Кога сме кај јајцата... Во кој маркет можам да најдам жолти јајца? Таму кај што пазарувам има само бели. Најверојатно ќе фарбам црвени и зелени јајца.
Ако некој случајно знае. Малку ме секира мачната потрага по стан. Пример за квалификуван кадар (доктор, со преведени документи, сертификат за јазик) дали е попаметно да барам прво стан па работа? Пошо има огласи и понуди за работа, но делот за смештај ме кочи. Јас веќе еднаш најдов работа ама тие не нудат смештај, и сега ако не најдам пример у близина на тоа место стан, ми пропаѓа работата. А стан без платни листи и договор за работа е секако ризично. Имала ли некоја слично искуство, не знам баш како да постапам
Стан од мк да најдеш е скоро па невозможно, нели има термин за посета па треба да одеш да го гледаш да потполнуваш документи. Доколку имаш некој во тоа место близок да ти помогне за смештај или за почеток хостел WG. Па кога ќе почнеш со работа ќе бараш . Јас многу тешко најдов стан, постојано барав по колеги по интернет . Некој има повеќе среќа па наоѓа полесно , се зависи и до среќа. Знам дека има агенции што помагаат пр за мед кадар додека е во процес признавањето на дипломата. Ти може имаш преведена диплома на германски но треба и анеркенунг . Па знам има некој испит се полага овде. За работа лесно ќе најдеш , но распитај се и по тие агенции има многу на фб што поддржуваат медицински кадар.
Најлогично е прво работа па после стан. Секако стане не можеш да земеш без работа. А работа можеш да најдеш без стан. Ќе мислиш позитивно и ќе веруваш и ќе најдеш стан. За почеток со цимери мислам дека сигуено ќе најдеш, па после ќе бараш сама. Сама си, полесно е, ќе бараш соба, хотел, некои нашинци кај нив да престојуваше неколку месеци и ќе им плаќаш секако нешто додека да најдеш хотел, може и ти ќе им се најдеш деца да им при чуваш да позанимаваш. Ќе најдеш фб група од местото во кое што ќе најдеш работа и тука ќе бараш соба/стан/престој. Верувај и направи го првиот чекор па после коцките сами ќе се наредат. Среќата ги следи храбрите.
Спојлер Лани лето беше ептен хит сигурно си го видела по билборди. Знам за кромид, ама никогаш немам правено така па не знам дали ќе ми се погодат. А и црвена боја ми треба само за првите 3 утрото што се вапцаат пред изгрејсонце. Другите декупаж ќе ги правам. Без вештачки бои.
Дојде тој еден за овие алармите. А ние немаме дома ниеден аларм, оште од кога влеговме немаше, само еден бил ама расипан. И влегува овој, зема да става аларми, упорен и напнат, и ми вика имам закажано јас со вас Манојлевич. И јас ваква , викам ние не сме Манојлевич. Вика да, да, дури и ви звонам ама не дигате, и ми покажува еден број шо не е наш, му викам овој не е наш број. И овој заќуте, си намести алармите и си отиде . И цело време збореше кој ги има извадено овие, кој ги има извадено .
Пред некоја вечер свиреа алармите. Беше 3 саатот ноќта. Излеговме со маж ми во влез. Којзнае што беше проблемот. Наредниот ден од кај комшиите долу се слушаше свирење. Е тогаш не излеговме. Кога не е од кај нас не се замарам. Досега не дошле да ги проверат алармите. Можеби дека е еден сопственик на становите. Летово дојде еден дечко од Телеком. Демек да провери дали имаме добар интернет. Ми вика потпиши се. Отпосле дознав дека гадот ја сменил тарифата. Следен пат нема никој да пуштам внатре.
Кај нас лошо е шо сме на први спрат и балконската врата дирекно гледа на влезната врата од зградата и овие шо звонат не видуват. Дури и од терасата не довикуваат. Да сум сама, не ми е проблем, ќе се скријам и ќе ќутам, ама децата се дерат и се гледаат низ џамот. Барем да бевме на втори спрат, на втори е најубаво. А така од први секој може да ми рипне низ терасата. Плус сите проблеми шо се од зградата, прво кај нас се појавуваат. Баш за денот на нова година, цела кујна ни се поплави. Горе комшиите уклучиле машина за перење, а таа во кујната им била, и ние се поплавивме. Па ај викавме мајстор да поправа, дојде со сајла тој. Катастрофа се овие станови, а на газдата не му се даваат пари да смени се наново. Имаме нови подови, зидови, тоа ок, ама цевките во кујната и бојлерот за парното многу проблеми ни правеа. Газдата не сакаше да ги смени оти многу пари ќе го коштало.
Ние сме најгоре. Односно, на трет спрат. Прозорите со накосо и не можам да видам кој ѕвони. Освен тој од детска, ама под него има биро. Кој и да ѕвони јас отварам и одма излагам во влез.
Да. И баш убаво. Си го пуштам мозокот на пасење. Кога врне мора да се затворени, затоа што ќе капе внатре. Му рековме на газдава да донесе поголема канта за хартија, а он ни вика - Скапо е. Имаме 2 канти за хартија. Денес ги празнат и утре се до горе полни.
Мене не ми се допаѓаат тие прозори ама ич. Неможеш ни завеси да си стаиш и шо викаш морат да бидат затворени. Многу станови шо беа големи и убави, баш поради овие прозори, не ги сакав. Германскиве газди на станови се бог да чува. Не им се дава ни цент. Не рачунаат нас дека од планина сме дошле, па ако можеме и во штала би спиеле. Не сметаат за прости, неуки, овчари. Просјаци.
Газдава не е Германец. Да ти кажам најискрено.... Поубаво ми е вака. Никој не може да ми гледа внатре. А јас се гледам од горе. Ме нервира што машините за перење се во подрум. Се случува и да заборавам дека сум ставила алишта да се перат.
И нашите се во подрум. Некои си имаат напраено место во кујната. Во кујната имаме еден вграден шкаф со вратички за да си стаиш нешто внатре. И плус еден голем бојлер од времето на хитлер шо стои на земјата. Да не беа тие, ќе си ја ставив машината дома.
Кај нас нема простор за машините. А и машините на комшиите се во подрум. Кај нас кујната е голема, а дневната мала. И мојот сакан сопруг се и сешто става во кујната. Алкохолот наместо во шкафчето, он на помошната маса. Не знае да води ред. На сандачето залепив известување да не ми оставаат флаери, весници и списанија. Секој ден го полнеа сандачето. А и дома само ѓубре ми правеа весниците.
Јас гледам на интернет акции. Така знам кај да одам да купам. Имам апликација од Росман и да ти кажам супер е. Имаат добри понуди. Се обезбедив со Ленор омекнувачи. Гледам ДМ даваат некои поени, ама не знам како оди тоа. А не можам да ја инсталирам апликацијата.