Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    16.853
    Пол:
    Женски
    Јас како што видев би требало во douglas да ја има, евентуално во müller да провериш.
     
    На Chantal и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.335
    Пол:
    Женски
    Мислев нешто за јадење е. Хелти микс :rofl: Сигурно ја има некаде на друго место.
    Сега глупост ќе направам. Држете ми среќа. :!:
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    16.853
    Пол:
    Женски
    Toi toi toi (fingers)
    Не не држи долго во неизвесност
     
    На Chantal и gjoker4e им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Ти ма, нели збираше пудри во време на корона. Сите брашно, тоалетна, Џоки пудри:D. Те чекав да пишеш, она за јадење збори:D. Ах шо не бев умна како тебе, да си имав залиха:doh:

    Проблемот е што појма немам што нијанса користам, инаку ќе порачувам онлајн. Ај, држете среќа да ја најдам негде да ја погодам нијансата(facepalm)
     
    На senjorita-v и gjoker4e им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.335
    Пол:
    Женски
    Единствено резерва што имам дома е пудра. :!:
    Туку немаш старо празно пакување дома или јас не те разбирам.
    Утре симпатијата е. Утре нема ни да го изрегистрирам.

    Инаку, одмор имам 9 пати по 4 дена годинава, од понеделник до четврток. Школото е премногу недели затворено и мојата интелигенција таков план за одмор измисли. :D Изгледа ви кажав еднаш не се сеќавам.
    Понаредна недела имам одмор од понеделник до четврток, петок е неработен, сабота работам, па понеделник е неработен, од вторник до четврток одмор, петок и сабота работам. :drunk: Ама важно годинава обезбедена ми е. :clap:

    На старото работно место никако не ми одеше од рака усогласување на работа и градинка, а на ова се од рака ми оди. Да не се подречам ама до сега грсдинката беше три пати затворена по еден ден, односно групата на малиов, а јас баш слободна. И тоа е знак од Умиверзумот дека на вистинското место сум. Што не значи дека и за шест месеци ќе е вистинско нели, туку во моментов е.

    До сега немав слушнато за пудрава, ниту ја имам видено. Земи Maybelline пудра со пипета и коректор за да изгледаш 10 години помлада. Од една инфлуенсерка видов па и јас купив. На новава работа сеуште не знаат деца дека имам. Еден колега ми вика што ќе правиш после цел ден ќе одмараш само. Си викам во себе да да.
     
    На mal.ecka, Ava.84 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Имам пакување, ама или не знам бројот да го видам или не знам..
    Еве гуглав да видам кај да го најдам бројот, па видов една ванила нијанса има во аптека. Други гледам 13 ванила нијанси има, ама ваљда е оваа точната:tmi: :D. Стеј тјунд:D
    Прати слика, какво е тоа од Мејбилајн за секој случај:makeup:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    1.720
    Може ли на бебево со германски пасош, да му извадиме македонски? Или треба да прашам во ратхаус?
    Како што знам до 18, може да има двојно државјанство ама пак да си прашам, да не ни направат после проблем..
     
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.335
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да прашаш.

    Стомак може од бременост да боли? Ме боли како нешто лошо да е. Не ме боли како за убаво. Ама не знам. Нема шанси да правам тест за бременост, тоа барем сигурно знам. Крај март треба да добијам. А не се жалам прв пат од стомакот ама боли ептен и тоа секогаш е сред месец какл овулација ама долго боли по 4-5 дена и ми ствара нервозна и ноќе ме боли и ненаспана сум. Овој пат 4-5 дена и сеуште не ме преболува.

    Сликај пудрата Билјарката да ти кажеме кој број е, ќе сликам јас утре, откако ставам од пудрава сите рекоа дека блескам, јас блескам од љубов кон симпатијата и пудрава ја купив за новата работа, ама и пудрава стварно е добра

    Туку навечер на лице почнав да ставам бејби лове млеко за бебиња и многу убаво ми е лицето да не се подречам, како идеална крема да сум открила за моево лице конечно на 30 години. Купив една крема за 30-35+ и страшно се исфрлив па бејби лове ставив една вечер и гледам сабајлето лицето мазно меко баш бебешко
     
