Ми стигна дојава дека имало рубеола во другите општини во градинките и дека можеби имало и во нашата Аман
Vo gradinka non stop cirkuliraat virusi samo prasanje sto ke prifati i sto ne , odnosno dali bilo vo poblizok ili podalecen kontakt so nositelite na virusi. Taka da i da go cuvas doma moze ke e zdravo dodeka e doma, prviot den stom ke se vrati moze da e den koga ke zakaci pak virus.
Дечки, да не случајно некој од вас возел кола до Мк на црвени табли? Ако има некој таков би била благодарна да ми пишете искуство. План ни е по пат да се задржиме недела дена кај мм, па да продолжиме до Мк каде ќе си ја увезе сестра ми.
Добро си ме разбрала Па тоа јас го мислев не зборам за водич на смена во супермаркет или леитунг на оделение во болница.Зборам за шефови на највисоки позиции каде си одма позади газдата кој има неколку фирми и ти водиш некоја од нив каде еден проект коштаат милиони. Исто со оваа мајка чии деца си играат ми вика јас станав прва беамте од цело школо.Ми кажа измеѓу редови дека имала врски да да и ја стават актата кога поднела меѓу првите и да проверат.На роденденот ги потпрашав другите учители дали и тие сакаат да станат беамте,голем дел поднеле,некои од лични причини се мислеа дали да поднесат антраг,ама се чека најмалку 2-3 години најмалку за да ти разгледаат документите. И тука некаде буши парата,а некаде врските
Мислам ние еднаш, не сум сигурна дали беа регуларни или цол. Маж ми се разбира во тие нешта. Та нели се со коли. Ја не знам што професија друга одбрал, печен си е за шофер . Важно знам дека пола негови другари од овде коли им најде и колите отидоа накај мк. Да прашам вечер ќе ти пишам како ќе ви биде полесно и која е процедурата.
Има не дека нема влегување со врски . Ама сепак не може да се мери како во Македонија. Каде неписмени се ставаат на високи позиции дека е внук на некој од партија . Мм од обичен Azubi со тек на време стана Abteilungsleiter. Ама уште на почеток видоа дека вреди и инвестираа во него . Немаше некој да го бутне одма да биде некој и нешто во фирмата . И има и наши луѓе кои вредат и им е признаено тоа и имаат убави работни позиции. Познавам такви .
Така де. А наш никогаш нема да стане вербеамтет оти се нешто не исполнува, иако во пракса дури и повеќе работи од германец. Ама јбг, не ни се споредливи образовните системи. Еве и ич да нема со врски, за супер позиции, си се резервирани за нив. На пример, познаничка моја, т.е двете ми се, и поради тоа си земам за право да "одговарам". Едната странкиња, се убиваше од работа, проекти, пари собирање и финансирање од разни грантови цело време. Завршување на работата во експресно време. Другата Дојч, влечкање и филозофии, нешто фатиш нешто не, нема стрес. Се отвора нова позиција со унапредување, погоди кој ја доби. Кај мене на предходната работа, полу писмени беа со аусбилдунг, јас со факултет, се отвори нешто ново да се почне, кое мене ептен познато ми беше, ја ставија една таму од нивните што никакво искуство немаше. За мене одма беше знак, дека јас таму нема што да барам. @MacenceEna има наши на добри позиции, само што работат дупло повеќе од нивните или од тие со врски и најчесто заслужуваат уште подобра позиција. А и муабетот што не ги купуваат за иста цена. Секогаш се поспремни да дадат повеќе пари за германец кој што знае да им продаде филм, оти странецот зборува со акцент. Потсвесно им прави да мислат дека сме по дифолт не толку способни и да немаат доверба во нас, па после некое време се изненадени уствари од нашите способности. Е да не се плачам, ми стаса арбеитсцојгнисот од шефка. Луѓе срам ме фати колку многу ме испофалила. Па и на рака писмо ми напишала, за мене лично дека ми се заблагодарува за мојата работа. Абе ме расплача. Ама тоа е, живот. Може после ако се вратев таму, немаше да биде исто ко предходно. Вака барем во убаво сеќавање ќе ми остане.
