Мене друго ми е прашањето. Ако го пропуштам рокот сега да ја пријавам, нели немам адреса. Значи ли ова дека нема да добијам место се дури до нареден септември . Стигнува ли нешто по пошта? Ако е само он лине, тогаш да ја пријавам на некоја адреса кај бараме стан, па после да коригираме адреса?. Мислам ќе полуди и она дома уште година ипол со мене само.
Има ли некоја шо направила microblading или ombre powder brows тука во Германија? Ме интерисира како ги прават, колку време траат и колку пари се? Ми се смачи веќе секој ден да ги цртам веѓите, размислувам за тие две варијанти погоре шо ги пишав. Или вие што би ми препорачале за нешто такво како на сликата
Кај нас нема рокови. Од јануари до декември се пријавува, од јануари до декември се почнува. Првото почна на 1ви мај, второво на 1ви декември. Ако имате определено место на кое што барате стан тогаш пиши адреса од таму, Универзумот баш тој стан ќе ви го додели. За нашиов стан мм викаше дека никогаш немало да се исселат од тука тие што живееја. Од 20 паркинг места ние сакавме еден само и викаме ајде да видиме како Универзумот ќе ни го додели. И баш тој го имаме. Универзуму, да видиме утре симпатијата како ќе ми се пушта.
Колку што знам стасува по пошта, плус во рок од две недели треба да дадеме одговор и да стапиме во контакт со нив. Крипе се помалку места, потешко е. Во пријавата стоеше дека приоритет имаат самохрани кои работат или двајцата родители да се во работен однос. Морав да штиклирам дека ќе приложиме потврда од работодавец дека сме во работен однос и двајцата. Претпоставувам ќе бараат да ги доставам во наредната фаза.
Ја пријавивме со штутгартска адреса можеше и наведовме дека се планира умцуг. Избравме градинка со приоритет која ќе ни е. Реално нека ја има во систем. Она ќе е секако на листа на чекање, ама подобро вака отколку да ја пријавам после три месеци. Кога ќе најдам работа, ќе се јавам да попритискам малку. Затоа и си мислев ако не крипе, тагесмутер/фатер. Мора да се здружува од годинка натака, ќе полудиме и двете вака.
Добро си направила, нека биде на листа. Јас сум во мало градче, тука се е покомплицирано. Во големите места сигурно е и поедноставно и пофлексибилно.
И да знаеш дека ова со универзумот има врска. Почнав веќе да верувам . Нели барав филџани за кафе. И никако не купив. На крајот некој имаше оставено кај нас пред зграда, нови уште во кутија, баш со големина ко што сакав. И ај де. А тоа што најде он работа во Минхен, а ја пред некој месец спомнав дека сакам натака. Е сега и стан ќе си посакам, а градинка одбрав . Еј Џоки дај да мантраме за лото. А? Батали симпатии
За лото не се мантра. Не за џабе и психолог или психијатар се добивало бесплатно со добивката тука. Викаат ѓаволска работа па верувам. Јас 1000 евра максимум би сакала на било која игра на среќа. Туку и прстен за левиот палец си купив од припримите за симпагијљтљ.
Леле цајкани на пешачки ми застанаа па се прашувам да минам или не,возам ли соодветно ,да не ме блицнат,да се насмеам ли,абе пешки си игнорирај ги знаеш колку казни доби од нив. Јас со јавен на работа па немам шо да правам па пишувам тука.На времето кога патував по 1,5 ч стално во мајчините си пишував.Доволно совети давав,сега младите се си знаат,затоа само за симпатијата ќе си пишувам.Може па некој ќе ме спомне на крајот на годината во категорија најзаљубен член.Туку сваќа @SanelaS да пише некој "мрсен" детал за симпатијата. Сеа ќе извадам жичените слушалки и сигурно сите ќе ме направат дино.
Неограничен престој имам од 2015. Сепак таа картичка има рок на важење , тоест се додека пасошот има важност важи картичката . Со промена на пасош поради истек на важноста , мора да се направи промена на картичката за да се завери новиот број на пасош. Значи 10 години има важност пасошот толку и картичката за престој . За менување на државјанство, не сум размислувала зашто немам некоја причина да менувам . Исти права имам како секој германец , освен право на гласање . Може понатаму во иднина да сменам мислење . Сега за сега останувам со македонски пасош. Во биро за странци треба да се појават тек за 10 години кога ќе сменам пасош. Како вика овогодишната мис на Германија. Иранската.. јас сум мажена за германец , јас сум Германка
Е како вака исти права?Знаеш што ми рече една пред една недела сега кога АФД ќе дојдат сите ќе не депортираат, да сум си направила пасош ако сакам тука да останам.
Како се погоди муабетов додека нишкам детето на другарка ми која е на разговор за пасош, со истиот страв е да не ја вратат иначе словачки државјанин е
До трето колено ќе не депортирале сите... Се надевам само пасошите нема да ни ги одземат.. Пример можат некој црн печат да ни стават...
Баш да видам кој ќе им врти економија после . Мене слободно може еве на некоја плажа да ме депортираат ич мака немам. Барем нема да морам 2000 евра за стан да давам А јас уште и на црно сум тука, картичката уште не сум ја средила . Прва ќе ме вратат.
Дали некоја мајка продава 4moms вакво како на сликата? И дај кажете ми од каде земавте тетра пелени треба да купам и тоа некои убави штто се не мн лити вчера гледав во кик многу тенки .