Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.320
    Кај нас во прво одделение се тие зборови, да ги препознаат цвеќињата/деловите и точно, соодветно, да ги напишат зборчињата. Ги помина пред некој месец првачево.
    Изгледа како сакаат прават со материјалов за учење.
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Јас можеби пак некаде грешам ама после школо ни една секунда немаме посветено на школо.
    Од школото ни е кажано само 10 минути на ден да чита гласно и да се проверува дали има прибор во ранец и боиците да се нарежани. Ние не ни читаме ни 10 минути дома.

    И до 16:00 и е малку, едвај чека пак да оди утредентна.

    Најчесто мајките одма после школо одат во шпилплац, ние последнава година прво дома па излегуваме околу 18:00 и во 20:00 доаѓаме дома, 21:30 спиеме. Од пролет па натака не знам каков ќе ни биде распоредот.

    Инаку целодневна е од понеделник до четврток до 16:00, а петок до 12:00. И кај вас е така? Па петокот има многу време, плус сабота и недела се слободни. Значи само од пон до чет до 16:00, не е страшно.

    @Neda997 рано ти е да мислиш за во школо. Оваа година не ни треба да мислиш на школо, ни ти ни детето. Само игра. Па од септември постепено ќе купуваш оние како книги за претшколска возраст што има да се решава, бои.
     
    На Chantal и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.320
    Џокерче кај нас освен домашните ставаат вежби во антон апп, во апп-от од школото, лично направени вежби и задачи од наставничката, им дава додатни материјали и листови, екстра пишуваат во тетратката за домашно да вежбаме оти неделата по тој предмет следува тест. И како да не вежбаат.
    Не е дека ти или ние точно/погрешно правиме, сосема други стандарди имаат школите и ние едноставно се прилагодуваме.
    Пример од апп
    7C5FB26D-708F-432F-A396-14B6031CEF79.png
    Јас искрено ни на македонски не ги знаев деловите. Две недели, секој ден вежбавме, за да успее точно да ги напише зборовите и да ја совлада темата. Без салам учење не се совладува ова.

    Едит:
    Во прво полугодие веќе преместија едно дете во школо каде две школски години се земаат во три календарски години. Проценија дека не успева да фати ритам.
    После распустов и најдобрата другарка на детево ја пратија во тоа школо, пробно демек, две недели, оти не знаела да чита. Претпоставувам и она ќе мора да смени школо или да повторува.
    Од 24 деца две веќе ги враќаат назад иако годинава не е ниту завршена.
     
    Последна измена: 11 април 2024
    На eliesaab, gjoker4e, SunnyGirl2 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    За стоматолог студира твојата? :D

    Кога почна мојава прво и кога видов колку многу деца се пак прво ми се стемни. Мојава колку што сфатив ќе оди во второ.
     
    На fairy88 и Chantal им се допаѓа ова.
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    40.182
    Пол:
    Женски
    @Neda997 нема уште сега што да мислиш за школо . Ако почнува септември 25. Имате време . Плус во градинка ги спремаат полека .

    И јас со децава дома работам .
    Со Антон апп уште од прво одделение. До ден денес таму вежбаат .
    Им вадам од интернет задачи кога имаат тест .
    https://www.grundschulkoenig.de/deutsch/1-klasse/

    Мора да се работи со нив . Гледам дека има ефект .
    Додуша сега не толку како порано ама мора работа со деца .
    Читаат , пишуваат диктати .

    За споредба со школството овде и во Македонија не би рекла дека во Македонија е подобро . Во Македонија првачиња почнуваат со неполни 6 години . Овде со 6ипол па и 7 години .
    Не е исто дете од 5 и дете со 6 години да седи во клупа и да учи .
    Плус овде имаме можност да работиме со скрстено работно време. Во Македонија мораш да го оставиш детето во целодневна. Да глави цел ден таму . Овде не . Можеш да бираш.
    Моиве доаѓаат после школо дома . Додека се спреми ручекот они веќе напишале домашна . Слободно време колку сакаат имаат .
    Не е исто да одмори дома , во свој простор или да седи во школо .
    Може е навика ама за децата кои е подобро дома да одмараат.

    За оценувањето , да бидеме реални . Овде не е реткост да се врати дете назад година. Кај нас во моја блиска фамилија се знае . Мајката се знае со учителка, пијат кафе заедно и децава знаеле не знаеле ги имаат сите 5.
    Кај синко во клас ретко е да има дете со сите 1ци. Сега во 4то кога се решава кој каде ќе продолжи , само 4 деца од 20 добија препорака за гимназија . Другите кои Realschule, кои Hauptschule.
     
    На gjoker4e, danichap, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Мајката и учителката што пијат кафе од Мк се? Дека ова го нема во Германија ама во мислењево звучи како Германија?
     
