Женски, да ми препорачате нешто интересно кај може да се шетне во Хановер. Здравје утре ако е убаво времето, маж ми ми даде две опции за шетање: Франкфурт или Хановер, ама сега за сега повеќе сум за втората опција ( ради временската прогноза) .
Си најдов симпатијаа татко на дете немам појма кој е и што е . Го видов прв пат на шпилплатз. Ни се споија погледите. А имаше многу деца и родители тој ден. Денес повторно го видов . И тоа беше на другата страна од улицата кога се завртев случајно тој веќе ме гледаше . И неќна и денес беше со жена му . Незнам дали ќе го видам повторно . Прв пат го гледам во ова место.
Само да пријавам од тие со супер односи со комшиите сме. Додека чистевме сами ние знаевме да исчистиме за бабата и дедото до нас преку 80 се луѓето. А прави некој колач само ми праќа верувајте некогаш правам нешто само за да не и вратам празен тањир страм ме фаќа зошто повеќе спрема од мене. Кога си одиме дома праќаат куп чоколади па лани кога заборавив да им купам нешто им го дадов ајварот за дома што си го донесов и чоколадите што беа за нас. Дедото е тука кога доаѓа нафта јас ништо не правам ако сум сама дома. Другите не сме нешто блиски ама се супер за Божиќ им оставам ситни поклончиња ми имаат оставано играчки, книги за синко( од нивни деца кој се сега возрасни), колачи за Божиќ или зајчиња за Велигден. За пакети не ни спомнувам. Често еден ако внесува канта што била изнесена ги внесува сите. Во другиот влез има многу студенти и често се менуваат па не е таква атмосверата. И да сите се Германци. Има едни што се малце по гласни навечер често галам и гласна музика и на таван пола заеднички простор е со нивни ствари ама реално ништо не ми смета до толку да се расправам. И тие се онака фини само ете со некој работи немаат баш осет.
Вие што се познавате толку добро со комшиите во згради живеете? Јас пола од луѓето не ги знам. Со другите пола само сме на здраво и сме си зимале пакети еден од друг. Фирма ни се грижи за зграда и ја одржува па немаме проблем со тоа. Генерално сме немале проблем со никој, а сме правеле и забава со погласна музика, и други правеле, имало некои што решиле да бушат пример во недела, или кога треба да е рухе. Ама кратко траело и не сум решила веднаш да викнам полиција. Се на се сме океј, ама за чоколади и колачи не сме стигнале.
И ние сме океј. Плавите канти ги внесувам на две со мали деца, а нашата упорно забораваме да ја изнесеме. Од градинка требаше да се ископира нешто отидов три копии им оставив во сандаче на две. Од едни комшии сливи. Од едни палачинки со мармалад сме добиле. Од таа на трети бебе што има, и ги носам стварите што купила од дм или маркет до горе до 3ти, ги остава доле во влез не може и бебе и ствари нагоре. Само да нема одење идење дома на кафе. Една ми рече можело да си разговараме и одма црвен аларм ми се упали одма растојание и кажав работам немам време. Попрво на мини џоб ќе одам отколку саат време со бош муабет неплатен.
Со комшиите на здраво само си ги знам.Пакети исто ќе ми земат и јас зимам ама гледам да си ги умлајтам во пакетштацион. Најмногу зборам со комшиката Слаџа и Зоран врањечки Срби што Алекс д грејт ги донесол од којзнае каде. Имаат од синот 4 внука и Слаџа отвара врата кога ќе чуе галама мислејќи дека се нејзините ама гес ват не се нејните моите две се вредат како 4. Еднаш Слаџа и даде на големата слива беше 3 години мојава уште се сеќава и кога ќе види во маркет одма кажува сливка како бабата што ми даде.
Девојки пак јас ма тема имобилиен... Знае ли некоја како фунционира со субвенциите за енергетска ефикасност? И фамилијарни субвенции?
