Оди заедно ќе почнеме да пушиме или на нешто појако директно да одиме . Ќе помине што и да е. Може на враќање закачиле. Зар цела недела кај вас без симптоми беа?
После со кого ќе правам муабет за симпатии. Не ме оставај на цедило сега. Јас мислам дека му се свиѓам на мојава симпатија ама јас сум премија за него. Морам јас прва да му дадам знак. Уште не знам каков знак Ава. Не знам дали некој магија ми има направено или што е работа ама типов е тип што ми се нај антипатични. На одмор е, на 11ти март се враќа, тоа значи досадни цели 7 работни дена ме чекаат. Утре сум слободна, а тој е од задутре на одмор, па се мислам да отидам утре до работа, да смислам некоја причина, тоа може знак ќе му биде дека заради него сум отишла. 30 години наполнив, се понашам ко 20, изгледа мозоков грешка е нешто
До две недели од контактот може да се без симптоми.Се надевам само да не пренесам на работа нешто колешката ми е 7недела трудна ,а пред 3 месеци имаше спонтан. Спојлер: Знак Џоки мојот цела недела не е тука.Добивме слики од колешката па го има со грб на 2-3места .Утре се враќаат ,а јас морам 3ч минимум да одработам па може ќе го видам,ама малото ми е со растечен нос и од таму огромни гурли па ќе видам сеа дали и ќе одам со обзир дека јас сум на ред да останувам. Ќе почнев да пушам ама 10 евра цигари .
Јас купив цигари и пушев кога бевме на прославата. Секој ден имам цигари и упаљач во ташна ама кутијава 3 месеци веќе ја имам, не знам дали имаат рок цигарите отворени. Завчера знае симпатијата дека нема да се видиме и не сакаше да престане да зборува со мене ама јас мртва ладна и отидов и само чао викам. Он си нема појма дека ми е симпатија.
Оо је шајзе. Бегај Ава бегај од неа. Оно не би требало ама кој знае. Добив нот термин кај дерматолог за утре. Кај на маж ми тој што го спомнав. Нели он тогаш на приватно, е сега за неа и без убервајунг да сум отишла, не било проблем, ќе сределе они после се што им треба. Киндер арцт не можат веќе ништо да сторат, освен ум да дадат да кажам нот е. Сега се нервирам што вчера не се јавив. Ама чекав нели чудото да се деси. Кога ќе видам, нашите у споредба со вашите се супер.
Ние сме дома со малата.Од кај др ми викаат прати слики ,а на детето очите чисти без гурли Не требало антибиотик.Ми дадоа кранкшрајбунг за денес и утре и и викам на сестрата па ако детето е добро што ќе ми е за утре.Ќе сум видела и сум можела во кранкшрајбунгот најдоле да пишам колку дена останувам.Е ова не го знаев .Значи 7 год грешка сум го пополнувала. Земаме редовно боловање и колку ни дадат толку ,а имало денови кога децата се супер . Абе изгледа и јас на ситее им се смеам само на симпатијата сум му сериозна.Една колешка што ме изнервира минатиот пат.Пушат со симпатијата и плус еден кол и јас доаѓам и вадам си го сјајот за уста и додека чекам да ми ја отворат вратата си ставам.Они нешто за раб зборат и симпатијата нешто ми префрли ама јас не го чув и се вртам и он ми вика да не сакаш да да ти го пуштам тел на камера како огледало .Викам не.И др колега вика обчно жените си стават кармин тајно.А симпатијата вика или додека возат и јас викам и јас исто си ставам додека возам и почнуваме да се смееме , сакав да кажам ама семафорите ми беа зелено,а колешката продолжува со досаден муабет и он одма стана сериозен.Конечно ќе ми направе он муабет ама колешката досада.Таа кол ми толку антипатична не знае да каже морген и само оде кај шефицата и некој шпионира. Еј ќе дојдеше у старата канцеларија шефицата беше со нас и само на неа и кажеше морген ,а нас 3 не игнорираше.Викам и на младата колешка кој не каже морген нема плата па да видеш одма како ќе дојдат и муабет ќе ни направат. На малата ради бронхитот и правија 2 пати алерго тест излезе нема алергија.Ние беме на хомеопат и таа кажа дека ако почне на кожата да и се појавува тоа е добар знак.Се од внатре излавало надвор. После ќе ни дала некое кремче за кожата.Јас не продолжив со хомеопатијата ама после неа на малата не е спуштила на гради.Ама еве пред една недела прави 3год.Може и ради возраста да е. Лунгенарцот постојано не прашуваше дали има проблеми со кожата оти бронхитот и дерматитот биле поврзани.Како не сум прашала. Може како шо кажа Џоки и да го надмине од 3 год проблемот.
За денес сакав кај нас дм реновираат ама не ми се оди до Росман за џабе ако нема. Фала ви сега останува дали ќе отидам или ќе се влечам уште пола месец. Пиши која апп за секој случај да ја имам
Беше симпатијата денес. Кога слушнав дека иде целата се исповозбудив. За на крај да се изнервирам нешто. Ама ако. Со едно зелено дуксерче. Сигурно се знаеме од претходниот живот. Не ми е јасно зошто едноставно така некогаш си кликнуваме со некој. Мм ми ги наброи сите негативни работи на мојот симпатија, а мене сето тоа ми е симпатично кај него. Јас уставри само сакам јас нему да му се свиѓам. Ќе треба да пробам да запалам бела свеќа во портокал и рузмарин на полна месечина.
Како функционира? Имам уште еден куп за вадење. Ја во Росман вадев пред 2 месеца последно. Има сигурно.
Шо праите?Јас после два дена станувам од кревет.Ме фати температура и цело тело болка. Туку дојдов да ви кажам нешто смешки.Слушајќи ја на Католина песната "За кого" ми текна на зборот либе. Кога дојдовме тука си купивме броеви од Алди со маж што уште ги имаме и се исти на крај со еден бр разлика.Си го запишав како Meine Liebe .Така ми стоеше до пред неколку месеци кога укопчав дека ми е грешка и тоа слушајќи ја шефицата дека на нас женските ни вика мајне либе, а на мојот симпатија му вика Meiner Lieber. Па го сменив маж ми со името негово арно ама колата ми стои некако смешно ,а на Viber ми стои име Liebe. Така учете германски на време.
Ја ги испратив да се шетаат малку, демек да присоберам дневна. Еве 20 мин на телефон блеам без врска. Изморена сум ептен. И телефон ме нервира. Многу ме поправа кога пишувам. Треба да го исклучам.