знаеме како ти е ,сме минале и уште минуваме.Јас се си се тешам немам сила изгледа ми е климакс . Многу е убаво да имаш деца ама после две деца повеќе неможам да смислам деца.Имавме парти на работа и доаѓа колешка со бебето јас одма станав и отидов кај мажите само да не треба да го држам.Ете толку не можам деца веќе.Да имав помош белким на 2 ч во неделата сигурно уште ќе обожавав деца.
Вратот ме боли не знам дали да одам на итна? Од двете страни, неккао чудната била на интернет пишав болка и вика може срцев удар хас си мислев мозочен да не е Не знам што да правам Дали да пијам парацетамол и да чекам Од каде сега ива
Немој Аво климакс, генерација сме, а ја тек планирам уште едно да раѓам. Од каде ти сега температура? Ние штета што не сме поблиску, заедно ќе бегавме од туѓи деца . Ко по викаш доста ни е од тие по дома а? Ја се борев со мојата до сега да ја мачкам креми, пола у уста и завршија. Ќе го затрујам детето. Врска немам што правам. На лекар бевме вчера. Ништо ново не кажа. Кортико по шема. Генетски било. Од око прецени . А тек треба да правам колачи и кухен, имаме утре пријатели на ручек. Дневната уште не дораздигната. Ме нервира што ми е склад, а не дневна. Оти нели 40кв треба да се пополнат некако. Тие корпи за бебе. Што да им правам, кај да ги носам, ќе ги продав, ама не сум стигнала да ги објавам. Сега прашина се полнат само. Во подрум место нема игла да фрлиш. А уствари само кутии огромни од на маж ми компјутери и монитори, ама не смеам да фрлам. Абе на кој му требаат 5 монитори да ми е да знам . Синоќа пак им бегав од соба. Не можам значи со двајцата во соба. Ме полнат нервоза. Многу лесно спијам и не сум од тие што веднаш можат да презаспијат. Неа ја слушнам и додека спијам. И не ми е проблем кога ќе се пробуди или цуцла побара ќе станам, ќе ја погалам, ќе ја земам, ќе дадам цуцла или да јаде. Што и да треба. Ама кога он ќе ми се разрчи готово крај е. Ми брка мислам у мозок. Ај од една страна неа да ја слушам, он ми смета и толку фифнувам и бегам, за да не убијам некој после. Колку е значи без врска, да зачувам брак треба посебно да спиеме. Порано си користев тие за уши тампони и арно беше. Сега леле нема романтики и гушкање. А замислете он бегаше од мене кога бев трудна, многу сум му рчела . @gjoker4e гугл батали. Најверојатно си се укочила од спиење или си настината. Пиј парацетамол/ибу ако помине ништо не ти било. Ако не прави како што ти каже интуиција .
И маж ти ли праи колекција од компјутери? Шо им е на маживе со технологијава?? Се побудалија. И маж ми само ги собира, имаме три лаптопи, 2 компјутери, 2 телевизори шо не се употребуваат и 1 шо го употребуваме, 3 напредни полначи за телефон ( не од овие каблите), 2 перални и една машина за садови во подрум,и уште 10 други работи на кои незнам ни за шо им е намената. И не смееш да му ги чепнеш . Човеците се подготвуваат за апокалипса изглеа Ние одамна не спиеме заедно, неможам со трактор да спијам во креветот.
Една од најголемите радости одкако имам возачка и кола со голем багажник ми е што сама, ќутенка, си правам тури до отпадот. Него нели ништо не му треба, се си има, боже сачувај нешто со дупки или излитено да се фрли. За на бауштелето ќе си ги носел. Како што не разбира, за испаѓање ќе облече баш некоја издрпана маица а за на бауштелето некоја нова од 100еу. Најчесто пак купувам исти модели и исти бои, нема поим. Чистки и од подрум си правам редовно. Ако се сети дека нешто нема аааа, при преселбата сме го фрлиле по грешка.
Боже, мојов и на тебе да не ти е маж? Лани купи блуза оргинал на Живанши, коа глеам таа етикетата таква останав . Ја облече 5 пати и оп, сега за на работа ја носи .
@Adidas888 и маж ми собираше се и сешто во Мк. Малата тераса полна со разни работи. Алати, даски, железа, кофи.... Му викам - За што ти се? А он - Ќе се најдат. Кога дојде во Германија земав се и фрлив во контејнер. Не се трпеше.
И јас фрлам шо може да се фрли. Па нека го бара после. Ама и јас сум таква со украси и облека. Само складирам.
