Не е баш баш отворена како што постојат резервати каде слободно се шетаат животни и луѓе измешани, ама сепак живеалиштата не им се преоддалечени од патеките, па можеш да ги храниш и некои од нив дури и да ги галнеш. Јас лично бев шокирана кога се завртев и приметив жирафа како ме зјапа на метар од мене Спојлер: Некоја слика
Девојки за прием во градинка добивме место. Е сега нешто не ми е јасно, бараат систематски преглед и потврда за вакцинации. Малиот уредно ги има примено сите вакцини кај нас. Систематскиот преглед дали треба да се изврши кај матичен? Ние матичен сеуште немаме, а и здравственото ни е при крај, тек претходниот петок добив писмо за достава на слики. Картичките ќе се готови за 2 недели, што значи наредниов понеделник. Дали картончето со вакцини да го носам заедно со формуларот за градинка кога ќе го враќам пополнет?
Aко немате детски доктор барај кајј вашиот општ лекар нека ви ги препише вакцините во жолтата книшка ако сте ги примале сите вакцини кај нас доле, инаку Ммр варичела мислам дека ќе мора екстра да се прими доле кајј нас ја нема таа вакцина .
Немаме уште книшки Еве 4ти месец тераме без нив, среќа не ни беше потребен лекар се до денес, но утре ќе отидам до АОК да им барам потврда или било што, не можам да чекам до нареден понеделник.
Кај нас даваат здравствени картички. Ги добивме по пошта за 7 работни дена откако поднесовме барање во АОК. Даваат и потврди за тие што ги немаат добиено картички.
Да и овде даваат картички, меѓутоа прoблемот е што јас дури пред 4 дена добив писмо за да доставам фотографии. Откако доставив ми пратија мејл дека картичките ќе бидат готови за 2 недели и ќе ги добиеме по пошта. Се начекав 4 месеци скоро за да го добијам тоа писмо за сликите. Утре одам АОК да барам потврда.
Дали има некој посебен документ што треба да се покаже на гранична контрола кога доаѓа некој да седи кај роднини до 90 дена освен повратна карта? На мајка ми и побарале нешто претходниот пат ама не знае да ми објасни што и барале и сега треба да доаѓа пак и не знам дали ќе и прават проблем. Има еден документ Verpflichtungserklärung како потврда за средства и се вади од имиграционо ама се чека термин и се плаќа за него, имате некое искуство?
Бараат гарантно писмо. Кај кого одиш. Односно, на чија адреса ќе престојуваш. Личноста те вика како гостин. На мене не ми побараа затоа што маж ми патуваше со мене.
Ako neznae germanski na eden list napisete samo deka ke odi kaj tebe vo.koj period i tvoi podatoci adresa i telefonski broj i povratnata karta i toa e
Морално е или пожелно? Во која компанија сте? И откако ви заврши градбата во истата компанија го продолживте осигурувањето?
Пожелно. Генерали ни се сите осигурувања, кога заврши градбата заврши и осигурувањето. Сега сме покриени со Wohngebäude и Haftpflicht осигурувања. Еднаш годишно плаќаме, зависно од големина на куќата, квадратура и што е вклучено.
Во Кауфланд има велигденски кошнички за дечиња, треба да се избојат и наместат. За велигден ќе ги наполнат од Кауфланд гратис.
Времето тиња. Станови треба да барам. Мрза ме фатила. Кога само ќе ми текне колку е тешко да најдеш стан. Па и Минхен. Ама нема зуц муц сега. Бидна А кита. А работа за мене. А педијатар. А матичен. Абе ептен досадно ми беше . Имаме ли некоја дама во околината на Минхен во групава?
Со жешка вода се туширав долго и ми помина вратот. 3-4 ибупрофен и испив за овој врат. Никој не кажа дека после 30 ќе боли се едно по едно. Не знаев дека и врат може да боли. Едвај ја издржав болката. Во школо прифаќаат кранкмелдунг пред и после распуст само ако детето пред или после било на педијатар и педијатарот утврдил дека е стварно болно. Јас не го знаев тоа за пред или потоа и не пријавија на Ordnungsamt ама сеуште нема писмо или нешто па не знам што како понатака ама рекоа не е страшно, ќе кажеле дека знаат дека била во државава и дека претходниот ден била исфрлена по телото, стварно беше, ама не знаев дека мора истиот ден на педијатар, и од педијатар не ми дадоа кранкмелдунг. Не ми се верува дека сеуште е 6ти март. Од 4:30 сум будна. Симпатијата на одмор. Понеделник и вторник сум слободна, среда јас прва тој втора, четврток тој слободен, дури петок ќе работиме заедно. Во градинка има вошки веќе долго па се некои известувања за вошки со брошури совети мислам експерт за вошки ќе станам. Сеуште нема малиов ама лесно е за него ќе го шишаме лустер одма. Јас денес решив каде сакам мини џоб и да испринтам бевербунг во дрогерија компјутерот не им работел. Секогаш кај мене така оди тоа ама утре ќе одам пак сигурно ќе им работи. @SanelaS да се јави со подетални информации за симпатијата