Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.703
    Пол:
    Женски
    Во школово бараат секој ден да им ѕвониш. И да знаеш дека цела недела нема да оди во школо ти мора да им се јавуваш.

    Убав ден денес. Сакам кога е топло. Децава денес прв пат сами отидоа во школо. Најубаво да си испазарам. На раат сум кога одам сама. Кога и да одам со маж ми го слушам тоа неговото - Ајде побрзај. Не туку гледај по рафтови. (facepalm)
     
  2. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.763
    Допаѓања:
    34.026
    Пол:
    Женски
    Зависи каде и како ние на почетокот добивме ливче со правилник како кога е болно детето прв ден и последен ден пред распуст не прифаќаат оправдување ниту од лекар :@ пример два три дена пред раапуст ок ќе прифатат но ден пред и потоа не :D и 60€ по ден е казна за оние кои не пријавиле дека детето нема да оди во школо тие денови.
     
    На Ava.84 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.703
    Пол:
    Женски
    На нас ни кажаа дека не смееме да ги изнесуваме децата надвор од државата за време на настава. А за време на распуст (август не) само со дозвола од директорката. И да им приложиме доказ зошто заминуваме. Претпоставувам дека и во другите училишта е така.
     
  4. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.763
    Допаѓања:
    34.026
    Пол:
    Женски
    Точно е тоа е скороо секаде дури е настава и да е болно несмееш да патуваш само за време на распуст и пример сега кај нас 23.03.24 почнува распуст тек после 11 часот смее да ја напушти државата :wasntme: јас бар за тоа викам имаат ред тука доле е хаос кога сакаш вадиш дете за да патуваш некаде.
     
    На Mari* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.926
    Допаѓања:
    177.497
    Пол:
    Женски
    Јас павличева по секоја цена гледам да избегнам ради прелошиот состав и голем процент на нафтени деривати. Од почеток сум со што е можно поприродно. И сега ми е мака што користам медицинска од типот на биодерма ама во прв момент пролетва ги враќам на природно.


    Има некоја во Франкфурт? Освен ЗОО што да се посети а да биде интересно за деца? И дали имате предлог за ресторанче некое деца френдли? :D
     
    На senjorita-v, TutiFuti и Chantal им се допаѓа ова.
  6. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    7.254
    Пол:
    Женски
    Па искрено попрво би Павловичева отколку сега шемава со кортико. А сите парафински што ги пробавме од доктор што ги даде. Санакутанот и тој мислам парафин имаше.
    Си зеле делот сите. Се знае најубаво е без ништо..ама тоа е. Секој со својата мака.
    На веледа белата ја имаш ли пробано?
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  7. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Не ја користам ја секојдневно павловичевата, само во овој случај. Мора некогаш да се избере помало зло. И кортикото исто за инхалации кога е ептен лошо.
    Инаку јас ќе порачам сега од iherb има цела колекција за деца со такви проблеми купки, путер за тело.
    https://de.iherb.com/pr/aveeno-baby...5swwu2Hf8zRNHZ2o-kRoCtygQAvD_BwE&gclsrc=aw.ds
    Моето од време на време има така. Не е стално и не знам зошто се појавува. Пример една година немаше ништо сега пак.
    Ова ми препорачаа па ќе пробам и ќе видам како е.
     
  8. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.763
    Допаѓања:
    34.026
    Пол:
    Женски
    Не сум у Ффм близу него сум Офф ако не сте биле во Палменгартен исто може да се отиде.
    кафана сакаш наша храна или ?
    Wie zuhause
    Nasa kafana
    Resturant Grill & Chill.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.325
    Нареден пак кога ќе одам Франкфурт ќе ги барам местава^_^
     
  10. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.763
    Допаѓања:
    34.026
    Пол:
    Женски
    Овој ти е у Ханау македонска храна топ топ https://www.facebook.com/share/Kwc99fSb77QahD7f/
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    46.338
    Пол:
    Женски
    @danichap дали користевте осигурување за rohbau?
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.926
    Допаѓања:
    177.497
    Пол:
    Женски
    Веледа нема што немам пробано, на оваа колекција мислиш? Мирисот на кремата за тело не можам да и го поднесам. Децава ко бајати мекици претходно пржени во стар зејтин мирисаа. Ама да, се имам пробано на Веледа.
    IMG_0753.jpeg
    Веледа ми е секогаш прв избор. И секогаш терам со природно прво дур може.
    Кога имаш проблем и кога е нужно зло секако ќе користиш и кортико, ама кортико ти е пак по шема доктор ти одредува и доктор следи. Мене кортико не ме плаши толку колку што некогаш морам сама на своја рака да се снаоѓам.