Маж ми нешто збореше на еден месец да земе табли ваљда цол, не се разбирам јас реков да прашам најубаво затоа што планираме некој 5-6 дена да се задржиме кај мм па да не би имале проблеми. На другата тема има уште една работа да бидеме реални и од нашите простори полуписмени доаѓаат со дипломи. Имам комшија завршил виша машинска во Пожаревац, ден искуство нема лично го знам и ќе кажам дека е неписмен на мајчин јазик, германски дали А2 збори се вработи како шофер во меѓувреме направи анеркенунг им мавташе со дипломата го префрлија на правата позиција и после 6 месеци не му продолжија договор. И мене ми е нормално да бидат попретпазливи со нашите дипломи после вакви искуства. Јас лично немам анеркенунг направено зашто се плашам со јазикот се уште некаде Б1 сум и сметам дека е премалце за мојата струка, да не зборам што веќе 12 години не сум го работела тоа иако имам искуство. А луѓе веќе што се покажале па за напредување е веќе друга работа и неможам да зборам зошто сум немала искуство. Ама и Германците веќе не се толку задоволни од моја околина многу се селат во Швајцарија да работат.
На бебиња од 5 месеца што дававте мачкавте ми се чини му хрчат градите erkältungsbalzam +3М. имам дома
Што убави теми сте разврзале. Многу ми е мерак кога темата е активна па ќе си читам така. Потполно сте во право за врски за се . За болести од градинка да не зборам пред 2 недели бевме сите болни , еве сег пак грло црвено, кашлица, темп. И тоа кога еден е болен сите не фаќа дома. Незнам дали е нормално толку многу да се разболуваме. Бевме на доктор ни дадоа парецетамол за тем и шируп за кашлицата толку.
Разликата е во тоа што овде не се вика врска, овде се вика препорака. Го има во сите ешалони од најнизок до највисок. И за супермаркет поголеми се шансите да го примат оној кој е препорачан од некого отколку некој што сам се пријавил. И тоа ми е во ред. И јас да вработувам би одела со препораки доколку нели плус исполнува услов квалификација. Ама да не се лажеме. Во Македонија ти треба врска за да завршиш работа во рок законски пропишан, кој ти следи по сите основи. Ти требаат врски за живот да тераш нормално, и ти требаат врски за здравје. Иначе фаќање “врски” има секаде и имало секогаш. Јас одам кај Србинка на забар. Минатиот пат имаше тек за Септември термин за професионално чистење на забите ама се зазборевме за белење оти сакам и да ги избелам и заборавив да земам термин. Овој пат имаше тек за Октомври и ми рече дека нема да ми направи термин, да видиме сеа следна недела ќе биде тука жената што ги чисти да ме пикне порано. Јас не и барав врски, туку баш и реков да ме пише за Октомври да не го изгубам и тој месец. Сама ми рече да почекам до кога имам следен термин па да видиме што може да се направи. И супер да ви кажам кој ќе чека до Октомври, забиве ми страдаа со бременостиве и сакам да ги исчистам. Иначе за во школо дали им попуштале негде не е ништо страшно. Пошо следната година друг ќе им предава кој нема да ги знае, или ќе имаат тестирања за каде да продолжат и ќе ги вратат назад ако не ги бива. Квалитетот на образовниот систем им е сеуште јака карика. Кај нас тоа го нема, те буткаат само нагоре и после имаме полуписмен кадар во сите институции од кои зависиш. Различен третман има, ама лично знам луѓе на високи позиции каде Германци работат за нив па не би рекла дека во секоја ситуација е така и дека наши не можат да се таму каде што се Германците. Ако го имаме во предвид различниот образовен пристап и доаѓањето во друга земја, секако дека за нас потежок е патот до врвот. Секој што живее овде, расте и се едуцира полесно се етаблира во системот. Друго, апсолутно се сложувам со Шантал дека нашите дипломи што се добиваат сите знаеме како, не треба да се земат здраво за готово овде. Никогаш не мислев дека овде е совршено, никако не е совршено, ама е едно од најдобрите места на светов да си моментално. До кога не знам, ама засега е така.
