Да. И јас тоа прашав. Плус тој има земено за 2 месеци елтернгелд, настрана од нејзините 12. Eubos се добри.
10 ти и 2 сопругот, така? Elterngeld. А од третиот месец (првото плаќање) ти имаат одбиено нешто? И колку месеци имаш побарано?
Да. Мислам дека имаше нешто минусирано кај него во пресметките. Побарано 12 месеци елтернгелд +2 за него. Сега во Јануари ми беше последната исплата се враќам на работа Март 31.
Не е прашањето баш за тука,но е во контекст на живеењето во Германија,имам синче и сакам да бидам мамичка од Германија.Сакам да прашам за тоа како оди преселувањето за Германија,со наш пасош,со наши средства.Јас работам све,а мм го бива за све.Сакам да пробам ради малово,за нас нема гајле.Фала ви
Да не се зафркнавме што побаравме 12 месеци официјално? Што знам. Утре решив ќе им ѕвонам. Па ќе видиме. Прво да разгледам што испратија од мојата фирма како Zuschuss zu Mutterschaftsgeld.
Јас повеќе од година имам мини џоб и појма немав дека ме следува одмор. Ми исплатиле дел од одморот и пишува дека имам уште 4 и пол дена. Ми имаа исплатено 4 и пол па испаѓа како годишно да ме следуваат 9 дена одмор. Ич не ми е јасно, а се уште ја немам прашано шефицата. Имам една апликација од работа ама дури сега ја инсталирав дека ме интересираше за одморот. Сега во јануари се појави уште 4.87 дена одмор преостанати. Влегов на некоја страна на гугл пишува ако работиш два дена неделно те следува 8 дена годишно, за три дена неделно 12 дена, за пет дена 20 дена... значи мене ми сметаат 8 дена годишно.
Еве разговараме за тоа. Парите се тие може да се поделат на 14 месеци. Имало и нешто елтернцајт плус за оние со помал приход. Има многу комбинации али сума сумарум парата е таа. Ајде да не погодуваме прашај утре и кажи што ќе кажат.
Јас не знам како да пресметам бидејќи имам плус саати одработено и секоја недела различен број работни денови имам. Која страна е таа? Може линк? И друго да прашам, на кој начин ви ги исплаќаат плус одработените саати? Јас можам слободно цел месец дома да си седам. Работам од ноември и два месеци имам плус саати кои што не ми се платени.
Нешто размислував па ако има некој искуство нека сподели. Дома зборуваме исклучиво на македонски јазик, баби дедовци и се обраќаат на македонски. Кога идат пријатели или колеги зборуваме или на англиски или на германски јазик. Значи има контакт со овие три јазика секој ден. Цртаните се на англиски. Е сега трга во градинка и нормално сеуште не е почната говорната фаза. Таму ќе биде на германски. Сега читам истражувања дека може покасно да почне со говор поради тоа. Некој да бил во слична ситуација да каже како го поминале тој период, што можам јас да направам да и олеснам?
Немам искуство на дете, ама кај другарка не беше проблем говорот иако се зборуваат 3 јазици. Детето го има германскиот како мајчин сепак. Македонски зборува со меко Л, бавно и потешко. По некој збор се шифта на германски. Детето е 5 сега.
