Истото сакав да го прашам имам близок што има 18 евраа саатнина и платата му е 3000 бруто. Е сеа он работи само прва смена без ноќни…
се доплаќа викенд, празник, ноќни ( све после 8 навечер е ноќен труд) плус има некој форми бидат други поволности пример кај мене има на плата секој месец плус 40 евра ако си во брак, и добивам некој додаток секој месец за детето. Тие што имаат повеќе деца добиваат и повеќе.
Не знам дали се толку. Не ја работи секоја сабота. До петок понекогаш останува 1 час повеќе. Работи само прва смена.
Аусбилдунг на долг рок знам дека е исплатливо. Толку знам. Јас сум со правен факултет и мастер кривично, ама овде сум исто ко без факс. Реално одамна не сум во таа сфера и немам намера да се занимавам со право ни понатака. Имам други сертификати и јас исто се мислам за аусбилдунг. Ама мене јазикот ме убива. Многу споро го учам. Иначе здравје понатака.
Исто зависи која даночна класа. За @Gosh да правиш аусбилдунг. Три години ќе ти летнат како минута, што со учење, што со пракса. Нешто дружба со колеги. Друго си е кога имаш квалификација. Најчесто од аусбилдунг право одиш на неограничен договор. Плата расте повеќе, можност за напредување. И те како се исплаќа. Утре може ќе решиш да се мажиш, деца ќе ствиш на пауза, така да искористи додека уште си слободна. Имаш и дуални студии на три години, на исти принцип, разгледај си убаво. Стаж тече. Викенди си секако слободен, нешто мини џоб, нешто бејби ситинг или некоја куќа за чистење два пати на месец, ќе се скрпи. После реално и со тајлцајт, ќе земаш исто како фулцајт сега. Јас ако не успеам да направам трансфер или да најдам слича работа во Минхен како оваа, размислувам за вајтербилдунг или аусбилдунг. Да 40 сум, ама имам уште 20+ години до пензија, така да не е касно никогаш.
Биљо, ти може имаш одмор професија мори. Ја неможам веќе, ми здосади со мојата. Да се дешава нешто шо има врска. А и стваро мислам дека ќе одморам малку. Само уште градинка да најдам . Туку како сте? Планови за море нешто? А и на @Chantal да и се пофалам оти бебешки нешта продадов. Цели 27 евра заработив вчера и денес. Партал правам значи . А уште колку имам за продавање, друго дваесет е.
@Jolene специјално се запишав на интензивен курс Б2, за да имам поголем избор за што да учам, започнува за два месеци, таман имам време убаво да размислам што понатака. Фала ти на предлозите. @Yowannty само да знаеш додека си испод завод за вработување, курсот јазик ти е бесплатен, ако работиш плаќаш пола сума, и пола плус ти враќаат преку БАМФ.
Бевме да, бевме во Erlebnis-Zoo Hannover. Золошката е преголема, со разни животни. Има насекаде за деца да играат, има исто повеќе местенца да седнеш кафе да се напиеш и да јадеш. Моја топла препорака , посебно сите што имате деца вреди да се види золошката. п.с доколку имате домашен миленик, може да си купите и тикет за него, бидејќи дозволен е влез за домашни миленици внатре. Во прилог ќе ставам некои слики како изгледа. Спојлер: слики
На маж ми му ја сменија класата. Сега е 3. Дека јас не работам. Убавина. Во градов има панаѓур. Бевме во петокот. Многу народ. Се возевме на панорамското тркало. Јас се тресам, а маж ми се смее. Цените се изгор на тоа што се продава на тезгите. Една мекица 5 евра. Изгледа со злато е прскана.
Кога сме кај зоолошките и Вилхелма во Штутгарт е многу убава, има и коали Исто и делот кадешто се Магнолиите е преубав, ама оваа година прецветаа веќе.
Кажи а. Ем до газ ми е, ем уште не сум отишла. Ама си ветивме дека сега турбо април и мај се што има да се види да видиме, и после чао. Штета само што на тиквите у Лудвигсбург не им отидовме. Абе без врска бе, толку без врска сме значи. Може треба некој да дојде да не поттера да идеме.
Има време два месеци се да видите, ем на убаво време. Штета само на новата железничка (2021) нема да се радувате .Изложби на тикви мислам дека има и на други локации, па може ќе има некаде и околу вас. Многу ми е мило што сте нашле сместување
Леле бе . Чекај ја додека укапирам они удриле математика. Ма не ни дочитувам ко што треба. Се брукам само за џабе. Џоки да ти каже дада, да си се запишеш еве книговодство и раат да си бидеш. Dancewere она што науми може да биде.
Хелоу Сте патувале со бебе од 3-4 недели? 3 часа од прилика Препорачливо сигурно не е ама да слушнам искуство мислење... Побаравме термин во амбасада и брзо некако ни дадоа а мислевме сигурно 2-3 месеци ќе чекаме...
Јас патував со моето саат ипол од болница до дома кога имаше неедела дена . А после тоа и кога имаше 3 недели скоро 3 часа . Ако е се во ред со бебо нема зошто да не патуваш. И нешто кога се мора се мора не е проблем колкаво е бебо . Барем не сме доле па да мора да седиш 40 дена дома како старите што правеле порано.
Бебо има сега 9 дена,термин за 2 недели ни дадоа и ни во никој случај не можеле да ни дадат нов дрски до небо и назад Не се работи за старски приказни него од здравствен аспект Пред 4 дена не пуштија од болница имаше neugeborene Infektion Не знам колку е добро да го изложиме на толку долг пат Сега е добар фала му на Бога ама стравови колку да сакаш...
Ај Мари си има бебече.Жив и здав да расте,безгрижен и среќен. Друшке лош совет.Сметководство само одговорност , а без пари. Само IT сектор или маркетинг ем си се маваш ем пари си имаш.