ako ne si vrzana za mesto vidi vo okolinata na Stutgart ili Minhen nekoja klinika nudea tamu smestaj samo ne mi teknuva kade tocno .
Женски што давате за течна столица кај малите, конкретно за 3г+ ми треба , досега не сум зимала од тука а пробиотик што имав од мк ми заврши.
Термин ми понудија амбасада 5.1 па 26.4, а јас не им вратив и сега пишува за септември/ октомври има слободни термини… Сепак може да се оди Мк со кола? Пасошот е истечен на 4.1. Ќе ни дадат фиктион бешаинигунг во јули/ август?
Мислам дека за истечен пасош треба патен лист од амбасада. Јас еднаш си одев со истечен пасош авионски но беше само ден два.
Денес колешка прв ден на работа после 4 години елтернцајт, две деца има па едно по друго елтернцајт, и ме исмева ја слушам како сум рекла “fünf“. Толку од мојот германски. А таа е од Полска ама убаво зборува, не знам на колку години е дојдена тука. Ама што мораше да ме исмева на цел глас се смее и им кажува на другите две. Типична е од оние што се смеат само, се лигават, се пикаат секаде… ме сфаќате мислам. Ама прв пат да ме изнервира некој на работа, прв пат значи, и тоа оваа нова умислена. Се лигави како тинејџерка. Што треба сега јас на ова да мислам, правам? А самата слушам како глупаво ми звучи fünf ама не можам да го променам изговорот.
Џокерче колешката твоја најверојатно се чувствува засенето и загрозено од тебе, нема друг начин да си ја искаже фрустрацијата па се обидува да се истакне себе си, спуштајќи те тебе. Има секакви луѓе , некои што ќе ти кажат”ејј браво за толку малку време супер зборуваш” за жал има и такви како твојата колешка. Од едно уше влегло од друго излегло.
Дали некоја од вас има ставано мобилна/фиксна протеза тука во Де и колку ве чинело истото? Читам по групи дека само на деца 80% плаќала касата.
Малава скоро 7 години ми вика човек во ходник и целата пребледе се скочани очите и станаа страшна се преплаши и вика човек го гледаш згрбавен бил и црни панталони во ходник, а ние во спална, будна е Додека дојде мм ќе умрам од страв Вика не отишол на никаде, исчезнал, го снемало Седиме во спална со светло и чекаме мм да дојде
Не можам да се поместам од страв Без зафрканција, децата гледаат духови? Можеби е некој што живеел тука и умрел Стварно виде нешто и видов во лицето и ми вика човек го гледаш Не бил лош ама подгрбавен
Џокерче мене повеќе би ми било шубе од човек со тој опис во ходник од зграда, одколку во сопствен стан. Детската фантазија е бујна, остани присебна.
Околу 11 000е фиксна...уствари мост,не знам која е разликата ама маже стави мост пред 7-8 месеци Горна вилица само и не цела 30% покри АОК а останатите (7500 мислам беа ) сами моравме да ги платиме заради што немаме додатни осигурања
Што се другиве две? Првото би требало да е црево ама не можам да најдам како е црево на германски А второво мислев Strohhalm ама тежок збор и плус нема ch во него И двата збори се тие ако имаат ch ви нив А добро конечно ми текна дека второто е Becher, уште првото