    Палменгартен ја гледам последниве 2 одења ама пак во зоолошка завршуваме. Мислам дека видов дека има и аквариум бил некој да сподели искуство?
    Супер за местава, одма правам скрин шот.

    А да споделите за Хановер исто нешто? За посета со деца и места за јадење. Одамна се спремаме за таму да прошетаме. :)
     
    На senjorita-v и јolene им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.325
    Да, имавме едно осигурување додека градиме ако се повреди некој работник или се направи штета.
     
    На Kasiopaja221 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Herrra

    Herrra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Ми треба информација од вашето искуство. Ќерка ми почна со градинка во август тогаш беше под 2 години. Од 1 март почна во градинка нова група . Поточно ги поделија децата демек на помали од 2 години и наводно другата група од 2 до 4. Керка ми сега е 2 години и 4 месеци другите сите што останаа во групата на ќерка ми се над 3 години. Дали тоа е нормална процедура дали е таа вообичаена трансакција бидејќи јас очекував да остане во таа група до следниот август или барем да остане во група со дечињата под 3 години .
     
  15. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    5.797
    kaj nas vo gradinka se pod 3 godini grupi i nad 3 godini
     
    На Herrra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Herrra

    Herrra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Па и кај нас до денес мислев дека е така , но на нашите прашања зошто е во таа група со над 3 години ни рекоа деемек таа ќе била група од 2 до 4. Повеќе прашања ми се мотаат во глава
     
  17. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Кај нас е од 2-6/7години.Секоја градинка или покраина е различна.


    Ние лани пишавме до директорката ослободување на два дена по распусот 4 месеци унапред.Одговор правиме исклучок еј за два дена(facepalm).
    Оваа година на првото родителско ако сакате пред распуст по распуст одобрување од директорката мота да потражеше .Лани имавме случај се добро испадна|(.Ме исклевети на првачињата:D.
     
    На Chantal и Herrra им се допаѓа ова.
  18. PepicaAn

    PepicaAn Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2023
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    46
    @Yowannty Јас лично не знам, но знам од лица кои минатиот месец земаа патен лист, директно треба да се обратите во амбасада, и истиот ден ви го издаваат документот. За паркинг мислам дека е јавен паркин во близна (која е цената не знам).
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Се извинувам тотално неповикана што се јавувам, згора на тоа и без деца, ама сакав да се надоврзам дека Палменгартен е едно од најубавите места кои некогаш сум ги посетила, само што е огромно и дефинитивно не може да се прошета и види цело во еден ден, особено не со мали дечиња.
    А и уште еден предлог, доколку сте со автомобил и имате можност малку да се провозите, на помалку од 30 мин. од Франкфурт (кај Кронберг) се наоѓа една приватна зоолошка, Опел-ЗОО, која мене лично ми е далеку поубава од франкфуртската. Има можност на влезот покрај билети да купите и морковчиња па да ги храните со нив животните, живеалиштата им се релативно "отворени за човечки пристап" па животните се научени да се близу луѓе и да бидат хранети, има и ресторан со поглед на зоолошката, општо е прекрасно средено - топла препорака, мислам дека и вам и на малите би ви било одлично :)
     
    На senjorita-v, joana18, Dancewere и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.926
    Допаѓања:
    177.497
    Пол:
    Женски
    Ејјј супер. Petting zoo е подобра идеја од зоолошката секако. И претходно имам пишано за зоолошката, во поглед на тоа како е организирана многу ми се свиѓа ама кога и да сме биле нема баш многу животни… и најмногу време во аквариумот поминуваме и на шпилплац, а за шпилплац не ми се тепаат 2 саати во правец. Ова со отворената зоолошка ќе им се свиѓа сигурно. Одма ќе гуглам времето какво ќе биде следен викенд. :f:

    Палменгартен ќе остане за некое следно доаѓање. (fingers)
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.