Баерн бе. Не за џабе имаат најстрого образование. Ама ова малку претерано е. Може и од наставникот зависи. Ако малку така е поумислен дека со војници си има работа, а не со деца.
Фискални од лекови, точење на дизел , возење од дома до работа /школо, плаќање данок за животни, приватно осигурување ако издржуваш родители доказ за издршка. Др незнам ние сме 3/5 и секогаш ни враќаат. Туку има ли некој точна инф. Колку време законски го следува таткото сега по новото од 1.4.24 отсуство за родено дете?
Кај нас нешто ептен го стегнаа школото,Таблица за множење целата е земена,делење имаат почнато. Имаше жалби од родителите т.е од учителки од школото чии деца се во класот на синко.Против колешката гермаски,многу споро ги предавала темите.Вртеа сукаа и ја сменија.Па сега се само со класната која предава по сите предмети. Инаку имаше книга што ја правеше за фериен,Сите букви на ракописно да ги пишува.Сега вежбаат да добијат фулер фурершеин. Имаат лезе фитнес за 5 минути колку може максимум да прочитаат и да одговорат на што повеќе прашања. Почнаа со читање на саат пополека. Денеска го пропуштив родителското,ја помешав датата Сега телефонирав со една мајка,ќе почнале со презентација на омилена книга пред цел клас и геометрија Искрено мислам дека претеруваат. Па тоа се деца не се роботи и ако додам воншколски активности,детето само ќе треба да учи и да оди на спорт.Ќе нема време за играње.
Мене колку тешко прво ми изгледа па којзнае четврто одделение како изгледа. А уствари на децата им е интересно. Не е досадно. Подобро е од Мк. Ништо, ајде позитивно да гледаме. Значи врти сучи сепак интересно е, не е монотоно. Ќе имаат самодоверба од мали. Јас прв пат презентирав на факултет, страшно искуство, а вака од мали ќе го скршат мразот. Малиов во јули ќе полни 3, морал веќе сам да се облекува и соблекува буквално. До толку ги учат да се самостојни што ништо не ми дава да правам јас. Се сам сака. И после радосен е дека направил. Јас алишта немам во живот испеглани, малава зела ги пегла алиштата за сабајле, од кај таква идеја еве не знам, се пегла гаќи маица фустанче хулахопки. Кога станува креветот си го мести. Не знам од кај се вака воспитани, јас ни д од домаќинка не сум. Усисиваат кога ќе видат дека треба.
Кое одделение е твоето дете? Леле мене паника ме фаќа што како ќе биде, дали ќе и биде јасно, како ќе стекне навика за учење, а во план ни е и целодневна да ја запишеме, ако може да напишете како функционира @gjoker4e @danichap @TutiFuti @MacenceEna уште работеш во Теди? Од јануари на тука се работат само grundstunde ние што сме gfb по 200-300е сме секој месец, каква е ситуацијата Кај вас?
@gjoker4e точно е дека се многу посамостојни,ама сепак мислам дека се деца и треба да имаат детство. Јас морав многу да ограничам гледање шетање и тв после школо,оти не се постасува.А, тек е второ оделение,каде ќе е крајот.Од година и со англиски почнуваат. Инаку за домаќински работи помага оти мора.Сака да излезе или да си играме,ама ако морам да пуштам алишта за прање и да наредам машина за садови,ми помага за да излеземе побрзо,инаку се досадува. Инаку и кај мене синко од 6 година ја раздига машината за садови.Се качи на помошната и така ги реди чашите.Постелина ако кажам знае да смени,освен ќебето да го облече му е тешко. Кога одеа на екскурзија лани мораа сите деца да знаат да си го наместат креветот со нова постелина. Не викам дека е лошо учењето,ама и да не се претерува и да има баланс...
Второ оделение е,затоа и викам дека претеруваат.Мислам дека е многу материал. Каква е таа геометрија во второ оделение За навика сега стекна,сам отвара ташна и ако има домашно седнува да пишува.Се радува на школото,оти имаат и многу проекти. Утре тест има тие зборовите што ги сликнав да ги напишат..
Јас ги гледам и децата од нашата зграда, сите се 1, 2 одделение само мојата оди на градинка, буквално само за распуст излегуваат да си играат надвор и некогаш ако е убаво времето и сабота, за разлика од лани и полани кога цело време беа надвор.
Мојата е во целодневна оваа година. Она е среќна, си игра со другарчињата, ако ја праша човек би продолжила. За наредната година не ја пријавив. Целодневната е до 16.00. Додека си дојде дома, пресоблече, апне, поминало 17.00. Тогаш треба да го корегираме домашното и да учи. Редовно прават тестови, имаат домашни и екстра работни листови, па не е доволно викендашко учење. Мора секој ден 15минути читање и плус се останато. Концентрацијата не и доволно голема за во тој дел од денот да го совлада сето тоа што се бара од нејзе. Сега сум целосно посветена на нејзе во тој дел од денот па некако буткаме. Догодина кога ќе имам прваче, она второ и едно во трето одделение нема шанси да се справиме во тој дел од денот со совладување на цела зададена материја. Со супер концентрација не треба повеќе од 30минути за сите домашна и да се повтори и 15минути читање. Но кога дете е уморно, без концентрација…истото може да трае и многу многу подолго. Инаку завршува наставата, ручаат, пишуваат домашно и потоа си играат неколку часа. Домашното не е корегирано, самостално го пишуваат. На жалост често е гласно па има грешки кои дома од прва ги препознава и си се корегира или дел не го започнала воопшто оти немало услови. Годинава се справувам само со нејзе некако во тој дел од денот, догодина дома ќе си иде после школо.
