Шо гомна се вие германците. Уште кога дојдовме во овој стан, овој комшијава германец до нас, го застана мм и му кажа дека требало секоја недела да се чисти влезот, односно една недела ние една он. И арно. Од тогаш неколку месеци јас го чистев. Не ми беше проблем како минам дома така и таму, и тоа секоја недела. Овој абе еднаш не го видов ни да замете во ходникот. И ме фати инат, два месеци не го исчистив за да видам дали ќе му текне. Не бее. И сега земав го исчистив. Знаат само гомна да јадат, ништо друго.
Една Србинка ми донесе домашно црногорско маслиново.Ептен убаво, ниту горчеше како купечково, јас не користам маслиново оти ми е грдо, а ова го обожавав со салата да го јадам.Ако и вашето е такво прва на списокот да ме клаиш.
Ваљда нема, гледам сите си го чистат нивниот спрат сами. Газдата на овие згради, сите станови се негови, тешка стипса е. Клет германец.
Јас неколку пати се имам пожалено на мм болна дека сум и вика сабајле треба да се јавиш на работа дека нема да одиш и му викам ти се зафркаваш со мене или што ти е, на работа се подразбира дека ќе одам без разлика во која состојба сум. Еднаш за мм викавме брза помош, кога дојдоа тројца развиени, кој од кој. Полицајците се скоро сите уау. А пожарникари чудно само стари има кај мене. Денес викам на растојание со симпатијата, а ние поблиски не сме биле. Кога ќе отпуштиш нешто, тогаш доаѓа. Ако одам во детали реферат ќе напишам па ајде доста е. Само што се видовме му дадов знак на растојание дека сум и ете го одма по мене следната минута. 8ипол саати на работа денес како 5 минути ми поминаа
@Adidas888, ќе си ставиш едно ливче или табличка од Еврошоп у ходник, и со датум и име ќе си го направиш распоредот, и ќе му каеш и на комшијата, и чисти ти коа ќе имаш ред, штиклирај си. Другото сликај кога е прљаво, и со газдата збори после месец, пожали се, па кажи и дека нема да чистиш ако и комшиите не чистат. И нема шо да чистиш коа не ти е ред, те видел овој оваа наивна, ќе си го прчам. И ти си си малце крива у случајов,сори.
И моите комшии се безобразни. Со ништо не се замараат. Е па и јас така правам. Таа под мене што живее е Германка. Мажот и не знам од каде е. Се доселија после нас. Тие најдолу се Руси. Пред нас се доселени. Роднини се со тие под нас. Такви луѓе немам сретнато. Не обрнуваат внимание на хигиена во влезот, немаат осет дека некој треба да одмара, долу во подрумот нечисто. Тие под нас што живееја беа супер. Со нив уште комуницираме. Овие се И најинтересното е што мислат дека куќава е нивна. И затоа со нив само здраво. Во понеделникот тргнав до продавница и во дворот ме начека еден доставувач. Ми вика Здраво. Да ја земете праткава. Го прашав за кого е. Требаше за нас да стигне нешто. Ми вика за Х (комшијата најдолу). Јас му реков - Не. Не земам ништо.
Абе знам јас да напраам проблем ама не сакам, оти утре унаден шо и да биде он ми е најблиску тука и може да помогне. Мм некогаш оди неколку дена на друго место на работа и јас сум сама со децата и страв ми е. Не сакам на криво да се гледаме. А шо ќе го попарам со џогерот, ќе го попарам.
Го почнуваш муабетот со ,,што гомца се,, па може да помогне. Јас од комшии не очекувам помош, ако е недајбоже има брза помош. Не дека ми се лоши комшиите, напротив, ама знам дека сме сами, едино брат на 4 саати возење ако е зорт. Сдк, не би очекувала никаква помош, ама пробај го, побарај му кромид на заем во недела или шо било. Па види, да го мафташ ли џогерот или не. Јас ич не би го фатила џогерот во негов термин, од принцип.
Маслото е предобро, не дека наше. Пред мм, немаше шанси да смислам маслиново многу ми мирисаше, а сега сончогледовото ми мириса. Ама одбрани маслинки за свој мерак, не се ставаат мрежи цело лето па првите маслинки што испаѓале нели да згнијат и нормално е поквалитетно. Годинава не знам дали ќе има маслинки оти слабо дожд имаше овој дел кај што се нашите. Читав и Шпанија ради суши ќе биде погодена и слабо ќе има маслиново, којзнае уште колку ќе му расте цената допрва. @Adidas888 и маж ми така само тој ја шишаше тревата и лани го фати инат и ја остави. Ние сме на приземје, над нас се две девојки, а на поткровје дечко и девојка сеа маж и жена. Сите под 30 и Германци сем дечкото е Шпанец. Летото, дечково ја зема косалицата и глеам низ прозор и си викам ал им текна. За тој да си искоси еден дел право да си направи пат, до еден рамен дел од паркот каде си искоси круг, се од страна остана трева. Оставија порака дека ќе имаат друштво. Поставија тенда и почнаа да доаѓаат гости, дотерани. Јас случајно излегов надвор да фрлам ѓубре и ми пријде женичка ми се извини на гужвата и цела возбудена кажа дека е мајка на девојката од горе и дека се мажела уствари таа. Шо да ви кажувам. Ни шминка ни фриз ни бутур па и порака дека ќе имале мала собиранка, а тоа свадба. Леле колку чудни луѓе има значи. И дворот несреден, само таму кај што им требаше место ејјј. Кај нас секој својот дел на спрат исто го чисти со тоа што јас дека најдолу го имам влезот, а тој секогаш е највалкан оти сите го користиме, ама чистам еднаш неделно и толку, не се замарам. Некогаш и поише тера ако не стасам. Најсмешно е јас кога ќе исчистам сите горе после се фаќаат за чистење и усисаат степеници.