Денес ви се спие и вам? Времево е страшно тешко. И нели е чудно како баш во недела е вакво? Како да го контролира некој. Ама најсериозно. Ептен ретко некоја недела е сончево. Колку да не се посомнева човек контролирано дека е.
Среќен празник на сите. Јас имав дете на гости и правев тиганици за ручек.Па детето за чудо ги бендиса.Го прашувам јадете ли такви по Хрватска,ми вика е не ги знам.Ама битно јадеше,оти се многу нервирам кога ми дојде дете на гости и не јаде ништо. Синко пак ангина и антибиотик.Ама сакам утре да го пратам на школо,оти за време на Велигденски распуст ќе оди на хорт.Само пишав на учителката да не прави спорт.Јас ќе учам онлине по 8 саати дневно,а татко му е на нова работа,па ќе нема одмор. За симпатии,наоѓам кога сум излезена навечер со женско друштво.Немам некој постојан Комшиите ми се топ.Среќа не мора ништо да чистам,имаме хаусмајстор.Он коси,чисто скали,снег,канти по потреба вади. Уште тоа ми треба да го правам. Он е пензионер,си живее во негов стан-отплатен му е,ама си вади плус плата и се раздвижува.Мислам секако не личи на 78 годишен,максимум 70 би му дала,ептен е фит за годините.Е, со него се беше срчкал маж ми,ама ја смирија топката и сега се е во ред. Имам една турчинка со неа си живеам највеќе,постојано ми носи чинии со турски специјалитети или благо.И си пиеме кафе кога имам време,дури не има викано повеќе пати и на доручек во недела кај неа фамилијарно. Од вчера почнав да го праќам синко кај една баба германка.Ми беше од порано кажала дека ако му треба помош со школото ќе му помагала. И вчера го пратив,па нека слушне она дали правилно ги изговара зборовите.И она си има занимација,а и синко е среќен убаво покажувала. Исто имаме супер однос и со комшиите од околните згради и пакети за сите земам. Мислам тоа е се едно земјиште со повеќе згради на него и се запознавме кога беше првиот годишен состанок за споствениците на становите. За Божиќ или Велигден обично давам на сите 9 фамилии по нешто.Оваа година за Велигден купив мармалади од Карлс Ердберхоф.Треба да испринтам честитки и ќе ѓи спакувам во фолија и пред вратите ќе поделам. Исто и ние добиваме Лего сетови,чоколади и играчки за синко. Туку сико ми кажа дека знаел дека нема веќе Дедо Мраз,Велигденско зајче и вила за Заби.Голем е и кога ми рече дека не верува во нив и знае дека јас му давам поклони,му ја кажав вистината.Нема што да го лажам повеќе. Вика знам дека ти напиша писмо за Божиќ и стави отпечатоци од брашно за да личи дека се од Дедо Мраз. @gjoker4e кај нас беше убаво сончево,ама дувкаше ладен ветер. Облечен ќе се испотиш ако трчаш,а ако се расоблечеш нижеше.Времето е супер за болести. Туку ќе оди ли некој за велигденски празници за Македонија?
Јас со подарокот од вилата за заби и честитка оставив и малава вика буквата “а” исто ја напишала вилата како тебе па значи ти си тоа
Девојки дали сте праќале пакет од Германија во Мк? Конкретно треба од Германија да ми испратат пакет со алишта, ама околу 30парчиња па ме интересира на царина како иде процедурата, дали по карго да ми ги испратат или по шофериве на автобуси?
Друштво, има некоја франшиза на слаткари во Германијава што прават достава по можност? Ми се јаде некоја добра торта, ама никогаш не сум купила од овде и појма немам што да очекувам. Најдов неколку жени са Балкана, што прават торти во наш стил ама некако скапички ми се видоа за домашна изработка.
