Конечно ги средивме визите за во Германија и ние. Сега ќе идиме со децата 2 и 4 год се, па дали знаете кој и дали би ни биле потребни некој документи од тука да си извадиме за било што таму да си носам, потврди за вакцини за нив или незнам можеби изводи... Доколку некоја знаете ве молам за одговор... И дали може да си ги преведам дипломите од факултет и средно или мора да имам одреден степен положено за да ми важат и таму. Засега имам само А1 во Гете.
Ајде честито нека ви се . Потврди за вакцини , интернационални изводи ќе ви требаат за киндер гелд , венчаница интернационална (мислам ) најдобро сите документи да си ги земете. Нека пише некој што е поминал по тој пат. Што имаш завршено средно и фак? На мене не ми бараа сертификат за јазик ми ја признаа дипломата. Треба со апостолие да ги преведеш па да ги завереш на нотар па потоа се праќаат.
Денес си дојде симпатијата од Шкотска.Замислите колку ми е симпатија што прв пат гледам дека имал светли очи.А и наблцот не го познав.
Фала ти многу Фала и на брзиот одговор. На овие интернационални изводи, венчаница треба апостил, заверка на нотар или не? Инаку средно фармарција со уверение за положен стручен испит, факултет Дипл. технолошко-технички инж. насока нутриционизам. А каде се праќаат потоа? Извини со прашањава, но незнам ништо
Венчаница, изводи се интррнационално мора да е вакцини исто препишани интетнационални за сите не само за децата. Дипломите имај си ги штто да не но ќе мора екстра тука да им правиш признавање познаничка со дипломирана на фармација факс плус работно искуство преку 15г во Србија оди сега на школо 2 г за да и го признаат школото т.е факсот воедно и работи т.е оди на пракса во аптека .
А дали се што ќе ваѓам изводи и венчаници интернационални треба да ги правам и со апостил печат и на нотар? Или нема потреба?
Ние денес многу долго бевме заедно. И гледам почнаа да ме оговораат. Ама јас држам растојание, тој ми рече со него да правам нешто. И сабајле ми вика alles klar gokerce пред сите, може ме сонувал па заборавил сабајле дека колеги на растојание сме Денес ме изнервира една колешка од Русија уствари истата де за шминката што ми рече ама не и вратив пак, ќе и наплатам се одеднаш И секој ден викам утре ќе му дадам знак и ништо ни а ни б, ладна шприцер Ај утре здравје може да се напијам еден аперол пред работа уствари што не е близок со мене му се свиѓам?
100%.Или оти си нова во фирмата. Мојот е под стрес ради организацијата што не ја почнал , а треба за два дена се да е готово и плус презентација треба да има. Дојде преска кај нас мислејќи дека сум си отишла, доаѓа секогаш кога си одам да збори со кол. Дојде и седна пред мене и така видов дека има зелено-сиви очи. Туку како ова германците кога се под стрес не се дерат чиста контра на нашиве.
И симпатијата е нов од март 2023, а јас декември 2023. Прв пат сме се виделе 23.10.2023 околу 13:00, изгледа кажав еднаш. Мм рече предосадна сум била не можел да ме слуша веќе, вика барем убав да бил па ајде, а овој мојов бил см’кнат и со мрсна коса. Косата така ја прави со гел понекогаш, не му е мрсна. Не знам дали кажав дека рече 39 години имал и јас реков јас имам 29, а 30 имам ама не ми се кажува ич дека имам 30, кој и да праша 29 викам. Многумина кажуваат иста работа по неколку пати па приметувам дека и јас почнав така. Следна фаза е најверојатно да повторувам нешто по неколку пати без да се сеќавам дека сум кажала. Сега сеуште се сеќавам добро е. Некако не можам да прифатам 30 дека имам. До 29 ок беше ама сега е чудно. Веќе никој не ми бара пасош. А првите години ми бараа тука. Морам да мислам и да се однесувам како 25. Туку вчера една колешка ме пешак а колку имам и викам 29, и таа вика многу млада, и и викам па ти колку имаш, вика колку мислиш, викам па мислев 30 ама дека рече јас млада 33 имаш, вика не, викам 35 36 повеќе не може, и ми кажува 45 имала некако многу младолики луѓе има тука. Јас мислев дека и таа колку мене е.
Дипломите заверени се праќаат на анеркенунг се вика признавање или израмнување . Јас мојата ја праќав во бонн. Кога ќе дојдеш тука ќе закажеш термин во каритас , аво или др установа што ќе ти помогне бесплатно. Ќе ти кажат кои документи се потребни и каде точно се испраќаат бидејќи во секоја покраина е различно. За медицина најверојатно ќе ти бараат и сетификат б2. И зависи која диплома сакаш да ја нострифицираш. На оваа страна има повеќе anabin i na Anerkennung https://anabin.kmk.org/no_cache/filter/berufsabschluesse-public.html
Јас. Ама оти заборавам, а не ми текнува дека сум кажала, па сама си се препочитувам некогаш, дури и на иста страна стои . Старост ли е. Што ли е, не знам.
Умор е твоето.Јас од умор дури ги заборавам зборовите.Почнувам со зборот и толку не знам понатаму.Ова ми се случуваше на 25-26год кога работев по 12ч.Ова пак ми се случи пред некој месец ама не беше ни на пола од предходното. Исто и јас заборавам од умор.
Здраво, Имам познат скоро дојден во Германија со виза. На работа секојдневно има мобинг па сака да ја смени работата. За да се смени работа потребна му е нова работа, што е најдена ама во друг град. Сега во кој град треба да се бара цуштимунг за промена на работодавач, таму каде што работи сега , или во другиот град? И дали некој знае колку трае процедурата?
Абе само што ги насадив жардињерите, и само што ми пркнаа семињата, логички дека снег падна... Ај падна пред скоро месец, али она само залажа. Али денес лапавица, се си мислам ќе не затрупа, ко у Баерн вчера... А се смрзнав синоќа, едвај заспав. И чорапи и дукс облеков, едвај се згреав. Али ај, памтам првата година коа дојдов, Мај не затрупа, а не па ова. Само за цреќињава ми е жал. И пуштив греење... Среќа иам цела година, па никад не ми е ладно. Многу сум станала нежна од коа дојдов Немачка. У Македонија на минус спиев со отворен прозор увек... Се додека не почнат астероиди да паѓаат, више ништо не ме чуди.
Ненормално време, права зима, кај нас цела вечер врнеше снег, ама сега престана. Со тоа и дете болно. Луѓе нашата педијатарка наредната година ќе ја затворила ординација, рече дека сеуште не знае која докторката ќе ја наследи, е сега автоматски ќе не превзема новата докторка или мора да си бараме нов педијатар?