Ај некоја мајка нека мр просветли малку какви се овие амазон таблети за деца?мм беше загреан вчера да му земе на синко од овие ама мене ми падна чудно какви се прв пат ги сретнувам не знам ништо за нив. Малиот побара таблет од Дедо Мраз па мора нели да се исполни желбата па на триста ума сум каков да земеме некаде до кај 200€ би дале повеќе не. Еве слика за кој зборувам тој синиот амазон што пишува на него.
Види на амазон конкретно за моделиве дирекно има повеќе избор зошто има повеќе верзии. Отвори и види кој модел ви е доволен, или побарај и други зошто овие се поврзани со претплата после една година. Има достапност до игри, е книги, цртани и филмови. И таблетот е поврзан со смарт системот на амазон - Алекса па можеш да прашаш какво е времето надвор, да и кажеш да пушти музика и сл. Совет за некој конкретен таблет неможам да ти дадам затоа што немаме. Денес конкретно се на попуст овие нивните, па разгледај
Едно прашање, како се викаат лиснати кори на германски и каде можам да најдам? Купив едни, ама испаднаа дебели кори како за баклава.
Blätterteig? Има во реве, Лидл.. секаде мислам дека..во фрижидерите стојат кај што е и тестото за пица.
Да. Гугл преведува крв сечење. Знам што значи ако е покачено, што намалено ама не знам што е тоа точно.
https://doktori.mk/2018/12/18/tolku...tsijalna-krvna-slika-i-biohemiski-ispituvana/ нема кратенка. Седиментација.
Здраво женски Дали можеби знаете дали постои некоја страна каде би можела да видам кои сертификати и дипломи од Македонија се признаени во Германија . Фала мн
Дали има некој искуство со Schlafberatung за деца? Или остеопат? Или каде би можела да се обратам за совет,детево навечер воопшто не спие.. Пишав во соодветната тема..
Јас со остеопат имам негативно искуство. Имаше три месеци и правеше вежби на врат. Дали ја стисна повеќе од што треба кога писна да плаче три дена не запре. Од тој ден мислам дека не ни заспа навечер. Сакав да дополнам дека малиот ти е во 8ми скок кој трае 5/6 недели и од него не спие. Почекај уште некоја недела ќе се среди само од себе.
Колку се плаќа за возачка?Тука е околу 2 000 евра па ме интересира дали и во останатите покраини е така.
Зависи колку часови ќе земеш и нормално дали од прва ќе положиш,ама и мене толку ме фати отприлика. Во Rheinland Pfalz.
Кај мене траеше 6 месеци,деја инструкторот немаше баш време па возев макс. 2-3 пати неделно. Ама прво теорија часови,па полагаш. После почнав со часови и одма градска,нема полигон.
Честит Бадник кој што слави! Имам едно прашање. Се думам дали тука да гњавам или некоја ако сака да се позамара со моите прашања нека ми пише порака. Имам недоумица (пак) околу Elternzeit/Elterngeld. Ама ми треба некоја која е тазе породена затоа што не сум сигурна дали има измени во законот. Значи. Elternzeit почнува од првиот месец кога ќе се роди бебето. Трае 12 месеци. Во првите 2 месеци се случува паралелно и Mutterschutz. Под Mutterschutz добивам две плати од работодавачот кои со парите од здравствената компанија треба да ми го дадат целосното нето што го земав претходно. После добивам Elterngeld. Е сега. Ми стигна пресметка за тоа. Прашањето ми е - првите 2 месеци вика 0, бидејќи добиваш Mutterschaftsgeld. Ама после тоа, колку месеци ти се платени? Следните 10 или следните 12? Оти кај мене се 10 (значи од 3-12 LM)… а кај другарка моја се 12 (3-14 LM). И плус во третиот месец (3 LM) јас имам некаква си редукција а таа нема. И уште едно прашање. Од пензиско ми стигна дека пензијата ќе ми е платена во првите 3 години доколку не можам да работам заради гледање на детето. Дали ако земам неплатено Elternzeit (ако не најдеме градинка одма)… дали тие платени месеци се ок кога се работи за апликација за Niederlassungserlaubnis или ги есапат за прекин во работа.. Ќе ѕвонам во Ausländerbehörde ама си велам да ве прашам да не имала некоја ваков случај.