Überfordert сум Немам јас проблем и на пет места да работам Ама дома со деца крај ми е Па и дома без деца крај ми е Трет ден дома, уште ни до пола не е третиов
Ти треба за нешто? Додека го чекаш првиот не смееш државата да ја напуштиш па по таа логика не би требало да ти треба.
Сакав да одам за Мк за забите. Ама ќе си почекам. Требаше во февруари да го земам. Им пишав меил и ми рекоа дека уште е во процедура.
Фала. Се надевам дека до август ќе добијам. На телефон не креваат. Не се сеќавам дали прашував за ова. Како оди поправката на заби кај деца? Ме интересира за цените. Дали треба некакво осигурување плус да плаќам?
Ако има здравствено осигурување треба да е бесплатно. Е сега вие ако сакате нешто баш екстра квалитетно да користат тогаш се плаќа како и кајј возрасни. Нашиот има 7г доо сега се е било бесплатно.
Мислев кловн да дојде за роденден, 350 евра? Ме зафркава или толку е? 60 минути Па барем мој тип да беше па да се исплати
Дојде едно младо девојче, ми даде едно пакетче совиено цело, внатре било полно со храна за деца, и ми објаснуваше како тоа е храна за деца што страдаат од неухранетост, и као имале некоја организација шо давале такви во тие сиромашните земји. Ме прашуваше тамо вамо ова она и ми вика комшиите сите сакале да донират по 15 20е месечно па и јас да сум донирала . Ми ги бараше сите податоци. И кажав дека неам јас сметка од банка и оти само мм има. Па маж ми го бараше, викаше ќе чекала, и викам аа не он дури вечер си иде . Може и да е вистина, ама јас сум балканска жена, не паѓам на такви фори . И накрај си го бараше пакетчето назад . А тоа совиено, истискано, ко од некој контењер да го нашла
Јас никогаш никому не отворам врата. Кога треба пакет да стигне прво ѕиркам од прозор дали има дхл комбе надвор па отворам. И ако треба некој да дојде прво ѕиркам тој дали е доле пред зграда. Еднаш мм го барале од работа па писмо оставиле во сандаче и над кола дека итно го бараат дека нема кој да работи, телефонот му немаше батерија, а јас ѕирнав од прозор ама не му го знам газдата и само кажав некој се гледаше богат дека е и со бела кошула. И кога ѕвониме јас или мм му кажав шифра ѕвониме три пати едно по друго кратко. Ако ја заборави шифрата и ѕвони само еднаш не му отворам додека не му текне дека треба три пати.
И јас не отварам на никој, туку сеа се погоди да бидам во кујната, а јас иам две врати на терасата една во кујна и една во дневна. И излегов на тераса да видам кој е и почна таа да збори. За комшиски пакети и јас не примам. Иначе, му се јавив на мм да му кажам вака и вака, и ми рече дека на негов пријател кој исто живее тука, му отишле овие и му барале 200е. Заборавив како се претставуваа, односно името на организацијата, оти не ја ни слушав шо збори откако ми побара пари. Да знаете само, да не наседнете.
Јас не можам да видам од прозор кој ѕвони затоа што прозорите се косо поставени. Освен во детска, ама треба да го тргам бирото. Секогаш излегувам во влез за да видам кој ѕвони. И децата така ги учам. Кај нас ѕвонат или за пратки или бившите комшии. И јас не примам комшиски пратки. Со маж ми еден период се расправав. Од кај да знам што има во пакетите. Па ако се оштети јас треба да им го плаќам тоа што е внатре. А и не заслужуваат. Одма ги откачувам доставувачите. Еднаш ѕвонеа едни околу 9и30. Отворив преку домофонот и излегов во влез. Беа двајца дечки. Изгледа беа некои мајстори. Го бараа газдава на куќава. Им викам - Не знам каде живее. Сакаа да ми остават нешто. Им викам - Не. И си влегов внатре. Да се јавеше газдата, нема проблем. После ѕвонеа кај комшиите.
Пратки никако. Само овој мојов глуп маж ги прима комшиските пратки. Сто пати му иам кажано да не ги зима. Арно шо не е дома преку ден оти ќе ми ги набере дома.
Јас од старт не сакав, ама маж ми запна да ги земам. Ај си викам, може и нашите они ќе ги земаат. Ама ништо. Затоа веќе ништо не земам, освен пратките на комшиите што живееја под нас. Они си кажуваат што треба да им стигне. А и они додека живееја тука ни завршија некои работи. Летово стигна еден пакет за комшиите најдолу. А они изгледа отидоа на одмор. Маж ми добродушниот одма ми вика земи го. И си стоеше кај нас цела недела. Му викам - Ако нешто се оштети, ќе го одврзеш ќесето. Затоа за моите пратки гледам да сум дома. Времево за никаде. Од сабајле врне. И дува. А мислевме да прошетаме со маж ми. До вторник сум дома и со третото дете.