Јас апсолутно се сложувам и со тебе и со Шантал. Шантал мене ми е еден таков лик, што најчесто има спротивно мислење од моето, ама многу ја почитувам баш поради тоа што секогаш кога ќе се залетам, ми дава поглед од друга перспектива. Муабетов е дека штом јас и ти завршуваме побрзо кај забар, веројатно и Хаико и Хајди исто. И така сите си имаме по некој наш, на различни места, ама за чудо функционира ок. Освен ауслендерамт во Штутгарт, таму ни она што те следува по закон, нема да го добиеш . Не е дека е розово ни беше муабетот, и дека секако има витамин беканте, и особено доболува кога ќе се осети на своја кожа. Ама па од друга страна разбирливо е. Да сме ние на местото на германците, со толку многу ауслендери, очи ќе им ископаме, а камо ли шанса да им дадеме да работат на повисоки позиции. И така, не ни останува ништо друго, освен да прифатиме како е. Во спротивно се знае, ќе треба да си одиме или да одиме некаде на друго место, а верувам дека никоја од нас не би можела повеќе да си замисли да се врати во мк. Таму е друго ниво, да, и не вреди да ги споредуваме воопшто, особено не па да се тешиме со тоа дека кај нас не функционира ништо и ќути има и полошо. Малку ме плаши иднината овде, оти младинава тука не е растена во криза и сиромаштија, ама на добар пат сме да осетат. Размазени се до бескрај, не дека нема квалитет повеќе, туку не е она што било пред години. Некако од толку многу удобности не се во состојба да донесат прав суд и лесно паѓаат на филмови, впрочем затоа и во оваа каша сме. А иднината е во рацете на младината и тоа. Ќе видиме, само живи и здрави да сме. Викенд е. Има сонце .
Уф ќе ја оправиме темава Не е сјајно ама е подобро од Македонија во многу точки . Секој може да најде нешто што му смета или ми се допаѓа овде . Некој од страна кога чита, мисли дека ние овде немаме живот како во Македонија со собирање со пријатели. Дека на лекар не не лечат. Итн . Нема везе , немам енергија денес нешто за да пишувам многу . Сакавме подолго време да земеме домашно милениче. За куче не бевме сигурни , за маче уште повеќе . И завчера мм ми вика една колешка имала мали мачиња, ги продава . 600 евра маче Па најверојатно ќе земеме едно маче За младинава денешна , што да кажам . Имам двајца од по 12 и 10 години . Незнам како ќе биде понатаму . Ама дома се понашаат ко во хотел . Ако не им дадеш обврска и не им кажеш јасно гласно што да прават , има да лежат цел ден . На маса што јаделе не знаат да дигнат ,без да им се каже . Само строго од утре . Ова малово не заспа на пладне и сега мене очи ми паѓаат дур го чувам во двор . Дали кафе ќе помогне
Апсолутно не е сјајно. Ама па никаде не е. Само е посјајно од други места и тоа е тоа. Мене па ми се допаѓа оваа младина овде неоптоварена со никакви лични притисоци за како треба да се изгледа и дека мора да се учи факултет по секоја цена. Со младина со ваква самодоверба која си се цени доволно, и притоа на располагање имаат неограничени можности и ресурси за себе прогрес и истите ги користат, мислам дека ќе бидеме добро. И ние го нападнавме дворот. Купив рекети пред некој ден, чекам уште маж да се прибере, па на партија тенис да го решам. Убав и топол викенд да си имате.
Ние сме во типична германска мирна населба. Да помине(ше) мува ќе се слушне(ше). Сега сме и ние тука, цел ден распослани во двор, четири деца и куче, плус и уште некое другарче. Атракција сме. Музика свири, деца скакаат, се караат, бркаат. И така икс пати сме на суд со шлакнатиот комшија, таман весело да му е со нас. Плус сите пријатели на мм живеат во станови, немаат услови за седенки, па скоро секој викенд се прават скари кај нас. Така да турбото е преку недела, да, ама кога сме здрави и посебно убаво време, и те како има живот и дружба за викенд.
Вечерно искачање на итна . Тек сега се вративме. Како почна се. Малото и јас бевме сами дома. Јас диплам алишта, он лежи на под и во едно тањирче имаше корнфлекс . Од тие благите со мед. И наеднаш почна да чеша нос , викам што ти е ? И ми покажува носот и во тањирчето . Одма ми светна , дека пикнал внатре едно парче . Па паника ме фати. Внатре во нема , подлабоко го пикнал. Па ајде во болница, од една ме вратија, требало на детска клиника . Па ајде таму отидовме. Се изнсчекавме. И ме примија, го извадија парчето корнфлекс. И назад дома. Како што не беше спиен. Во кола заспа одма . Во деца никако доверба . Пазете , тргајте се што може да е опасност. Ме знаеле на што се се спремни
@Neda997 мислам дека можеш и нема да платиш данок. Јас сега почнав мини јоб и морав да се откажам заради тоа што правам дообука.Инаку ќе ми кратеа од парите. Сега чекам да ми ја исплатат диференцата.Како што прочитав 2 пати годишно можеш да ја поминеш границата.Ама ако си работела недела или празник е штоерфреи зушлагот. Затоа јас работев само недели и празници втора смена,најмногу ми се исплаќаше.Празник дупла дневница,Недела 50%