На нас ни кажаа дома да си збориме исклучиво на мајчин јазик.Збориме.Цртани гледам да се мк или де.Англиски не мешам.(А доаѓа еднаш од градинка и пее хелоу хава ју хава ју ту деј учат во градинка песни) Педијаторот и воспитувачките ни кажаа нормално е покасно да прозбори учи 2 јазика паралелно Пример ако едно дете знае 20 збора на мк еве моеро знаеше 10 на мк ама уште 10 на де. Пази многу на пасивниот говор да ги знае предметите без да ги каже.Нос, уста , уво итн мојата ги знаеше на 1г на мк , а на 16м ги знаеше и на мк и на де. Сега на 3 и пол години зборува мк реченици просото-проширени.Има меко л како што кажа кукла. За германски по градинка меша мк со германски.Нешто што знае на германски на мк не и текнува си го кажува на на де. Ама мислам дека германскиот и е многу послаб. Зависи од детето најмногу.Мојата е многу повлечена и тешка за комуникација.Со мене збори пее се , а на воспитувачките не им први муабет , а се разбира така вика. Сега последните денови интензивно ја терам да раскажува приказни или ја потпрашувам што се случило во приказната?Одговара ама не знае да раскажува. Важно е да и зборуваш не да читаш и не цртани. Читањето е убаво ама за дете од 1 год малку е невозможно.Не те слуша па што ако читашСо директна комуникацијата најмногу учи.Подобро ти и ја раскажувај книгат покажувајќи и слики.Во градинка ми рекоа никако да не и велам повтори.Туку па ти кажа кола.А тоа кола ли е? А каква боја е колата? Па колку брзу вози колата? А кој ја вози колата? Итн 200 прашања за еден збор.Така ќе го научи. Исто за говорот е битна фината моторика .Правете вежби за фина моторика .Не знам дали оди? Ако оди почесто движење тоа исто е битно.Најтешкиот процес и најдолг процес е зборењето , ќе научи трпение спасение *каша попара ми е постот се надевам разбра нешто.
Од лично искуство, нема да има никаков проблем. Доколку дома продолжите да и зборувате само на македонски, а во градинка германски, ќе ги научи и ќе ги зборува двата јазици. Потешкотии се појавуваат доколку детето јазикот го слуша само од медиуми (нема комуникација, конверзација). Јас кога сум прозборела сум ги зборела двата јазици без никаков проблем.
Ние дома збориме хрватски и македонски, со гости и комшии германски. Од скоро и цртани почнав на германски да му пуштам. Совет од педијатар ни беше секој дома да го зборува исклучиво својот мајчин јазик со него, да не се обраќа еден човек еднаш мк, друг пат хр, трет на де. Македонски и хрватски разбира све дури ист збор како баци ме и ме бацува, а кога фрла топче кажува бации. Зборува релативно ок за возраста 2 години повеќе хрватски ( не дека е некоја разлика голема со мк), не многу како некој деца ама имаше доволен фонд на зборови на у7 кога бевме. Од Германски обавезно на комшиите им вика Hallo но повеќе не сум приметила дека разбира. Јас намерно до скоро не му пуштав цртани на де за прво нашите јазици да ги научи, кога бев сигурна дека не разбира почнав повремено. Нешто што ги читав по групите на фб мајките кажуваат во градинка за 3 месеци почнуваат да разбираат за 6 Да зборуваат. Он од 3 ќе почне во градинка и очекувам германскиот да му биде мајчин од примерите што ги гледам во околината.
Јас работам флексибилно па на калкулаторов сметав обратно како да стигнам до 9 дена одмор и испадна ако работам два дена неделно 8 дена одмор. Пиши на гугл minijob urlaub rechner и влези на било која страна. На мини џоб сум немала плус часови, а на целото работно време ги исплаќаат по некоја шема. Од октомври во јануари на пример. Не земаме слободни денови за прекувремените туку ги исплаќаат. Башка можеш да побараш неплатен одмор. Ние дома на македонски. Во градинка почна на 2 години. На две и пол знае цел говор на германски да одржи. До сега два пати барав збор на гугл не го знаев. Ги знае сите песнички од градинка. Ние и зборуваме македонски, таа ни враќа на германски. На македонски кажала помалку од еве 20 збора нека бидат. Тоа значи дека јас доволно не се потрудив или во градинка и е поинтересно па затоа. Колку објаснува на германски чудо е. @FreeMind мислам дека не треба ништо да и олеснуваш. Кога зборувате сами во градинка збориш македонски. Кога зборувате ти детето и негувателката на пример збориш германски. Ќе се изненадиш колку брзо ќе го усоврши германскиот. Кај нас значи покасно ќе почне со македонскиот ама очекувам до 4 најкасно да е на исто ново со двата јазика.