во школо. Сите болни.
Син ми е со дерматитис, моментално е под контрола. Јас така пазарувам во Кауфланд секоја сабота попладне и следам акции преку недела. Најдобри ми се покажале таму до сеа. А најмногу одам ради сирењето Патрос и крем сир Филаделфија. И не сум фан на месо од супермаркет, ама во Кауфланд ми се покажа дека е најдобро, особено меленото. И гужви се секогаш. Ама веќе научивме што како каде и завршуваме брзо иначе со маливе беше пренапорно првите неколку пати.
Женски.... Постои ли опција да си ги вратам парите назад? Порачав производ од Кауфланд и беше донесен во лоша состојба. Им го вратив и пишаа дека парите ќе ми ги вратат назад во рок од 14 дена. А поминаа повеќе. Им пратив докази дека од ДХЛ пакетот е доставен. Се прават будали.
Правевте ли алерготест? Педијатар или дерматолог го следеше? Уствари дали некој го следеше? Некое советување добивте или?
Јас прифатив настинка одма од синко маж се држи уште , алии јас сум хаос полна шлајм . кажа само бактерија вирус му даде сируп и тоа 3 пати само да го пие навечер значи три дена веднаш од прва доза му помина снема тт, и цел ноќ спиеше од што е јак сирупот.
Ние префативме од децата. Прво настина помалиот син, па поголемиот. Они имаа само растечен нос. Ама јас и маж ми го изедовме стапот. Јас имав многу секрет од носот. Прво проѕирен, па жолт, и на крај зелен. Ми течеше како чешма. Правев инхалација со еден балсам од ДМ. Среќа што гнојот на крајникот се повлече. И по автобусиве кашлаат. Некои уште носат маски. Времево денес облачно. За чудо, вчера не заврна. А јас сум научена на