И киндергелд треба да ги сметате 250/500 евра. Не знам за вас ама јас се изморив без мини џоб. Денес и утре сум слободна. Завршив дури и најмали ситници што ги одолговлекувам како на пример пред два месеци најдов картичка од банка пред стан, ја зедов и дури сега ја однесов во банка во сандаче. Сопственикот сигурно веќе нова си порачал ама јас барем знаев дека нема да пробам да платам без контакт па ја зедов пред некој да му потроши некое евро. Денес татко носи три пакети и дете со тротинет, детево плаче да го земе, татково ги фрли сите пакети на земја, се подразмислив дали да се понудам за помош и викам извинете ако сакате можам да ви помогнам јас ќе ги носам пакетите вие детето, имам и јас деца и имам време. Мораше да се објаснам убаво. Рече ок фала и така.
вакви луѓе како тебе го прават светот подобро место за живеење .За жал се се поретки.Сите гледаат само за себе.А колку посебични сме толку понесреќни сме. Мене преска еве еден човек ми кажуваше да возам напред оти претесно беше од комбето на дхл.Ете и тоа ми е нешто убо 5 пати фала му реков , а тој се изнасмеа како демек хм жена. После пак еден друг ме виде со малата и цело време ми се смееше па јас почнав да сумјам да не ми излегла некоја ц*** од деколтето.После пак помина и пак ми се смееше не разбрав зошто.Чудно е кога некој ќе ти се смее или мислеш си луд или тој е луд.Ептен отидов јас или човештвото .
@Mari* дали аплицираше во каритас или некоја др организација за еднократна помош ? Мене ми одобриа јас аплицирав уште во декември и вчера ми пуштија баш солидна сума на пари што не ни очекував токку мн.
Zdravo , ke moze li da mi kazas za sto se raboti i koi dokumenti se potrebni. Jas sum uste na pocetok 9 nedela , od koga se podnesuva Ti blagodaram
Направи сси термин во каритас или профалилија диаконте зависи што имаш блиску во твојот град. И ќе ти кажат они што докуменнти се потребни . Рано ти е тек си 9 недела после 13/14 можеш да аплицираш. Кај менне само бараа платни листи и стан колку се плаќа на некои не им одобруваат и јас мислев дека нема да ми одобрат имаме големи примања а малку плаќаме стан но ете среќа ни дадоа зависи кој како ќе е расположен. На една дрѕгарка одма и кажаа дека не ја следува а има помалку примања од нас. И мораш само на едно место да аплицираш од тие организацции.
Запозната сум Со нашите примања е невозможно да искористиме било каква врста на социјална помош за жал
Дали проба ? Аплицирај може успее и ја мислев дека нема ама ете биде . еднократна помош за мајка и бебе (Erstausstattung )
Кај тебе можеби дека близнаци и дупли трошок. Нас на времето со една минимална плата буквално ништо не не следуваше. Да прашам успат што им ставате за појадок и ручек кога одат некаде. Појадок ок имам идеи. Ама ручек тешко. И не јаде се. Плус ќе треба ладно да го јаде. Навистина не знам што.
Германки Сакам да ми пише некоја - што значи 1500 евра плата во Германија за еден човек без семејство, кој живее под кирија со цимер и има обезбедено оброк од фирмата. ...ама реално...
Со оваа плата реално на ова скапо времее ништо. Незначат 1500€ И се си зависи од човекот на кој луксуз е научен. Како викат колку ти е чергата толку пушти ги нозете.
И мм вика тоа дека близнаци па затоа и дале. Али јас дирекно им закажав состанок оние што ги знамм преку телеефон што прашуваа ги откачија одма.
Со таа плата тешко да опстане. Кирија да плати и плус други трошоци. Треба да се стиска за да има некое евро настрана.
1500 евра нето? Ако е 1500 евра нето и е сам ок е. Ама гледам сите пишале ништо. Ако седи под кирија со цимер еве 1000 евра нека им е станот со сметки, значи 500 евра плаќа кирија. Макар што ние за трособен со сметки и паркинг плаќаме 960 па сигурно нив им е поефтин. Значи 1000 евра му остануваат. Да одземеме еве и струја, телефон, маркет, дрогерија нека се 500 евра, значи му остануваат 500 евра чисти. И без кола да е човеков. Значи сам е човекот како може да му биде лошо со 1500 евра. Може и мини џоб да си најде и ќе има 2000 евра. Плус оброк има, плус и кирија и останато накачив.
Ова е отприлика минимална плата во Германија. Не е страшно за почеток, зависи од квалификациите кои ги поседува, струката во која работи, квалификуван или неквалификуван работник, работно искуство, во која покраина живее, пример во Источна Германија се поефтини трошоците за живот, се живее со минимална плата не е крај на светот. Јас додека студирав дури и помалку од ова земав како working student. Не се стигнува веднаш до баснословни суми има период на адаптација дури и со исти квалификации, имигрантите почнуваат со пониски плати (не е тоа дискриминација) бидејќи има нешто што се вика transferability of skills (преносливост на вештини) треба време, битно дека има позитивна корелација колку подолго си во земјата како имигрант почнуваш од (по)малку и одиш нагоре.
Дека е малце малце е, ама за почеток е изводливо. Сега зависи на кирија колку ќе потроши и нормално колку луксузно живее. Ако знае јазик и е квалификуван ова е премалку, ако е без јазик и некој посебни квалификации тоа е почетокот, што не значи дека неможе брзо да напредува.
За почеток во ред... Без јазик и квалификации неможе ни да се очекува повеќе да сме реални Сопругот кога дојдовме земаше 1100 и ние двајца Не траеше долго да напредува и брзо се сменија условите ама првата година за трошкови работеше само...
Ќе преживее. И ќе има ситно да заштеди ако не е трошаџија. Ако дели стан и платен оброк, толку е за почеток без квалификација. За викенд може да подработува мини џоб и ќе си има и за на страна дур се снајде подобро.