    На SiMpAtIcNaTa, mal.ecka, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Бременост не е лошо само е напорно:D.Џоки мене од овулација стомак ме боли ама не повеќе од 1-2 дена.Многу е болно некогаш и апче пијам.А природата вика да правиш бебе баш тогаш,а јас од болка не можам да дишам не на секс да мислам:tmi:.Ама имам пробано при болка да имам секс ми поминува после.
    Туку стомак треба да се контролира и не се чека.Знаеш како јас завршив што чекав 5 дена,наместо за 3 дена да си бев дома јас останав 9дена во болница добро и што сум жива.
    Ама мене ум не ми доаѓа ме болеше пред некој ден цела ноќ препон и не отидов на др оти знам пак ќе ме пратат на операција ,а јас немам желба:(.Симпатијата ми е поинтересен од болница и решив на раб да си одам.За среќа ми се смири болката.
     
    На gjoker4e и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Германските цајкани се ептен набилдани исто и пожарникарите.
    Еднаш готвам ,а деца нешто викат како и обично.Само што дојдовме од раб и школо.Некој ми ѕвони на врата.Кога гледам цајкан.Висок и голем како вратата.Си велам мм висок ама овој повисок.Добар ден ми вели не се плашете.А јас држам во раката нож и кромид.Викам уф добро е ништо не му е на мм.Почна да ме испрашува за комшијата .А јас пак за комшијата што имам податоци леле мајко.Освен дека не се веќе со женаму заедно и дека 3 деца имаат толку знам.Никогаш ништо не сум чула нит да зборат нит па да се караат.Едвај разбрав и бебиња дека имаат.А дека се развеле од школото на големата дознав(facepalm).
    Ме праша како се викам и си отидет.Згоден беше ама не многу симпатичен:$.
    Таа недела дури двапати имав контакт со нив.Од тогаш мрши ги викам они најдоа мене да ме казнуват :envy:.
    Тука нема вицови за полицајци ,веројатно не се ко нашите:lol:.
     
    На Chantal, Gosh, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.467
    Пол:
    Женски
    :^: IMG_0801.jpeg

    Сликава ми се врти деновиве и многу се смеам. :D

    Едит. Цајканите тука и мене ме бендисуваат, а униформи ич не ми биле привлечни претходно. Она што најмногу ме фасцинира е што се супер френдли. Јас очекував цајкан па вообразен, арогантен, и многу со резерва сум пристапувала, ама скроз се приземјени и многу од помош. И многу љубезни. Бар овие на кои сум налетала. :)
     
    На Chantal, senjorita-v, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    23.061
    Пол:
    Женски
    Какви вицови за полицајци, тука е за одмерак да те ограбат па да викнеш полиција и да плакниш очи. Коа глеаш доаѓаат два метарски млади дечки, кој од кој поубав, кој од кој понабилдан, и шо е најважно кој од кој попаметен.
    Да посака човек секој ден да го ограбуваат. :D
     
    На Chantal, senjorita-v, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Не фала ни сакам со цајкани во контакт ни со крадци :rofl:.

    Мене тој што ме сопре беше стар :@.
    Мм кога го сопреа додоа двајца.Мм сакаше од кола да излезе не му дадоа и одма за пиштол се држат мислиш најголем криминалец леле мајко.Па после вториот не виде дека назад седиме јас и големата па тргнаа раци од пиштолите.Од мене може 5000км подалеку да стојат:puke:.
     
    На Chantal, gjoker4e и Adidas888 им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    23.061
    Пол:
    Женски
    Е кај сакаш ти да се фатат, за крофната ли? :D
     
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.467
    Пол:
    Женски
    Кај мене неколку пати доаѓаат на врата за овие две години и бараат дечко кој што живеел во куќава пред воопшто ние да дојдеме. Доаѓаат со огромни џипови или што и да се и целосно вооружени. Првиот пат ме извадија од памет кога ги видов на врата. Не знам што се случило, поштата сеуште му стасува на наша адреса и полиција често го бара. Дури и во полициски билтен стои дека се бара. Не се распрашувам многу да не не ми се допаѓа тоа што ќе го дознаам. Ама германциве знаат да се и доста драматични без потреба па одам со таа мисла. :D
    И вака се доста ок кога доаѓаат им кажувам дека не знам кој е, бил тука пред нас и тоа е тоа, ако го видиме да го пријавиме. :D

