Искрено во автобус се немам качено од летоска дека се ми е на дофат пешки само за школо синко го возам со кола оти е мрза не му ссе оди и ранецот му тежи , али многуу лошо е што јас ссега бремена па од све сум ограничена само легам и чаеви пијам апетит нула.
Јас ги носам во школо со автобус. Не сакаат сами да одат. И секое сабајле има кашлање, кивање, со растечени носови. И по маркетиве не знаат да стават рака кога киваат. Изгледа има некој грип. И на мене не ми се јадеше многу. Цело време бев гладна. Чаеви не памтам кога последен пат сум пиела толку многу. Не сум љубител на чаеви, ама морав да ги пијам. За гнојот ми помогна еден спреј од ДМ. И гаргара правев со морска сол. Не се издржуваше. Помалиот син вчера почна да шмрка со носот. Сабајлево кога стана за во школо добар беше. Па ќе видиме после школо.
Ми иде од мака да се насмеам. Каков црн алерго тест, ќерка ми со друг (поголем) проблем е, педијатар не ми дава алерго тест да и напраам. На син ми со видливи лишаи кои се ширеа ми викаше да мачкам само хидратантна крема и да бањам само 1 неделно. Сама пробував креми, Ла рош прво пошо најголем хајп имаше за неа, па мустела, на крај биодерма маслената купка и кремата за тело на двајцата им се погоди, оти ќерка ми иако нема некој поголем проблем со кожата, и стана многу сува откако се преселивме тука. На дерматолог кај мене се чека минимум 8 месеци за термин. Во меѓувреме, ако ти треба брзо мислење, има апликација што ја водат дерматолози, им праќаш слика и брзо одговараат. Спојлер
Најомилен лек на докторите во Германија им е ибуброфен . Го дават за се, болки, температура, скршеници, пораѓај, вирус, ако останеш без глава..... Ќерка ми имаше проблем со окото, и солзеше и малку црвено и беше и бевме кај тој претходниот педијатар, му викам дај нешто за окото. Ми кажа само ЌЕ И ПОМИНЕ и насмевка ми упати .
Знам, ама се понадевав дека имаш поинакво искуство, Јас ќе ја носам на приватно, ќе дадам 100 евра за преглед макс, ама толку дадов и за кремите. Кортико доби, и уште 10 други пробавме. Биодермата работи кај неа за бањање и за раце и нозе супер. За грб, гради и врат не најдов што ќе држи под контрола. Во аптека инаку се консултирав и позадоволна сум, а и тестери ни дадоа. Нели за различен стадиум, различни креми требаат. Ќе полудам значи кога ја гледам како се чеша и истовремено и мене ми се активира пак после години под контрола, од стрес на нозе ми излегоа егземите, па сега и ги тестирам кремите една по една прво на мене .
До 3 години чекаат само да помине. Кај комчише под нас помина на 3-4 години, мајката со ла рош исто рече го бањала. На компивкава со 4 деца сите деца до 3 години и имале нешто по кожата и само се повлекло после. Ама на крај доктоеот во право испадна нели? Некако за џабе ги критикуваме кога навистина се разбираат и во право се. Мене за окото на малиов телефонски ми кажаа што да земам од аптека, јас зедов ама не му мачкав, секогаш прво чекам, и помина само од себе. Ама телефонски од објаснувањето одма знаат што е. За разлика што претходниот пат кога беше конјуктивитис телефонски знаеја дека треба термин и крема некоја ни препишаа. Сега за стрептокока исто знаат дека треба термин. А некогаш со скроз исти симптоми викаат ќе помине, а сега брис направија. Знаат да направат разлика од обично џевенило на око до конјуктивитис на пример по симптомите објаснети телефонски. Јас за брисот и викам од нос или од грло и ми вика стрептокока имало само во грло не и во нос. А нели во Мк ако не сум грешка и од нос земале брис за стрептокока? Многу се учени. Ама наскоро нема да бидат кога ќе се вработат од секаде во светот. Така да да бидеме благодарни сега додека се ок докторите. Знам дека има исклучоци ок ама најчесто за џабе ги критикуваме. Лани јас ги убедувам дека има стрептокока дека во градинка има тие ме убедуваат дека нема и на мое инсистирање направија брис и негативен беше. А сега тие рекоа треба и позитивен беше. И како да кажам било што после.