Здраво на сите Ме интересира колку време чекавте за спојување семејство виза да добиете и ваши совети на што да внимаваме при доставување на документи Благодарам
Кај сте женски, како сте на тмурново време? Ја идам да ви кажам оти сите ме нервираат..ме нервираше прво маж, ама он се искупи со бурек и дете чување. Ме нервира дете, цела ноќ не спиеше. Ми стана кај 2 и до кај 5 журка. На крај од што беше диво, исповрати се што пиеше млеко. Чаршави, мој јорган, вреќичка, она цела Нормално у 5 го викнав татко и, и излегов. Инаку мислам ќе полудев веќе. Ме нервира иден газда вајда. Најдовме еден стан што ни одговара. Моменталните кираџии не препорачаа. Го резервираа станот за нас. Тргнаа оглас се и треба да се јави газдата за термин со нас. Еве веќе од среда чекаме да пише нешто. На неизвесносно и ние, а и луѓето што се таму. Мајке ми, ако не се каже до вечер ќе им се извинам и ќе им кажам да си бараат нови кандидати..а сакаа услуга да ни направат, ете просто така, оти сме од далеко и со дете. Германци инаку. Срцки. Ме нервира сегашен газда, ко ме напна да прајме безихтигунгс термини за станов у април за викенди. Кај бе да одам јас? Да ми се врват низ дома луѓе, дете ќе се истресира у сигурна зона му се маткаат непознати. А пази ќе најмуваме стан од мај, или порано, иако ни треба од јули реално, за да избегнеме стресови. Што значи у мај комотно ќе биде празен станов за викенди. И сега уште неделава сакал само уште на едни пријатели да го покаже. А и мајстори за плочки пред Велигден нивен ќе доаѓале, шо ја усрале да закрепнат. А убаво му реков јас ќе организирам се. И ќе викам луѓе, прво на камера, после оние кои се стварно сериозни ќе ги викнам и нив нека се направи таму за ден- два по два саати и чао. Ама не, којзнае што му се врти у глава. Демек ние не знаеме да прецениме човек. Свашта. Чурам, значи чурам. Знам оти сум во ПМС. Ама знам и оти не претерувам. Друго не се јавив вчера за прошка ни кај мајка ми ни па кај свекрва. Гарант се налутени и навредени сега, што не сме се поклониле . Ама им реков лани, џабе се простуваме, ко после глупости прајте пак. Позеленеа . Свекрвите особено крајно се навредуваат, оти вистината им ја кажувам. А ним не им се свиѓа така. Не било моето точно. И тоа. Сега ќе ги чекам за драма . И така бар си кажав. А и фирма некој за преселба да не користел, да каже како се цените. Тие телефонски броеви сакат на нет да им оставам. А ја неќам да ме замараат по телефон.
Ние имаме користено пред 8 год кога се селавме Дојдоа и видоа колку ствари имаме и кажаа цена .Ако ви се допаѓа прифаќате и правите термин.Така беше кај нас.Луѓето толку брзу се изнесоа што за 3-4ч бевме преселени. Кога би се селила пак ќе викнам фирма.
Со две комшики супер стојам бидејќи така ни е зградата влегуваме внатре во лифт и послле имаме екстра тераси и какко од надвор да сме едноатавно како во куќа да живееме па тие двете се до нас едната е стара баба 80+г но изгледа како 50 г да има девојка таа е чиста германка баба која што и во ноќ да ни тропне ќе и помогнеме многу фер и добра жена , другата е од Полска но со години е тука . И со неа си живееме на синко секогаш му дава поклони сега скоро му донесе полно алишта бидејќи работи со логистика па како дошле тако ошле. За чистење порано чистеа маж и жена од Романија но отидоа во пензија и сега доаѓа еден маж ,, ЧИСТИ" поточно повеќе прља отколку чисти но барем ние не чистиме . Туку имав прашање до мајјките дали некоја ја има оваа кадичка за бебе или жали боже парите е???
За кадичката, ние имавме обична од икеа. Најбитно е колку си висока и дали ова на сликава се подесува во висина. Нас ни стоеше кадичката на комода од Јиск и сеуште е жива комодата.