    Сеа скоро маж имаше сообраќајка на работа, каде полицајка возеше и го чукна по ретровизор, колата на фирмата. Немало никаква штета ама си испочитувала сите процедури по закон, баш се смеевме на Балкан тоа ќе останеше непријавено нигде. :D

    Кога бев трудна во 7 сабајле одам накај клиника на проверка. Лето, жешко, јас пред пораѓај и менувам трамвај на станица кај што има секакви пијаници и џанки. Маж ми стално ми збореше да одам една станица погоре па ако треба и да почекам, ама таму беше ептен тесно да го промашам трамвајот, а трудна жена под хормонален хаос нејќе да чека 3 минути за следен трамвај. :D И влагам во трамвај гледам нема место да седнам, а приметувам таму некој кренал нозе на две седишта, трамвајов не трга 10 минути. Обично смена менуваат околу 1-2 ова беше чудно за 7 сабајле ама ај си викаш пун трамвај сите чекаат па и ти. И доаѓаат цајкани влагаат внатре и ја вадат таа со кренатите нозе по седишта. Беше тотално пијана, а и по дрес кодот очигледно проститутка и со 3-4 флаши водка со неа. :D Едниот цајкан ме турна, ненамерно, ама кога виде колкава сум трудна сто пати ми се извини. :D
    Тоа се моите перипетии со цајканите. :)

    Ах да, пред недела дена, маж ми со колегите од Латвија и Египет беа на некој семинар надвор од град и на враќање ги запира полиција во колата од фирмата демек рутинска контрола и ги тресе целосно за документи, што од фирмата што нивни лични до пријави на адреса, дали имаат претходни прекршоци ма се и сешто што им текнало. Тоа маж ми и латвиецот кои се во ЕУ и така, истресени до последен можен документ, а Мухамед го прашале само каде живее. Ни документ ни бутур.
    Ова со нееднаквиов третман, како дома да сум.
     
    На Chantal, mal.ecka, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    Извинете вака, ја зејтин стварно слабо користам, само маслинов и то купуем два пати годишно, али од коа шише маслинов зејтин кошта факинг ДЕВЕТ евра, и тоа од Кауфланд нивнана марка?!

    Па мене коа беше биото нивно 4 или 5 евра скупо ми беше, а не па воа?!

    Иначе, ја планирам од коа државјанство ќе зеам, да се пријавам за Мис Немачка, боља пичка сум од задњиве пет шо победиле, минимум.

    Мислам, неам нишо против жениве, али просечни,ок,привлечни жени, а за Мис мислам порано требаше Пријанка Чопра да будеш, а не тужна прича и фаќање на патетики.
    Ма да и тука ќе ги шијам.
    Едино шо сум ќепец, али еј, каква е ваа дискриминација против ниски жени!
     
    Последна измена: 15 март 2024
    На Chantal, senjorita-v, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.703
    Пол:
    Женски
    Ние купивме маслиниво масло од Алди - 6.99. Другите се поскапи. Како со злато да се прскани. :D

    И јас сум ниска. Спрема маж ми сум :( А он е и крупен, па како телохранител да ми е. :D

    Каде може да се најдат прекривачи за петосед? Бев во Поко, Филипс, Волворт, Акцион... Никаде нема.
     
    На Chantal, senjorita-v, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Не ама за сообраќајен прекршок кај што одма застанавме кога ни кажаа не би требало да си некој криминалец.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.467
    Пол:
    Женски
    Ехее, од лани есента, и јас бев шокирана кога видов.
    Јас користам домашно, наше, ама пред да донесеме наше, тоа што го земав беше околу 4 евра за 700мл, не беше ни литар, сеа истото е 9-10 евра. Лани си донесовме 15 литри наше, годинава пола од тоа дали ќе има да земеме не знам, оти лани ни ги украдоа маслинките поради високата цена на маслото па ништо од масло.
    Му викам на маж најдобра работа е бизнис домашен да отвориме. :tmi: За феминки со попуст. :D
     
    На Chantal, Gosh, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    23.061
    Пол:
    Женски
    Има прекривачи.... ама не во Германија :D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.