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    40.182
    Пол:
    Женски
    За понатамошното школување исто . Во Македонија нема пракси , учење занает како овде .
    Кај нас сите студираат . И ќоро и сакато завршува факултет. (Да не се навреди некоја од вас)
    Пример , завршуваш средно економско, без факултет е исто ко да немаш ништо завршено .
    Нема пракса во школите , каде те праќаат да видиш какво професии има . Да видиш што ти лежи , што не . Да можеш да учиш нешто , па да продолжиш да работиш . Нема
    Едино фризерите што ги праќаат на пракса .
    Значи во Македонија само со факултет можеш да просперираш. И тоа е знак прашање дали ќе најдеш работа . Зашто има многу со факултетски дипломи.
     
    На gjoker4e, danichap, Neda997 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    40.182
    Пол:
    Женски
    Да од Македонија нормално.
    Дали имате приватен контакт овде со некој учител ? Не освен ако договориш термин за разговор за време школо
     
    На gjoker4e, danichap и Chantal им се допаѓа ова.
  9. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Денеска конечно ќе одиме на заболекар, требаше оддамна ама не ја изгубив аок картичката(facepalm) па додека да стигне новата ..

    Дава стоматологот потврда за здрави заби или потврда дека Н има матичен стоматолог? бидејќи имаме наредната недела u9
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    40.182
    Пол:
    Женски
    @Neda997 моиве имаат Zahnärztliches
    Kinder -Untersuchungsheft .
    Каде на секој преглед им заверуваат податоци за забите .
    Ама нема да ти треба за U9 потврда од заболекар.
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    ^ на нас докторката уште пред некое време ни кажа дека мора Н да има матичен стоматолог, и кога ни стигна писмо од jungesamt како што разбравме треба на заболекар( прашавме кај нашиот матичен рече дека може да ја превзема да не бараме kinder zabnartz) плус кај матичен педијатар да се направи повторно очен преглед и документ за целосна вакцинација, тие 3 работи за упис.
    И стварно не ми е јасно, и на u8 докторката ни рече дека е важен u9 дека е школски преглед, а до тргнување на школо тоа е за 1пол година секое дете може да се смени
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.320
    При систематскиот за во школо секогаш прашуваат за у9 и гледаат резултатите. Доколку до тој момент не е направен ќе треба накнадно, пред уписот и доставување на документите во школо. Задолжителен е.

    И јас и децава одиме кај ист заболекар. Важно е да се редовни контроли, ние немаме хефт од заболекарот.
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    40.182
    Пол:
    Женски
    Ми е избледено сеќавањето за тие прегледи , оддамна дека било .

    И моиве се кај мојот матичен заболекар . На двете им даде Heft, на малото не му дале уште а оди веќе година дена на прегледи .

    За детски забар нема потреба . А и нема толку често .
    Ние добивме препорака за средното , за поправка на траен заб да одиме во детска клиника . Нашиот забар нема такви анестезии . А ова дете е толку плашливо , што нема шанса да се прави без некоја анестезија.
     
    На WomanInLove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    8.024
    Ок, за второ оделение пак повеќе бива,ама во прво,каде што се учи букви е претерано.

    @MacenceEna и тука се има врски како не.Само што е поскриено и суптилно.
    Може нема да му стави единица,ама ако е измеѓу оцена ќе добие подобра.
    Во класот на синот има 2 учителки по германски.
    Со едната си живеам супер приватно и децата се многу дружат.
    Ме повика на нејзин роденден и дојдоа и други учители од школото на синот.И нормално темата беше наставата,децата и родителите.
    Како што разбрав на сите децата им се на ова школо,некаде генерација на син ми иако живеат подалеко.Оти е едно од омилените во околината и оти има зоолошка и хала за пливање директно на оградата на школото,сите добиле место демек на среќа.Јас во толкава среќа прво и основно не верувам.Значи се играле дебели врски.
    Ние добивме место,само оти сме еинзугсгебит.
    Знам една сакаше да го тужи градот да добила место во нашето школо,ама и рекол адвокатот ќе си платиш околу 3000/4000евра за процес,а шансите се 50/50 и се откаша од тужба.
    Второ точно е дека они нема да предаваат на своите деца,ама штом приватно се друшат сигурно се гледаат некои работи преку прсти.
    И да напредуваш во кариерата мора да те бутне некој.Не викам дека квалитет не се гледа.Ама баш зборев со еден што раководи со голема ИТ фирма(го запознав во Реха Клиника ),ми рече треба да си некогаш на вистинко време на вистинско место и треба да стои некој зад тебе и да те бутне.


    Така јас од дамна ги симнав розавите очила дека тука е идеално.Подобо е од Македонија,ама дека игра корупција и б витамин има и тоа сум сто посто сигурна.
     