Заборавив да прашам, дали смеам од двор да си соберам гранки од оние сеа што ги продаваат насекаде или не е дозволено? Во Лидл неколку гранчиња 3 евра беа вчера, сеа во Кауфланд беа 4, а јас имам еден куп во двор. На овие мислам
Леле ќути, кај нас има човек платено за косење, од газдата ваљда. Леле да немаше, ќе беше циркус, ќе се наполневме змии, и од предна и од задна страна . Тука се стари се, само овој комшијава и едни руси погоре се млади. Тој русинот зимата снегот го чистеше пред зградата и мм зема му помогна. Инче ќе неможевме да излеземе.
@Adidas888 Истото се случи и во нашата зграда,као демек само двете жени чистеле а јас сум спијела,и се јавиле на газдата шо ни го издава станотт да му пренесат дека не сум ги чистела скалите од зградата,шо нормално човекот ми се јави да праша што се дешава,и како си праша така и си доби одговор. Ние живееме најгоре од зградата,ни една пуфла се нема качено да ги исчисти нашите скали НИТУ ЕДНАШ,или не се чистат бидејќи тие не ги газат нашите скали?! Епа викам ние летаме со моторчиња в г’аз и не газиме по скалите! СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ КАЧИ НИ ЕДНА ДА ГИ ИСЧИСТИ СКАЛИТЕ ДО ГОРЕ од мене чистење не очекувајте ни на сон,и од тогашш ни се има јавено ни имаат побарено чистење,НИТУУУ ЧИСТАМ,освен скалите пред мојот влез.
Па така треба, и кај нас секој својот спрат си го чисти, овие горе и скалите ги чистат, јас неам скали и плус мал е ходникот фала бого, за 2 мин го исчистувам.
Kaj nas na sekoj sprat ima godisen plan za cistenje i site go teraat redot, cistenjeto ni e vo Sabota ama ako od nekoi pricini nemoze toj den cistime drug den.Komsikava donas sega skoro bese bolna pa imase angazirano zena da iscisti . A za trevata i tie raboti okolu zgradava imame covek go plakame po 10 evra od stan mesecno.Taka da se e organizirano.
Само јас ли имам супер однос со комшиите. Или пак си мислам дека имам, а они може не ме сакаат . И ние имаме распоред како кај Санела. Ама ја откако родив два пати дали исчистив. Комшиката од горе средува и кај мене. И реков дека не мора, таман си е. Ако не можам сабота ќе средам друг ден. А сабота не можам. Не и било проблем, со задоволство ќе ми помагала. Сум и помагала и јас. На пример био тоне мрази она да пере. Порано го зачистував и кога беше нејзин ред. Исто од доле знае да фати комшиката место мене. На малата играчки и остави. Ни еднаш не се побунија кога плачеше како бебе. И сега кога им треска од горе нон стоп. Се извинувам постојано. Пица ми носат, та нели италијани. Вадат ѓубре кога нема да стасам, вадиме и ние кога они ќе заборават. Пакети постојано си земаме. Ко бев трудна до врата ми ги качуваше, да не случајно ми биде нешто. Од најгоре комшиката што ми се исели, ко се породив најголема помош ми беше. Ко што поима немав, и пумпа нејзина ми даде и за бебе парацетамол во 11пм ми симна. Ќе ми фалат ептен . Со маж се спукавме. Многу ама многу сум му лута. Ене го во работната соба не смее да излезе додека јас не легнам. Нит се расправа со мене ни смее да ми рече нешто. И не знам дали ќе му се прелутам скоро до толку значи. Дури ни дете не му дадов да успива. И не научи и не научи дека кога сум гладна, не смее да ме нервира и контра. Е сега нека седи и нека изгладни по така, па ја ќе му идам да се расправам, да види како е интересно. И ако ме изнервира уште повеќе, утре ќе идам пред полициска станица ќе шетам .
Додека живеевме во стан , се придржувавме до планот за чистење . Со комшиите супер односи , до денес денес супер. Само немаме време да се видиме. Сега во своја куќа, сами мораме да се грижиме за двор , да ставаме канти да ги соберат . Ако заборавиме има да се удавиме во ѓубре неколку недели . Дворот на секои две недели мора да се средува , коси трева . Ама затоа никој не тропа од горе з не се мислам кога можам кога не да чистам . И после 22 часот го пуштам роботов да чисти, машини перат кога сакам Се има и предност и маани