Твојата е многу мала, алерго тест не е релевантен до 3-4 години и го избегнуваат најмногу ради тоа. Ептен со посериозна причина се прави, ама пак може ништо да не значи. Добро што барем во аптека ти нудат нешто, кај мене по аптека даваат само капки за нос на своја рака за се друго ме праќаат на доктор ко да не знаат колку тешко некогаш термини има. Апликацијава ти функционира исто. Дерматолог гледа и добиваш соодветна терапија. За услугата се плаќа. Добиваш и рецепт. И јас имам егзема на дланки и стапала што се активира вака зимно време и на стрес, ама со една грчка крема што не вреди ни пет пари ја држам под контрола. Иначе маж ми си влече трауми од корона тајм, тој уште секојдневно дезинфицира раце нон стоп со гелови и спрејови и рацете му беа пресушени партали. Последниов пат кога нарачав сет на Биодерма за децава, ми пратија подарок две креми за раце на биодерма исто, за сува кожа, па мене и нему топ ни се погодија кремите. А што и е проблемот со вратот? Исто егзема или има проблем со црвенило таму каде што се прецвикува кожата?
Почнува со црвенило како што е кога се прецвикува кожата и преку ноќ станува егзема огромна. Значи нарушена и е бариерата на кожата таму и сега од заби што лигави е ептен суво и постојано е црвено и рапаво. Мијам со вода и мачкам ама нема ефект. На гради и грб си е егзема егзема. Ќе пробам со апликацијата. Јас на лице имам, си имам крема и не ја менувам со години. Да не знаеш дека имам мака ќе речеш, стакло лице имам. На нозе може 25 години немав, рацете во зимо ми се до крварање стално. Гледам има и за бебе и таа ќе ја купам, природна козметика е, само да ја тестирам прво дали на ланолин има реакција, оти во бебешката има од овца ланолин од волната. Така ќе му дојде преводот изгледа. https://www.mg-naturkosmetik.de/ од роза кремот го користам.
Повеќето состојби се повлекуваат кога детето расте и развива имунитет, ама тоа не значи во секоја ситуација да се остави само на себе. Егземата ако не е соодветно третирана во ситуации кога има потреба од третман, може и сериозни здравствени компликации да направи понатака. Ќерка ми знаеше на места така да и се потсуши кожата ама со хидратантна крема се средуваше и ниеднаш не ја носев на дерматолог. А на син ми од едно лишајче на гради, па се прошири и стана онолкаво, доби други лишаи по раце и нозе. Не беше ситуација да се остави така, кога детето има проблем, му смета, го чеша, па се чеша и разранува и се така во круг.
Имам пишано, ама пак ќе пишам синко имаше тртка на нозете позади најверојатно на лизгалка се заразил и бевме на педијатар ми рече сами ќе му се повлечат кога ќе го ојача имунитетот ама ми даде едно кремче еуцерин нејзин примерок. Јас лудата одма го нашлапав оно да бил поминат рокот малце кога почна дете да се чеша па му се направија огромни кругови сува кожа како егзема. Пробува ме со разни креми мислам само се влошуваше, мм прочитал на некој германски форум за кремчево и по првото мачкање видов подобрување за две недели му се повлече све. Искрено го купувам се уште да имам на залиха иако не сме имале потреба повторно, ама се мачкам ако се изгорам пример. Битно е да е со 7% ектоин. Не знам дали е штетно ама со оглед на тоа колку брзо се среди мислам подобро од кортико. А за кожно јас правев зафат на приватно тогаш ми направи и кребсфорзоргунг и ме праша и за детето дали има проблеми со кожа ама веќе го имавме решено проблемот. Иначе јас чекав едно 6 месеци за термин иако беше за приватна интервенција, а сите други кај што се јавив немаа место воопшто.
Тестери од оваа линја ни дадоа во аптека, лосион и крем. Оваа за акутна видов дома дека ја има. АКо не се смири со бепантен сензитив што е за егзема до утре, ќе ја купам оваа. Кортико одложувам колку што можам, оти еднаш ставав од кортило, многу скоро да не ми дојде пак.