Можев да отворам продавница од се што имаше. Јас не собирам непотребни работи. Е овде друга песна. Немаме тераса и подрум, па не може да собира. Какво е времето кај вас? Овде цел ден сонце. Требаше да излеземе со маж ми, ама нешто ме изнервира и си останавме дома.
Кај нас незнам какво е оти јас од дома два дена не сум излезена, незнам шо ми е, ме болат сите коски ненормално, едвај стојам. А немам температура. Незнам дали е некој вирус, во понеделник одам на доктор, редно е да почнам и тие работи да ги трчкам оти со болки секој ден не се живее.
Јас и маж ми две недели бевме болни. Кивање, сува кашлица, растечен нос. Маж ми на моменти се тресеше. Јас имав црвено грло и гној на левиот крајник. Бевме на лекар и ни рекоа да се инхалираме, а на мене ми препиша докторката АЦЦ. Крвната слика е ок. Белите дробови ок. И ЕКГ направивме. Маж ми овој месец треба да оди на кардиолог. Можеш и ти ова да го испиташ. Некој вирус има. Прво децата беа болни. Малиот со растечен нос. Големиот исто и плус главоболка и треска. Два дена не одеше во школо. Ги лечев со витамини и сирупи. И да ги носев на лекар немаше ништо да им препишат. Денес нешто грбот ме боли, а овој мојот не разбира и упорно инсистира да излеземе. А сам не му се излегува. Како фластер да ставил.
Ооо, иам јас многу за испитување ама повеќе сакам да одам за да испитам дали иам некоја анемија или дефицит на нешто. Пред две год ми кажаа дека иам реума и плус уше некоја болест поврзана со црвените крвни зрнца и била типична за медитеранот. Јас гуглав малку и ми излегува дека тоа е бета таласемија. Затоа сакам да одам и да ми кажат за сигурно шо ми е како да се лечам оти секој ден веќе две години имам болки, косата ми опаѓа многу иако користев шампони против опаѓање, ми се врти, со очите не гледам убаво и расположението ми варира од минута во минута. Во Мк многу пати правев испитувања ама докторот не ми кажа шо ми е, само ми кажа дека крвта ми е слаба и ми даваше железо да пијам. Додека го пиев бев ок, после пак исто. Така сум веќе со години, се навикнав више да сум цело време изморена и да неам енергија за ништо. Ама немав болки во телото колку шо иам сега.
Почнав пред неколку дена, ама ќе мора да ги прекратам, оти прочитав некаде дека не смеам да пијам калциум ако иам анемија или реума. А и мора да ги прекинам за да ми земат крв и да видат шо точно ми е.
Јас испитав комплетна крвна слика. И плус урина. Ден пред тоа не пиев витамини. Калциум пијам заради коските. За косата капсули од ДМ. Не ми опаѓа многу косата.
Јас иам проблем со организмот, затоа ми паѓа. Ај барем тука во Германија ќе ми кажат шо и како, барем ќе пробат да ме излечат.
Мајка ми на моја возраст ја фатило климакс.Па од таму наследно што ти ја знам. Пред некој месец ми текна да видам кога треба да ми дојде тој месец пишува на апот пред 2 дена .Што апот е грешка јас не сум трудна викам. Сметам сметам гледам треба по два дена да добијам и добив за среќа. Температура и да бидеш болен за родители кои имаат дете во градинка не е научна фантастика што детето тоа и вие .Па после викај си колку јак имунитет имав пред деца да имам. Вчера малата се уби кашлајќи,како некои 3или 4ри вирус да е ова во 2 недели ми се слошува веќе од неспиење.Па после кога почна да повраќа.Имам перални да перам во наредна недела само од неа. Една ноќ помина како 300 да поминале. Отидов и јас во др соба баш како Јолене што опиша исто лесно спијам тешко презаспивам, маж што рчи. Туку порано не го будев да се сврти и што тој наспан јас зомби .Тој нервозен оти наспан јас мирна ем ненаспана.Си добив несоница и си станав себична баш ко него.Си го будам па добивам плус некој саат сон . Му велам да оди да си земе машина за спиење ама не . @gjoker4e вратот што ти е укочен не е сигурно нит мозечен нит срцев.Трба често да пешачиш за мускулите да ти се загреваат и со тоа ќе ти се опуштаат.Топло нешто стави масажа и ќе помине за некој ден. Кај нас с од сонце нема мрачно одвратно на психа мава.