Па немаат време.Два пати оди синко на пливање,оти е во група за натпревари.Ако се еднаш види со другарче да отиде или дојде некои и не останува време. Викендот сум турбо.Ќе дојде петок навечер дете на преспивање до сабота вечер ќе седи кај нас. Во недела синко има прв натпревар пливање
Кај мене големата не е во престој и со радост оди еднаш неделно на логопед, еднаш карате, два пати Nachhilfe, и барем еднаш неделно со другарче ќе се види. Малава само карате и тоа ни е огромен стрес тој ден на сите. Си иде 16.30од престој, со една рака јаде, со друга се облекува, заминуваме на спорт. Се враќа 18.15 и тогаш на ново пресоблекување, вечера и дури 19.00ја фаќа за брза корекција пред одење во постела. Сабота и недела обавезно учат од сабајле, 09-11 за да се слободни остатокот од денот. Лани ги ставив на листа на чекање во школото за пливање. После една година конечно се ослободиле места, добив мејл. Искрено размислувам да не ги исконтактирам, преку недела немаат време ама баш за ништо освен престојот.
Jas nemozam da stavam rozevi naocari i da tapkam deka ovde vo Germanija epten e se od ubavo poubavo... Sum dete da se uci na samostojnost ama nivnite granici se preminati, tolku obvrski i odgovornosti im se se davaat kako sto rece nekoja clenka pogore im se krati od detstvoto i gi programiraat uste od mali..Mislam so raganje na deteto pokraj cucla i peleni deka sleduva i po eden planer .
A, мора ли малата да оди до толку касно на целодневна?Оти тоа е стварно напорно и стресно и за неа и за вас.Дали сте од отворен или затворен тип на школо? Добро ти си со повеќе деца и не е воопшто лесно да се организираш. Кај нас е од отворен тип,имам целодневна до 5 саатот,ама кога работев го земав околу 3, а сега оти правам дообука 4 месеци и сум дома,го земам околу 2.Ама пливањето одзема многу енергија.Кога е на пливање оти пливаат по час и 15 мин турбо,кога си дојде не е способен за концентрирана работа и пуштам телевизија и пред да легне чита,ама домашно ретко пишува. Сега е попрактично што почна сам да оди на школо ма може и покасно да отспие.Школото е едно 1,100 метри од нас,оти е пространо и ми требаат пешки одколу 15-20 мин.Ама сега оди сам со тротинет и стасува за 5 мин. И кога ќе стигне на портата ми се јавува на кратко дека е се во ред преку саатот и оди до неговата зграда.
Тоа е проблемот, нема опција порано да си дојде. Мора во 16.00. Имаше флаер дали има интерес за до 14.00, си реков супер, пишав сите три дека би оделе. Школо до 11.30-12, ручек пола час, пола час домашно, еден час да играат и во два да си иде. Таман ќе има време на раат да повтори и корегира и сите плус термини. После ни рекоа имало огромен интерес ама од технички причини не можеле годинава да понудат. За мене е губење време од 14.00-16.00 кога знам што се ги чека дома кога ќе си дојдат, низ нос ќе ни излезе.
Епа ми стои дека е од затворен тип на школо.Имаше другарче од градинка,порано од 16 часот не смееа да си ги земат децата.Кај нас е слобода,ако сакаш и после часовите смееш да си го земеш детето.
Морген . Во второ од геометријата се учат форми и слично . Ништо страшно за децата . Англиски исто учат основни работи и не им се дава оценка во второ одделение. Нас ни изгледа многу ама не е така. За тоа што се учат да бидат самостојни од мали нозе не гледам проблем . Па и ние дома ги учиме да прават некои работи сами. Моиве деца од 6 години играат надвор со другарчиња сами . Живееме во мало село , има многу деца на иста возраст и се собираа надвор. 18ч се враќаат сите по дома . Воншколски активности, по еден саат фудбал , хип хоп имаат во неделата . Машкото игра во две лиги па има 4 пати тренинг . Ама он е презадоволен . И ми треба таков тренинг за да потроши енергија . Плус тимска игра е супер . Големата е веќе 6 одделение и во споредба со пониските одделенија сметам дека е многу потешко сега. И оценувањето е многу реално. Нема фаќање врски како во Македонија и ставање петки дека учителката се знае со мајката.или дека родителите се на позиција па ајде детето мора да е со сите 5ки. @Neda997 кај нас иако филијатата е затворена и се гради имаме секогаш полни часови , зашто има потреба во други филијали и ме викаат стално . Сега овој месец се отвара нашето Теди и ќе работам неколку дена по цел ден и ќе имам фул саати