Син ми исто имаше црвенило на врат од прв ден. До негде 10 месеци му ставав од кремата за пеленска регија што ја користев на Веледа и му помагаше, ама нон стоп му се повторуваше состојбата. Се додека кремата почна воопшто да не помага. Го однесов на педијатар, таму девојката што работеше пошто цела една процедура е да те спојат со педијатар мораш прво преку нив да поминеш, ми рече ааааа тоа е бактериско земи прскај со остенисепт. И ја со цел памет зедов со тоа го прскав иако знаев дека не е соодветно. И нормално му се влоши. Ем црвено и влажно од што се прецвикува и се поти, ем пресушено и дехидрирано. Ем веќе ужасно го чешаше и го болеше не можеше да спие. Пак го носев на педијатар, и од педијатар добив крема која инстант му помогна со 3 мачкања веќе беше повлечено. По една недела се врати пак и веќе истата крема не помагаше воопшто. Значи толку бев очајна ко во круг да се вртам цело време. И на своја рака му шлапнав белогент маст кој го имав од Македонија земено и да чукнам во дрво со 3 мачкања целосно помина и веќе 3 месеца се нема повторено, а се повторуваше на 3 до 5 дена откако ќе се повлечеше. Перипетииве со кожава со детево низ нос ми излагаат.
Нас ништо друго од линијата не ни одговараше зошто кога се смири купив шампонче за бањање и лосион и мислам му се влоши. Само ова со ектоин кремчето. Бањам само со вода преку недела и еднаш неделно веледа се уште така терам ако е 6 ипол зошто све друго што пробав влошуваше.
Баш ме интересира која крема ви ја дале од педијатар, ако се сеќаваш. Инаку белогент е силен кортико плус антибиотик. Може и било бактериско, ама не ја користи стално, оти кај детска кожа од пречесто користење може лојните жлезди да се оштетат и после поголем проблем да биде. Инаку и кај неа се повлекоа со три мачкања, ама пак се вратија. Инстантно за три дена. Вајда требаше малку повеќе да мачкам, бар уште два пати, преку ден. Оти сега ако не се повлечат, ќе морам пак. Веќе е свесна и знае дека може да се почеша. Има една што ја расчеша, таму белег ќе остане сигурно. Ставав и јас на моите, чеша иако е кортико, ама за два дена се избледоа и уште чеша. Тоа и се случило и неа, иако не се гледа, она се исчешала и пак ја изгребала кожата и се врати. Значи и после крема со актвна состојка, обавезно хидратација со други креми 2 на ден. Лута сум си сама на себе значи што не можам да и помогнам. Епа тоа е проблем, што една крема може да е ок за лице на пример, ама не и за другиоте делови. Маки, ама ајде ка и да е, ќе помине, па после за друго ќе се нервираме.
Знам, знам. Затоа му ставав само еднаш на ден, 3 дена по ред и од тогаш доста време помина и не се повтори, прв пат после се користено. Личеше веќе на габично, јас имам искуство со егзема и габична инфекција во исто време на исто место и знам да препознаам и знам која мака е и фала богу белогентот помогна пошо бев очајна. Сега е топ. Биодермата се погоди, ништо нема, скроз е исчистен, бел, мекан. Освен што на газе знае да се потпари, а со првото дете таков проблем воопшто немав. Иначе ова е кремата што ми ја даде педијатар, ама само првиот пат помогна, после веќе немаше никаков ефект. Мачкав, ама исто како да не мачкав, само полошо стануваше. За егзема е. Спојлер
Истата ја добивме и ние. Исто искуство. Па следуваше една од аптека, која ја прават самите, па неуродерм, од последнава и се влоши ептен, па после биодерм, па кортико, па дермифант, па сега бепантенот. На добар пат и еубос да ја пробам. Ако не се случи чудо ноќва, ќе се јавам утре на педијатар пак и овие од апликација ќе ги контактирам. Најголем страв ми е егзема и габична на исто место. Така да очајот комплетно ти го разбирам.
Ние истераме гости.Помина брзу една недела,ама сега гостите болни од варичела .Не знам дали да се убијам или природна смрт да чекам?
Не се секирај твоите вакцинирани се од варичела, па и да фатат сигурно полесно ќе ја прележат. Само вие дали имате прележано?