    На Gosh, WomanInLove, јolene и 4 други им се допаѓа ова.
  15. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Многу ретко пишувам, се надевам ќе добијам мислење од вас. Се работи за забите на син ми. Имаше Fistel на еден заб и мораше со целосна анестезија да се извади. Тоа помина се во ред и сега ни велат дека е подобро исто со целосна анестезија да се поправат и другите заби и каде што е потребно да се стават коронки ( Milchzahnkronen). Јас првпат слушнав за тоа и им реков дека забите не изгледаат воопшто толку расипани, а докторката видела на рентген снимката дека имало сепак кариес и сакаат со тоа да ги задржат што подолго млечните заби.
    Дали имате искуство?
    Син ми во септември ќе полни 7 години.
    Фала :)
     
  16. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски

    ќерка ми (7год ) има круни на 4 забчиња , исто со целосна анестезија и поправија што требаше и круните и ги ставија , рекоа дека е подобро така да ги заштитат , кај неа беа и расипани многу , поправање не беше од голема помош , затоа што и беа и сронати , а вака исто ко да има ко забче и да може да јаде без пр ( 5ките се кај неа така ) Еве една година скоро помина од тоа и супер е немала пр никакви.
     
    На WomanInLove му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    5.896
    verkurzter zungenbändschen
    koj seči ovde i dali ako nastojuvam kje ja zasečat cipata što e spoena so vrvot na jazikot?
     
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    7.242
    Пол:
    Женски
    Да си жива и здрава за муабетов. На обичните позиции, ниско до средно платени, нема проблем, секаде ќе си најдеш работа без врски.
    Ама во повисоките кругови и водечките позиции или треба ептен ептен да те бива, да станеш нешто повеќе или врски.
    Доволно е да се забележи дека постојано се Германци директорите и врвот околу. Од толку многу ауслендери со дипломи овдешни дури, речиси никој да не успее? Бре.
    На уни нема шанса да понудат постојано професорско место на странец, ако нормално нема врски, а најчесто нема. Тргни од таму.

    Не зборам овде за шеф на смена у маркет или на лента. Да тоа е ок позиција. Ама на пример во појака фирма, ќе те користат до макс, во пракса ќе правиш се, ќе ти ги крадат идеите, ќе ти го користат знаењето, ама на хартија ретко да те стават тим лидер на пример. И имаат перфектно оправдување. Ти си платен да работиш и тоа што ќе го работиш е нивно. Толку.
    Не дека кај сите фирми е така, ама си се држат и овде како црева испреплетени.
    Сепак е огромна држава и повеќето нешто функционираат за сите. Ама дека има различни третмани, има.
     
    На eliesaab, JoyJoy, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  19. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Луѓе каков вирус има градинкиве страв ме фати. Таман се спремав да го пуштам од понеделник пак после боледување, ми кажуваат вчера денес мајки дека децава им се со температура висока, афти во уста и на усни не јаделе ништо од болки. Од каде сега ова, до сега немаше вакво нешто:worried:.
    Има ли кај вас вакво нешто.
    Нема да оди и следната недела кај што беше болен уште тоа да закачи но фали :(
     
    На WomanInLove и Ava.84 им се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Да не има ханд мунд фус обично има известување во градинка , а оваа болест е карактеристична за пролет и есен.Со температура е и со пликови во уста раце и нозе.Најодвратно и по неколку пати се добива.Во градинка тешко да избегнеш нешто освен да не оди најздраво дете ќе имаш.Така и моите кога не одат се здрави отиде 4 дена на градинка одма нос и се растече и кашлица фати со слаба тт|(.

    За врски во Де.На шефицата ќерка и работи во школо на државно во секретарјат.Не знам дали го пратив постот еднаш го пишувам.Често пишувам ама не праќам.
    Доаѓа еднаш и кажува за ќерка и колку била изнарвирана од некоја што ја пикнале со врски ниту имала соодветен аусбилдунг ниту па имала искуство.Јас така зачудена прашувам има ли вакви раб во Де:o?Ми вика има како нема уште да кажеше партиски(facepalm).
    Кога бев на интервју за оваа фирма одма ми кажаа дека колешката што ми е ќе ја наследи шефицата за неколку години кога ќе оди во пензија.Колешката работи 15 год овде и кога шефицата била болна од рак таа со бебето за време на елтерн цајт доаѓала и ја менела нејзе.Секогаш кога ја нема шефицата колешката ја менува.Сега почнуваат полека да ја спремаат ептен за нејното место.Двете ептен се ујдисани и за оговарање и за помагање.Во тоа време била само она која и се понудила и еве била во вистинско време на вистинско место.На 50 години ќе биде шефица.Сите ја викаме шефицата со Фрау ... , а на кол и е глупо да ја вика по име или со Фрау па не ја вика.Ова кога ти е глупо да и кажеш на свекрвата мамо:rofl::rofl:.
    Само ме нервира колешката кога шефицата нешшто и збори од далеку оваа врти со очите.Јас мразам лицемерство.
     
    На fairy88, Chantal, јolene и 2 други им се допаѓа ова.